Контакт

Македонија

Герасимовски: Конкурсните решенија за „Треска“ не се финални проекти, туку само идеи, неусогласени со ДУП-от и законите

Објавено пред

Трите конкурсни решенија за просторот кај „Треска“, кои беа направени набрзина, не може да се применат во целост бидејќи не се усогласени со ДУП-от, како и со имотно-правната сопственост, односно не се во согласност со важечките законски прописи. Не постои закон со кој се утврдува конкурсно решение да биде вметнато во ДУП-от, а во случајот не станува збор за финални проекти, туку само идеи или предлози за нешто што би можело да се направи на локацијата.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ги наследи овие конкурсни решенија, кои беа распишани по барање на претходниот Совет во Општината пред тој да стапи на функцијата. По преземањето на функцијата, Герасимовски направил широка консултација со службите и правниот сектор за овие решенија и нивната применливост. Конкурсот, иако бил распишан по барање на претходниот Совет, никој не проверил дали очекуваните конкурсни решенија законски е возможно да бидат целосно вградени во идни плански документи.

„Овде имаме ситуација каде што предложените решенија воопшто не кореспондираат ниту со сопственоста ниту, пак,  идејните решенија кореспондираат со актуелниот ДУП. Во суштина, ќе се направи обид да се искористи максимум од идејните решенија, но не може да се применат во целост, односно во постапката за донесување ДУП Градска четврт З-11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2 секако дека ќе се земат предвид конкурсните решенија, но крајното решение за овој опфат ќе се решава интегрално како дел од опфатот на целиот ДУП, а ќе зависи и од другата законска регулатива што имаме обврска да ја почитуваме, како и параметрите од ГУП на Град Скопје“, вели Герасимовски во интервју за „Локално“.

Дека трите конкурсни решенија не може да бидат вградени во идните плански документи, констатирала и жири-комисијата, која ги оценувала конкурсните идејни проекти, вели градоначалникот на општина Центар.

„Како што е евидентно и во самиот извештај, сите три понудени идејни решенија на конкурсот не соодветствуваат со зададените параметри, при што дури и прворангираното идејно решение ја надминува дозволената катност за 3 ката (предвидува комбинирана катност од четири и осум ката); второрангираното предвидува станбени блокови со шест ката и станбени кули со дури седумнаесет ката, а во треторангираното предвиден е вертикален елемент – кула од 71 метар со намена хотел. Наспроти ова, на опфатот ‘Треска’, ДУП-от предвидува максимална катност од приземје плус 5 ката или максимална висина од 16 метри. Иако висината не е единствениот параметар што се гледа урбанистички, сепак понудените конкурсни решенија излегуваат од важечката регулатива поради што може да се користат само во делови“, изјави градоначалникот.

Герасимовски вели дека идејните конкурсни решенија веќе биле достапни во јавноста, освен на страницата на Општината, каде што беа објавени, тие може да се најдат и во интернет-просторот, како, на пример, на страницата на „Македонска архитектура“ на следниот линк: https://marh.mk/izvestaj/ заедно со нивна визуализација, како и целосниот извештај на жири-комисијата за избор на идејно решение.

Македонија

Без вода делови од Центар

Објавено пред

Делови од Центар утрово ќе бидат без вода поради изведување водоводен приклучок Ф 150.

dobivaj vesti na viber

Прекинато водоснабдување ќе има дел од булеварот Кочо Рацин, Светозар Марковиќ, Крушевска Република и Веро Џамбо.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров до Ковачевски: Не е точно дека земјите членки на ЕУ ја оправдуваат уцената на Бугарија со историјата

Објавено пред

Никола Димитров ја критикува изјавата на премиерот Ковачевски дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата.

dobivaj vesti na viber

„Изненадува изјавата на премиерот Ковачевски, кој вели дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со историјата. Прво, тоа воопшто не е точно. Од каде му е тој впечаток на премиерот!? Јас постојано сум во земјите членки во последните години, и од позиција на министер, ама и сега, и ниту гледав ниту гледам разбирање за анахроните антиевропски бугарски позиции. Впрочем, поплаките во Софија дека нема доволно солидарност кон нив и дека не се разбрани се јавна тема кај комшиите веќе подолго време. А на истата линија беа и обвинувањата кон мене директно од Софија оти практично им ги разобличував тезите обезбедувајќи да бидат осамени во небулозите. Изјавата на Ковачевски е во најмала рака невнимателна. Но, исто така може да биде и опасна и лесно да биде злоупотребена како притисок токму врз македонските позиции оти оди на линија на Радев, кој упорно пласира вакви тези веројатно терајќи домашна политика со прашањето.

Конечно, македонската Влада и дипломатијата мора повторно да се разбудат и да продолжат да ги разобличуваат анахроните обиди и аргументи за разнебитување на македонскиот идентитет, што речиси целосно се поклопуваат со рускиот наратив за Украинците, без разлика што тоа можеби нема да им се допаѓа на носителите на оваа политика во Софија.
Бидејќи пријателство изградено на криви основи, едноставно нема да опстои. Бугарија има подобра преговарачка позиција бидејќи е земја членка, но токму затоа не смееме да престанеме да потсетуваме дека на наша страна се принципите, европските вредности и меѓународното право. И да се бориме за нив. И да бараме помош кај другите земји членки бидејќи се бориме и за образот на Унијата. А не да се навлекуваме на бугарските тези дека поведението им е прифатено и поддржано, па ние ќе се срамиме и ќе се стегаме гласно да викнеме дека ни се газат основните права и достоинство? Или ќе направиме Радев да се срами кога вели дека ЕУ не смеела да го легитимира македонизмот“, напиша Никола Димитров на својот фејсбук-профил.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Интервју) Александар Николоски: Бројката што ќе излезе на големиот митинг ќе биде доволна порака до власта

Објавено пред

Наместо дијалог на маса, ние добивме во најлоша смисла на зборот едно балканско мачовистичко одбивање на нашиот предлог и немаме друг избор, освен да го правиме ова што го правиме, а тоа се активни блокади во Собранието и голем сенароден протест на 18 јуни, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Макфакс“.

dobivaj vesti na viber

Најави дека ова ќе биде најголемиот протестен собир што е виден во Македонија во последната деценија.

