Контакт

Македонија

Германскиот амбасадор на средба со Заев: Македонија има поддршка од Бундестагoт за своите евро-атлантски цели

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев претпладнево се сретна со Томас Герберих, амбасадор на Република Германија во Република Македонија. Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле поздравени реформските чекори на Република Македонија и добрососедските односи кои водат кон остварување на стратешките евро-атлантски цели на државата.

Германскиот амбасадор на средбата ја пренел поддршка од Република Германија за евро-атлантските аспирации на Република Македонија информирајќи дека Македонија ја има мнозинската поддршка и од германскиот Бундестаг за пристапување на земјава во Европската Унија.

Герберих соопштил дека пратениците од германскиот Бундестаг се вратиле во Германија со позитивни импресии од посетата на Македонија за конструктивните политики низ кои се решаваат прашањата важни за напредок на Република Македонија.

„Владата е цврсто определена кон политики што ќе овозможат квалитетен реформски процес за доброто на граѓаните и за отворање на перспективите кон ЕУ и НАТО. Очекуваме во следните три месеци поместувања на тој пат“, рекол премиерот Заев.

На состанокот се разговарало и за важноста на Дигиталниот самит, што ќе се одржи оваа недела во Скопје, како и за инвестициските можности што треба да придонесат кон економски развој на Република Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Меѓуверскиот дијалог е од големо значење за Македонија, порача американскиот заменик на помошник-државниот секретар, Мароко

Објавено пред

Од

Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот, претставен од националниот координатор Борче Петревски, придружуван од замениците Џеладин Ајвази и Златко Апостолоски, оствари работна средба со заменикот на помошник-државниот секретар на САД и шеф на Бирото за конфликти и операции за стабилизација, Пит Мароко, и неговите соработници.

Како што информираат од Владата, на работната средба се разговарало за приоритетите и иницијативите за спречување на насилниот екстремизам и напорите за зајакнување на регионалната соработка со земјите од Западен Балкан.

Била потенцирана и важноста за меѓуверски дијалог во Република Македонија.

Мароко, кој е во посета на Македонија во рамките на турнејата низ земјите од Западен Балкан, упатил честитки за чекорите што земјата ги презема во остварувањето на евро-атлантските аспирации, посебно потенцирајќи дека договорот со Грција е резултат на комплексни разговори и преговори.

Претставниците на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот и претставниците од Стејт департментот споделиле искуства од активностите што се преземаат за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам кои водат кон тероризам и се согласиле дека надминувањето на овие проблеми се врвни безбедносни приоритети за Република Македонија.

Како многу важна била оценета и соработката со земјите во регионот и вклучувањето на Македонија во регионалните програми за превенција на насилниот екстремизам.

Националниот координатор Петревски го запознал американскиот заменик на помошник-државниот секретар, Мароко, со конкретните активности што Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот ги презема во 2018 година, како и со приоритетните цели што се планираат за периодот 2019-2022 година.

Тој истакнал дека Владата е посветена на превенцијата и сузбивањето на овие закани со координирана акција и заедничка стратегија со стратешките партнери на Република Македонија, САД, земјите на ЕУ, како и соседите во регионот.

На средбата била оценета и важноста на двете национални стратегии за борба против тероризмот и за спречување насилен екстремизам, кои со придружни акциски планови беа усвоени на седницата на Владата на 6 март годинава.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на кој СДСМ сака да го промени Изборниот законик отвора можност за манипулации

Објавено пред

Од

Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната изјава на Александар Кирацовски од СДСМ.

Оттаму обвинуваат дека со ваквиот потег владејачката партија сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса овие измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата.

„Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните. Флагрантната злоупотреба на европското знаменце на закони што не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата“, сметаат од опозициската партија.

Додаваат и дека лажното подметнување на ставот на Венециската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, утврдени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за концептот за финансирање на политичките партии и Владата во согласност со договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес“, се наведува во партиското соопштение кое завршува со пораката дека криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Селмани: Слободните медиуми се кислород на секоја демократија, a нам ни треба многу кислород

Објавено пред

Од

Националниот совет за евроинтеграции денеска во Собранието одржа седница на која присуствуваше и еврокомесарот, Јоханес Хан, кој официјално го инаугурира почетокот на скрининг-процесот за подготвеноста на земјата за почнување на пристапните преговори. На седницата се обрати и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, кој е член на Советот како претставник на граѓанскиот сектор, а во името на македонските новинари испрати неколку пораки до присутните.

Обраќајќи се кон комесарот Хан, Селмани изрази задоволство што зајакнува свеста во Европската Унија дека Балканот е дел од Европа.

„Ве замолувам, во наредниот период во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, посветете повеќе внимание на медиумските реформи. Слободни и професионални медиуми се кислород на секоја демократија. Македонската демократија има потреба од многу кислород. Професионалните медиуми се најдобар лек против злоупотребите на секоја власт“, истакна Селмани.

Во пораката до власта претседателот на ЗНМ рече дека има промена во медиумите, но, како што оцени, тие промени се далеку од тоа да бидат одржливи.

