Македонија
Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале да извршат преглед врз Јовановски и дека некои од колегите се шегувале со неговата здравствена состојба.
„Адвокатот го има наодот од прегледот, проценка е дека е потребно да се направи колоноскопија, што кај најголем број пациенти се прави во амбулантски услови. Со образложение дека во притвор нема услови за прочистување, адвокатот на Б.Ј. бара тоа да биде направено во хоспитални услови, за што одлучува Судот“, велат од Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија.
Оттука нагласуваат дека на Јовановски му бил закажан преглед во понеделникот (18.11.), со план да се направи негова подготовка во болница, но тој не бил донесен на Клиника.
„Истакнуваме дека внимателно ќе бидат разгледани новите медицински информации на пациентот, што за Стручниот колегиум на Клиниката, сепак, е најбитно и дека ќе биде постапено согласно неговата здравствена сосотојба, како што налага медицината базирана на докази“, се додава во соопштението на Универзитетската клиника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Мотивацијата и храброста на Јане е инспирација за олеснување на животот на луѓето со ретки болести

„Покажавме дека ако се сака, сè се може, мораме да наоѓаме начини да им помогнеме на нашите деца, на младите, да видат дека државата се грижи, дека е тука заради нив, да им помогне и да останат тука, заедно со своите роднини и пријатели да ја градат нашата иднина“, му рече премиерот Заев на младиот Јане Велковски на денешната средба во Владата, на која присуствуваа и неговите родители и министерот за здравство, Венко Филипче.
Единаесетгодишниот Јане е едно од седумте лица со спинална мускулна атрофија (СМА), за кои државата го обезбеди лекот „Спинраза“, најсовремена терапија во светот за лекување на оваа болест и тој веќе прими две терапии, од лекот кој како што информираа неговите родители има одлични резултати за запирање на прогресијата на болеста. Јане Велковски на јавноста и е познат и како говорник на Глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк, по повод Светскиот ден на детето, каде како претставник на децата од нашата земја, упати порака дека сите се еднакви и треба така и да го живеат животот, без бариери и ограничувања.
Јане порача дека навистина е среќен што се лекува во својата земја и изрази задоволство дека не се исполнил предлогот на неговите родители да се иселат од земјава, во потрага по лекот за неговата болест.
Јане на премиерот Заев му подари топка, на која се испишани целите на „УНИЦЕФ“ и заедно со министерот Филипче разговараа за неговите впечатоци од учеството на самитот на УНИЦЕФ во Њујорк и средбите со славни личности. На премиерот Заев и министерот Филипче им подари и врамени фотографии од тие официјални средби со посвета.
Македонија
МАРГИНИ: Управата за матични книги се изживува со лицето Икс, не му дозволува промена на полот

Коалицијата МАРГИНИ информира дека Управата за водење на матичните книги на лицето Икс повторно му доставила решение со кое се прогласила за ненадлежна да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција, со што, како што велат, ја погазува пресудата против Македонија на Европскиот суд за човекови права.
Од коалицијата потсетуваат дека и покрај тоа што уште во 2011 година транс лицето добило одобрение од Министерството за внатрешни работи за промена на името и презимето во личните документи, Управата го одбила неговото барање за промена на ознаките за пол и матичниот број. Од 2011 година случајот трипати се нашол пред Управниот суд, при што судот во два наврати ја усвоил тужбата на транс лицето и ја задолжил Управата да донесе законито решение врз основа на домашното законодавство и праксата на Европскиот суд за човекови права, односно пресудата „Х против Северна Македонија”.
„Управата продолжува да се прогласува ненадлежна спротивно и на одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен со која се потврдува дека токму Управата има надлежност да постапува во конкретниот случај, посебно имајќи предвид што досега Управата изврши промена во три други случаи. Врз основа на тужбата поднесена од правниот тим на Коалицијата МАРГИНИ и лицето Икс, во јануари оваа година Европскиот суд за човекови права донесе одлука против државата со која се утврди повреда на правото на приватен живот, а Управата при Министерството за правда беше посочена како одговорна за повреда на правото поради донесување на произволни одлуки во врска со барањето за промена на податоците. Во јуни оваа година, Владата ја задолжи Управата да постапи според пресудата на ЕСЧП и во најкраток рок да одлучи позитивно, и да дозволи промена на ознаката за пол. Очигледно, г-инот Јетмир Фета и неговиот тим не се согласуваат со овие одлуки, или пак со нечија партиска надлежност се сметаат за Богови, па и покрај утврдената повреда на правата на страна на лицето Икс, одбиваат да ја спроведат пресудата“, велат од Коалицијата.
Од таму велат дека Управата, односно Јетмир Фета е директно одговорен за штетите што ги трпи лицето Икс и продолжува да го отежнува неговото секојдневно живеење. „Како резултат на ваквите произволни одлуки на кафкијански службеници, лицето Икс не може да се вработи и да заработува за живот без да го открие својот родов идентитет и да трпи дополнителна штета; не може да патува надвор од границите на државата, да добива, без страв и ризик од навреди и осуда, услуги во различни институции, да се движи слободно и еднакво како секој граѓанин на оваа, претпоставено, демократска земја“, велат од МАРГИНИ.
Од таму бараат итна и неотповиклива промена на раководството на Управата и, како што велат, прекинување на молкот и толерирањето на вакви поединци кои газат врз правниот систем единствено како резултат на меѓупартиски договори во владината коалиција.
Македонија
Данев: Власта да ги поддржи измените на Законот за јазици

Владината коалиција не смее да си поигрува со европската иднина на државата и треба да ги поддржи предлог измените на законот од ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе значат усогласување на Законот за употреба на јазиците со препораките на Венецијанската комисија, изјави Драган Данев, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венецијанската комисија во своите препораки е децидна дека законските решенија ја надминуваат Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Тоа што е опфатено со законот не е европска пракса!
Решенијата во Законот за јазици се неприменливи и го нарушуваат основното право на правично судење во разумен рок. Венецијанската комисија утврдува и дека треба да се ревидира членот 3 кој ја регулира интерната и институционалната комуникација или истиот да се одложи.
Венецијанската комисија препорачува и ревизија на законот секое лице, вклучувајќи ги и оние кои не живеат во локалната заедница да користат друг официјален јазик.
На крај Венецијанската комисија смета дека треба да се сменат или одложат одредбите кои предвидуваат санкции. Од тие причини ние ќе предложиме суштински измени на законот кои ќе го доведат истиот во склад со европската практика.
Дополнително ја повикуваме власта да се води по Параграф 103 и да не ја користи скратената постапка за измени и дополнување на законот, туку расправата во однос на истиот да се одвива во редовна постапка, како ќе може да се исцрпат сите аргументи.
Обврска на власта е да ги прифати предложените измени од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во нив ќе биде преточена европската пракса и препораките на Венецијанската комисија.
Власта треба да ги прифати предлог измените од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи почитувањето на препораките на Венецијанската комисија е услов согласно францускиот нон пејпер за добивање датум за отпочнување на преговори со ЕУ.
Власта да не си поигрува со европската иднина на Македонија и да се издигне над коалициските интереси“ истакна Данев.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми