Контакт

Македонија

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

Објавено пред

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција!“ „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, ова се дел од транспарентите што ги носеа учесниците на маршот на семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се одржува во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Пред Јавното обвинителство тие побараа оставка од повеќе поранешни и актуелни функционери, обвинители, директори, градоначалници…

„Дали Зоран Заев е затворен, дали Крсто Муковски е затворен. Учесниците од 24 април 2017 може да ги прогласат за терористи со илјадници години затвор, а дали направиле некаква ревизија во дискотеката. Тие се соучесници затоа што го криеле криминалот. Вие сте узурпатори, не сте вие државата, ние сме државата. Ве плаќаме илјадници евра да правите криминали“, рече Владимир Апостолов, таткото на едно од загинатите деца.

Тој потоа читаше имиња и презимиња на актуелни и поранешни министри во МВР, во Министерството за економија, директори во Државниот пазарен инспекторат, директори во Дирекцијата за заштита и спасување, кои, според него, требало да бидат уапсени, а не се.

„Не знаат кој да апсат, имам список кои се највиновни – од Јавното обвинителство – господинот Коцевски, кој ќе го апси него, кој ќе го апси Љубомир Јовевски, дали се уапсени – не се уапсени. Панче Тошковски, кај се началниците што ги постави Тошковски. Дали се во затвор тие началници – не. Пред него Оливер Спасовски дали е приведен, не е, Наќе Чулев, Нухиу, Чавков, Јанкулоска – дали се уапсени – не. И министрите за економија, и директорите од Државниот пазарен инспекторат, и од Дирекцијата за заштита спасување. И градоначалниците на Кочани –  не знаеле за тоа што се случува? Барем една проверка да направеа, еднаш да санкционираат“, рече Апостоловски.

„Повикуваме сите да излезете од Собранието, пуштени се некои ботови од родителите да го контаминираат овој наш марш. Не плашете се, не сме вооружени, дојдовме со срце затоа што ни убивте сè, ама не нè убивте и нас. Партијата не ве плаќа, ние ве плаќаме, напуштете ја оваа институција, еден по еден да си одите дома кај вашите деца – не плашете се, не сме терористи, само одете си. Тешко ќе се докажело кој е крив, ако е тешко, ако не ве бидува, марш, гитла“, рече Апостоловски пред зградата на Јавното обвинителство.

Тој праша што повеќе може да ни земат од ова. „И нашите души ни ги зедоа со душите на децата“, рече Апостоловски.

Маршот продолжува кон Собранието.

Македонија

Делови од Сарај, Карпош и Чучер Сандево денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08.15 до 12.00 часот, корисниците од село Крушопек и Рекреативниот Центар Сарај. (општина Сарај)

· од 09.00 до 12.00 часот,корисниците во околината на ул. Женевска бр. 15. (општина Карпош)

· од 09.00 до 15.00 часот,корисниците во околината на Авто Сервис – Милошевски во с. Глуво. (општина Чучер Сандево)

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со мала локална облачност, максималната температура до 34 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредните денови

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од средината на седмицата ќе има зголемена облачност и услови за локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Објавено пред

Поради зголемен обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи од 08.00 до 18.00 часот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Целта, како што појаснуваат од МВР, е да се одговори на сите барања на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа наскоро“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја...

Свет44 минути

Ирански медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али...

Свет1 час

Израел: Го нападнавме седиштето на елитната единица на Иранската гарда во Техеран

Израелската војска објави дека нејзините борбени авиони извршиле напад врз седиштето на Кудс силите во Техеран, тврдејќи дека таму се...

Свет2 часа

Иран: Не сакаме да преговараме за прекин на огнот додека сме под израелски напади

Иран им соопшти на посредниците Катар и Оман дека не е отворен за преговори за прекин на огнот додека е...

Свет2 часа

(Видео) Четворица мртви, десетици повредени во ракетните напади врз Израел во текот на ноќта

Четири лица – две жени и двајца мажи – беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите...

Свет2 часа

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот меѓу Иран и Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран, како што...

Свет2 часа

(Видео) Иранците масовно бегаат од Техеран: „Ова не е моја војна“

По израелските напади врз Техеран вчера, многу жители се обидуваат да избегаат од градот и да побараат засолниште во пооддалечени...

Свет12 часа

Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да...

Свет15 часа

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и...

Македонија16 часа

Алиу: Aко влезете во чекална на Онкологија тоа личи на се, само не на Клиника која треба да која треба да лекува такви пациенти

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава,...

Свет17 часа

Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС...

Македонија18 часа

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на Израел и враќање во Македонија

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани...

Македонија20 часа

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија...

Свет22 часа

Израел испрати предупредување за евакуација

Израел  започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку...

Свет24 часа

Конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во опасна фаза, а ова се најлошите сценарија, светот би бил во пламен

Засега, борбите меѓу Израел и Иран се чини дека се ограничени на двете нации. Имаше широки повици за воздржаност во...

Свет1 ден

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел

Иран ноќеска започна нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинаа најмалку осум лица, а над...

Свет2 дена

Убиени политичарка и нејзиниот сопруг во САД, ранети сентатор и неговата сопруга

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави дека поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Мелиса Хортман, и нејзиниот сопруг, Марк, биле убиени...

Економија2 дена

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,...

Топ2 дена

Маж нападнал девојче со нож, полицијата пукала за да го спречи, но тој избегал

Велешката полиција вчера попладне испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух во обид да го спречи нападот од 23-годишно лице кое...

Економија2 дена

Мицкоски: Земјоделците се херои на денешницата, Владата останува посветена на нивната поддршка

На манифестацијата „Од нива до трпеза“, која денеска се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски упати јасна порака за поддршка...