„Ние како новинарско здружение соработуваме и ќе соработуваме со Вас, но мора да се договориме за неколку основни принципи. Мора да прекине политиката на неказнивост на насилството врз новинарите. Бројот на напади е намален последната година, полицијата новите напади ги расчистува поефикасно, но, за жал, досега ниту еден од насилниците не е изведен пред лицето на правдата. МВР тврди дека не може да ги обнови истрагите за старите напади врз новинарите од времето на претходната власт бидејќи тие се воделе непрофесионално, а во некои случаи биле уништени и докази. Ако не може да се обноват истрагите, тогаш можете да побарате кривична одговорност за раководителите во полицијата што воделе неквалитетни истраги и што уништувале докази“, истакна Селмани.

Во однос на политиката на неказнивост на напади врз новинари, тој кажа дека власта не треба да се крие зад Обвинителството.

„Новиот обвинител е избран од новата власт, седнете и разговарајте со него како да се забрзаат истрагите во кои новинарите се жртви“, рече Селмани, кој како погрешен го оцени и пристапот со реформата на јавниот сервис.

„Реформа нема да има со помалку пари за МРТ. Лани намаливте 40 отсто од буџетот на МРТ, сега со ребаланс ќе давате нови три милиони евра. Со тоа се потврди нашето укажување дека 12 милиони евра годишно за МРТ се премалку за да се зајакне независноста и да се подобри квалитетот на програмата. Системот на финансирање мора да биде ослободен од политички влијанија и тој не смее да зависи од волјата на Владата“, смета претседателот на ЗНМ.

Третата порака во своето обраќање тој ја упати до опозицијата.

„Немојте да го блокирате донесувањето на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги затоа што ве убедуваме дека предложените измени, со исклучок на моделот на финансирање на МРТ, се добри за медиумите. Вашиот глас ќе одлучи за изборот на новите управни органи во МРТ и Агенцијата за медиуми затоа што во законот е предвидено двотретинско мнозинство. Дозволете овој закон да помине затоа што имате многу други закони со кои можете да се пазарите со власта“, рече Селмани.

На крајот, тој се обрати и до колегите и посочи дека поголема слобода значи и поголема одговорност, па повика новинарите во својата работа верно да ги применуваат принципите на Кодексот на новинарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира изборот на ДИК за да нема референдум

СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО,...

Македонија5 часа

(Видео) Џафери не му даде збор на Димовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ лупаа на масите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на...

Македонија6 часа

Тројцата осомничени за смртта на Саздовски, наместо за насилство, ќе одговараат за убиство

Скопското јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за смртта на Никола Саздовски од „насилство“ во „убиство“. „Наместо за кривично дело...

Македонија7 часа

Градот Скопје троши половина милион евра годишно за одржување на фонтаните

Градот Скопје годишно троши од 25 до 30 милиони денари годишно или околу половина милион евра за одржување на фонтаните...

Македонија7 часа

Власта го забрза изборот на ДИК, бара изборни измени со ЕУ знаменце

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се...

Македонија8 часа

Владата предлага ДИК да се бира со апсолутно мнозинство

Владата пратила предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се...

Македонија9 часа

Кочан: „Покрај сувото гори и суровото“ – Случајот „Труст“ пред пресуда

Првообвинетиот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, во завршните зборови во кривичниот суд денеска рече дека покрај сувото гори и...

Македонија9 часа

(Видео) Никола Попоски: Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот

Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот, самите да направиме скриниг на институциите, порача денеска претседателот на Националниот совет...

Македонија10 часа

Мајката што го остави бебето пред Домот за доенчиња во Битола кривично ќе одговара

Полицијата поднесе кривична пријава против 17-годишната мајка од Желино која на почетокот на овој месец го остави своето новороденче пред...

Македонија10 часа

Разочарани сме дека Владата останува на ставот Водно да биде колатерална штета, порачаа граѓански активисти

Граѓанските активисти остануваат на ставот дека се против изградба на гасоводот низ парк-шумата Водно. Тие порачуваат дека не можат со...

Македонија11 час

Русија да разбере дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, порача Заев

По вчерашната информација на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени ги финансирале насилните протести против промена на името, денеска премиерот...

Македонија12 часа

(Видео) Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името. Тој порача дека...

Македонија12 часа

Османи назначен за шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

Иван Савидис негира дека им дал 300 000 евра на македонски политичари и навивачи

Рускиот бизнисмен Иван Савидис демантира каква било вмешаност во протестите против договорот за името во Скопје и негира дека платил...

Македонија12 часа

Иванов во официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија. Иванов во...

Македонија23 часа

(Видео) „Комитите“ побараа обвинението за смртта на Саздовски да се смени од насилство во убиство

Навивачката група „Комити“ на денешниот марш за Никола Саздовски порачаа дека очекуваат обвинението да се смени од насилство во убиство....

Македонија23 часа

Важно е да нема местенки и правдата да излезе на виделина, порача таткото на Саздовски

Полицајците не се виновни. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си заминеме, порача денеска од...

Свет1 ден

Трамп и Путин ја оценија средбата корисна и успешна – „Лошите односи се променија пред четири часа“

Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп се согласија дека денешните разговори во Хелсинки биле многу корисни....

Македонија1 ден

Опожарено возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола

Возилото кое рано утрово во Битола било опожарено е во сопственост на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола, Горан Козаров,...

Македонија1 ден

Лидерска средба до крајот на неделава

Запрени се преговорите меѓу политичките партии за Законот за финансирање на партиите, изборот на ДИК и за техничка влада. Овие...

Досие