Контакт

Македонија

Вчера се вакцинирале 14.230 граѓани

Објавено пред

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера се вакцинирале вкупно 506.033 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.770 граѓани, а се вакцинирале вкупно 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 56% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 46% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, велат од здравство. Додаваат дека процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 Арена, СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на таков начин ќе се победи вирусот.

Македонија

Црвенковски: Ако нашата идеја е: „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“, ниту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме

Објавено пред

Како поранешен Премиер и Претседател на Република Македонија имам право но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои согледувања се наоѓаме денес како држава и кои се политиките кои што треба да ги спроведуваме во иднина, истакна во својот говор поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Свечениот научен собир во МАНУ на тема: „Современата македонска држава-две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој:1941-1991/1991-2021 година“

„Се направија крупни грешки“, рече Црвенковски.

„Со денешниве сознанија и искуства, со оваа памет, сигурно дека многу работи јас лично би ги направил сосема поинаку. Но за жал, како во приватниот живот така и во политиката времеплов непостои. Без разлика што ниедна од тогашните одлуки не беше донесена со лоши намери,туку верувајќи во тие и такви тогашни околности, дека се правилни, од денешен аспект гледано негативните последици мора да се признаат. И за успесите кои беа постигнати но и за грешките кои беа направени во периодот додека бев Премиер носам целосна одговорност“, истакна поранешниот претседател.

Оцени дека станавме членка на НАТО, но заради позициите на Бугарија, како што рече, не можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ.

„Јас не би ставил знак на еднаквост помеѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен. Мантра која постојано ја слушаме од страна на актуелните политичари во нашата земја е: „Полноправното членство во ЕУ е нашата единствена опција за која не постои алтернатива. Не постои и воопшто не размислуваме за план Б.“ Го поставувам прашањето, а што ако не заради нас, не затоа што ние не сакаме или не сме спремни да ги спроведуваме неопходните реформи и да ги исполнуваме неопходните критериуми, туку затоа што самата ЕУ реши да нема понатамошно проширување, на пример затоа што ваква каква што е со постојните членки е недоволно функционална и ефикасна, дека евентуално нови членки дополнително ќе го усложнат и онака премногу компликуваниот начин на одлучување и креирање на заеднички политики? А такви размислувања во рамки на Унијата веќе има. Што во тој случај ќе правиме ние за кои не постои друга алтернатива? Ќе се самоукинеме, ќе се самораспуштиме како држава? Или мора да најдеме алтернатива!“, нагласи Црвенковски.

„Ако нашата главна идеја водилка е: „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“, тврдам дека ниту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме. Зарем не е логично дека никој од надвор не може да биде повеќе заинтересиран од нас самите во каква држава ќе живееме и каква држава ќе оставиме на нашите деца и внуци“, беше потенцирано во говорот на поранешниот претседател.

Според Црвенковски, Македонија е корумпирана, внатрешно длабоко поделена и конфронтирана држава. Во Македонија, како што додаде, не е можно да се изгради консензус околу ниту едно стратешки важно прашање. Оценува дека, политичките партии меѓусебно не се гледаат како конкуренти, туку како непријатели кои треба да се уништат не бирајќи средства.

Изборите, смета Црвенковскии, без разлика од кој вид, не се третираат како фер натпревар кој е подобар, туку како гладијаторска борба во која победникот добива се, а поразениот ништо.

„Јас сум длабоко уверен дека вака внатрешно конфронтирани, раскарани и замразени, неспособни ниту да седнеме на иста маса, а камоли за нешто да се договориме, немаме никакви шанси да ја направиме Македонија поуспешна, попросперитетна, посакувана во неа да се живее и во неа да се верува“, рече Црвенковски.

Нагласи дека Македонија е држава која живее на кредити, притоа потсетувајќи на изреката „кој живее на кредит, умира на рати“.

„Да скратам, вака понатаму не може. Овој балон еден ден, порано или подоцна, ќе пукне, со сите катастрофални последици што од тоа ќе произлезат. На Македонија и е ургентно потребна една национална платформа околу која ќе се постигне широк општествен консензус и ќе биде задолжителна за спроведување за сите, без разлика кој ќе биде власт а кој опозиција, се додека клучните работи не бидат доведени во ред“, нагласи Црвенковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе допатува во земјава. Неа ќе ја пречека премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.

Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде ќе се одржи заедничка прес-конференција.

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија.

Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија.

Шефицата на Европската Комисија ќе го посети регионот една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот.

Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“ туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фински образовни институции ќе ни помагаат во концептот за современо образование, најави Царовска

Објавено пред

Задоволство ми е што финските образовни институции ни подадоа рака и помагаат во имплементацијата на промените во основното образование, кои ги почнавме со почетокот на новата учебна година и денес нивни претставници спроведуваат обука за ефикасно градење демократска училишна клима, што ќе помогне во создавање генерации ученици што ќе бидат гласни во општеството и преку креативно и критичко размислување ќе придонесуваат кон неговиот развој. Ова го истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, на отворањето на обуката за поттикнување и процена на партиципативна училишна клима, која е наменета за директори, наставници и стручни соработници во училишта, а ја организира МЦГО со поддршка на УСАИД. Предавачи на обуката се претставници на Финската национална агенција за образование.

„Оваа обука се организира во вистинско време, токму кога навлеговме во имплементацијата на промените што ги предвидува нашиот автентичен концепт за унапредување на квалитетот на основното образование, кој на младите треба да им овозможи стекнување вистински вредности, што всушност и треба да ги поседува секој европски граѓанин. За тоа е потребно напредно граѓанско образование, но и добра демократска училишна клима, која сите заедно, и институциите на системот и директно раководствата и вработените во училиштата, треба да ја создадеме“, рече Царовска додавајќи дека во постигнувањето на целта во голема мера ќе помогнат претставниците од Финска, чие искуство и препораки се и важни затоа што, како што рече, токму нивната земја успеала да го изгради еден од најквалитетните образовни системи во светот.

„Благодарна сум што Финска ни помага, а тоа сметам дека е резултат на нивното согледување дека како Влада и како држава во развој навистина се трудиме да ги следиме глобалните образовни трендови и сакаме да напредуваме, сакаме да создадеме подобри услови и образовни можности за младите“, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа58 минути

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Европа3 часа

Тесна победа на социјалдемократите во Германија, партијата на Меркел втора

Германските социјалдемократи (СПД) изборија тесна победа на националните избори, покажуваат првичните резултати и освоија мандат да формираат влада првпат од...

Свет4 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија6 часа

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија6 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ20 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион21 час

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија21 час

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија1 ден

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа1 ден

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија1 ден

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија3 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Досие