Контакт

Македонија

Германската амбасадорка загрижена како без пасоши ќе се вратат Македонците што работат таму; Тошковски порача: ни требаат законски измени како со возачките

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот, Назим Буши, остварија работна средба со германската aмбасадорка, Петра Дрекслер.

На средбата Тошковски ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење лични документи, ја образложи потребата од итно носење измени во Законот за патните исправи по примерот на оној со возачките дозволи во делот на запазување на техничките рокови, со цел навремено спроведување на потребните процедури за набавка на патни исправи и, секако, почитување на меѓународното право и основното човеково право на слободата на движење.

На средбата амбасадорката Дрекслер изрази загриженост за големиот број македонски државјани што не поседуваат нови патни исправи, а кои се на привремена работа во Германија. Оваа категорија луѓе, доколку одлучат да се вратат назад со цел вадење нова патна исправа и доколку не успеат навремено да ја извадат поради техничката неможност во моментот, тие не би можеле да се вратат назад во СР Германија со старата патна исправа. За ова прашање, министерот Тошковски повторно истакна дека во моментот единственото решение е носењето на измените Законот за патните исправи.

На крајот од средбата соговорниците оставија простор и за потврдување на заложбите за интензивирање на меѓусебната соработка, особено во борбата со организираниот криминал, а воедно министерот Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и големиот број донации и обуки за Министерството за внатрешни работи, особено за граничната полиција.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт4 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт4 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет6 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет6 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет6 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава7 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт7 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...