„Секако дека ќе има и други чекори во следниот период, но главен фокус е големиот протестен митинг по кој јас очекувам дека, конечно, со власта ќе седнеме и ќе ги договориме работите за кои зборуваме, пред сѐ, за датум за предвремени избори“, вели Николоски.

Потенцира дека првпат со овој претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква комуникација.

Николоски во интервјуто нагласува дека не е оптимист за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

„Сега имам чувство дека Бугарија им служи само како изговор на неколку земји членки на ЕУ, пред сѐ, од помоќните, кои не се убедени дека Македонија треба да почне преговори со ЕУ. Да има друга одлука, еден дипломатски тешкаш ќе отиде во Софија и ќе си ја заврши работата. Тоа, од друга страна, покажува дека нема доволно притисок врз Бугарија“, оценува Николоски.

Појаснува дека идеjата на францускиот претседател Емануел Макрон за паралелна европска заедница е многу лоша.

„Идејата на Макрон за нас е многу лоша. Не е симпатично за Македонија да е во друштво на Косово, БиХ, Албанија, Србија, Молдавија, Грузија и на Украина“, рече Николоски.

За актуелните снимки од Собранието и однесувањето на собранискиот спикер Талат Џафери, за тактиките на помалите политички партии, дали се надминати минатото и расколот во ВМРО-ДПМНЕ, одговара потпретседателот на најголемата опозициска партија, Александар Николоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Димитров до Ковачевски: Не е точно дека земјите членки на ЕУ ја оправдуваат уцената на Бугарија со историјата

Никола Димитров ја критикува изјавата на премиерот Ковачевски дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со...

Европа11 час

Шолц: Можна е измена на договорот за ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не ја исклучува можноста за измена на договорот за Европската Унија, договорот од...

Македонија11 час

(Интервју) Александар Николоски: Бројката што ќе излезе на големиот митинг ќе биде доволна порака до власта

Наместо дијалог на маса, ние добивме во најлоша смисла на зборот едно балканско мачовистичко одбивање на нашиот предлог и немаме...

Свет12 часа

Земјите од Г7 одвоија 18,4 милијарди долари за помош на Украина

Седумте најразвиени земји во светот (Г7) издвоија 18,4 милијарди долари за трансфери и заеми за да ѝ помогнат на Украина...

Економија13 часа

Пендаровски: Со исполнување на приоритетите на „Македонија 2030“ ќе создадеме услови за одржлив раст и развој

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на затворањето на 11. издание на самитот „Македонија 2025“, на кое годинава во фокусот...

Македонија15 часа

МНР го поздрави повикот на ЕП за надминување на билатералните прашања надвор од пристапниот процес

Министерството за надворешни работи го поздравува усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија на денешната пленарна седница...

Македонија16 часа

Ковачевски: Сопругата е родена во Крива Паланка, во однос на предците јас не можам да коментирам такви детали

Додека бугарскиот весник „Труд“ тврди дека Елена Ковачевска, сопруга на Димитар Ковачевски и нејзините дедо и татко се Бугари, премиерот...

Европа17 часа

Полска: Ќе им помогнеме на Шведска и Финска доколку некој ги нападне

Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО, изјави денеска...

Македонија19 часа

Архиескопот Стефан во Белград: Денешниот чин е лек со кој се залечува раната на телото на црквата

Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија, рече архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во...

Регион19 часа

Младиот човек чие тело беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш, позната е и причината за смртта

Младиот човек чие тело е пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Според српски „Телеграф“, ДНК анализата докажала дека се работи...

Македонија21 час

Град Скопје со поддршка на 116 проекти oд 13,5 милиони денари за спортот и образованието

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град...

Македонија21 час

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

Во време на светска економска и енергетска криза постигнавме договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15...

Македонија22 часа

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

Европските претставници од сите групи на ЕУ ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералните разлики, објави...

Свет22 часа

ОН: Светот би можел да се соочи со глад што ќе трае со години

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите нации. Генералниот секретар Антонио...

Свет23 часа

(Видео) Буш: Инвазијата на Ирак беше неоправдана… грешка, мислев на инвазијата на Украина

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак брутална и неоправдана, а потоа се поправи велејќи дека всушност...

Македонија1 ден

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

Поглаварот на Српската православна црква Порфириј доцна синоќа го пречека македонскиот – господин господин Стефан и тројца највозрасни митрополити. Тие...

Свет1 ден

Позната листата со барања на Турција, ниедно не е поврзано со Русија

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша...

Регион1 ден

Генчовска: Нашиот став нема да се промени, не сме на фудбалски натпревар

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на...

Свет2 дена

Русите објавија дека имаат ново моќно ласерско оружје и дека тоа е веќе во Украина

Русија денеска откри дека користи нова генерација моќно ласерско оружје за палење дронови во Украина. Исто така, објави дека распоредува...

Македонија2 дена

Ковачевски – Макрон: Нема време за губење

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кому му ја честита победата на претседателските...