Контакт

Македонија

Вчера се вакцинирале 13.303 граѓани

Објавено пред

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани, а се вакцинирале вкупно 13.303 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.207.515 дози вакцини, а ревакцинирани се 511.989 граѓани, соопштијa здравствените власти.

Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 69% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 65% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 56% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од министерството. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Од таму апелираат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

Македонија

Фински образовни институции ќе ни помагаат во концептот за современо образование, најави Царовска

Објавено пред

Задоволство ми е што финските образовни институции ни подадоа рака и помагаат во имплементацијата на промените во основното образование кои ги започнавме со стартот на новата учебна година и денес нивни претставници спроведуваат обука за ефикасно градење демократска училишна клима што ќе помогне во создавање генерации на ученици кои ќе бидат гласни во општеството и преку креативно и критичко размислување ќе придонесуваат кон неговиот развој. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на отворањето на обуката за поттикнување и проценка на партиципативна училишна клима која е наменета за директори, наставници и стручни соработници во училишта, а ја организира МЦГО со поддршка на УСАИД. Предавачи на обуката се претставници на Финската национална агенција за образование.

„Оваа обука се организира во вистинско време. Токму кога навлеговме во имплементацијата на промените кои ги предвидува нашиот автентичен концепт за унапредување на квалитетот на основното образование кој на младите треба да им овозможи стекнување на вистински вредности што всушност и треба да ги поседува секој европски граѓанин. За тоа е потребно напредно граѓанско образование, но и добра демократска училишна клима, која сите заедно, и институциите на системот и директно раководствата и вработените во училиштата треба да ја создадеме“, рече Царовска додавајќи дека, во постигнувањето на целта во голема мера ќе помогнат претставниците од Финска, чие искуство и препораки се и важни, затоа што, како што рече токму нивната земја успеала да го изгради еден од најквалитетните образовни системи во светот.

„Благодарна сум што Финска ни помага, а тоа сметам дека е резултат на нивното согледување дека како Влада и како држава во развој навистина се трудиме да ги следиме глобалните образовни трендови и сакаме да напредуваме, сакаме да создадеме подобри услови и образовни можности за младите“, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре дожд и опаѓање на температурите

Објавено пред

Од утре до четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури значително ќе опаднат. Во петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

За шест часа, казнети 95 пијани возачи

Објавено пред

Полицијата вчера казни 95 возачи кои возеле под дејство на алкохол, информира МВР.

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 22 до 04 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата при што санкционирани се 95 возачи. Од нив, 18 на територијата на СВР Битола, 17 на територијата на СВР Тетово…

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа17 минути

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Регион2 часа

(Видео) Серија земјотреси во Грција, урнати згради и други објекти

По силниот земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, што утрово го погоди грчкиот остров Крит, следеа неколку...

Европа3 часа

Тесна победа на Социјалдемократите во Германија, партијата на Меркел втора

Германските Социјалдемократи (СПД) изборија тесна победа на националните избори, покажуваат првичните резултати и освоија мандат да формираат влада првпат од...

Свет4 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечниот „локдаун“ за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во останатиот дел од...

Македонија5 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија5 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ19 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион20 часа

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија21 час

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Досие