Контакт

Македонија

„Глас за Македонија“: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа!

Објавено пред

Поради крајна неодговорност која ја демонстрира во целиов период додека трае кризата со епидемијата поради која имаме една од најголемите смртности во светот, која на крајот резултираше со страшна смрт на 14 пациенти во модуларната болница во Тетово, „Глас за Македонија“ бара од Владата разрешување на министерот Венко Филипче во рок од 24 часа.

„Во цивилизарани земји оставка се дава од морални причини, но и да не се влијае на истрагата. Бидејќи тој не дава оставка, сега и веднаш, Владата мора да го разреши. Бараме итно испитување на одговорноста и на сите вклучени во синџирот: од противпожарната заштита на болницата, производителот на ваквите модуларни болници, до одговорните во фирмата која издала лиценци за овие болници.

Колку е цинична изјавата на Министерот кој кажува дека насекаде во светот биле исти модуларните болници! Зарем има такви кои горат за неколку минути? Зарем смеат пациенти да се сместуваат во такви пластични канти?

Ова е крајна негрижа, крајна неодговорност на целата Влада и на партиските институции на системот“, додаваат од „Глас за Македонија“.

Македонија

Македонија е лидер во зелената енергетска трансформација во Западен Балкан, изјави министерот Бектеши во Варшава

Објавено пред

Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и е приоритет за Владата за обезбедување на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија. Како држава-кандидат за полноправно членство во Европската унија сме исправени пред предизвиците за ефикасното спроведување на сериозни реформи во економскиот сектор од кои особено значење за има енергетиката, а како членка Енергетската заедница ја следиме енегетската политика на ЕУ со што целосно ги имплементиравме директивите и регулативите на ЕУ за енергетика.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска се одржа денеска во Варшава, Република Полска.

Министерот во своето излагање за реформите кон зелена енергетска транзиција на Северна Македонија истакна дека новиот Закон за енергетика е целосно усогласен со ЕУ регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување.

„За овие наши активности Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеност за сето она што го направивме во енергетскиот сектор кон целосна енергетска трансформација во зелена енергија како прва земја на Западен Балкан што го стори сето тоа“ кажа министерот Бектеши.

Министерот информираше дека Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година беше донесена на крајот на 2019 година и разработува три сценарија – референтно сценарио, сценарио со умерена транзиција и зелено сценарио, кои одразуваат различна динамика на енергетска транзиција и овозможуваат флексибилност на земјата да одговори на соодветните политики за управување во ЕУ, кон модерна, конкурентна и климатски неутрална економија до 2040 година.

„Интегрираните резултати од Зеленото сценарио од енергетската стратегија во 2025 година покажуваат значаен напредок кон енергетската транзиција. Според ова сценарио, во 2025 година се предвидени заштеди во финалната потрошувачка на енергија од 12,7%“ кажа министерот Бектеши и додаде дека Националниот план за енергија и клима ја става Северна Македонија како прва членка на Енергетската заеница која што го изработи ваков документ.

Со тоа ја покажуваме сериозната заложба на земјата да биде во чекор со европските енергетски и климатски трендови, кажа министерот Бектеши во своето обраќање пред министри и високи претставници од 25 земји кои што присуствуваа на Министерскиот состанок.

„Вкупната вредност на инвестициите во енергетскиот сектор, предвидени Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 изнесува околу 4,2 милијарди евра и се однесуваат на покрупни инфраструктурни проекти кои претставуваат дел од вкупно предвидените инвестиции во енергетскиот сектор на Северна Македонија. Од друга страна планираните јавни инвестиции во енергетиката во периодот 2021 – 2025 година изнесуваат околу 390 милиони евра, што укажува дека јавните инвестиции во секторот на енергетика се мали по обем и дека придонесот на другите извори на финансирање ќе биде клучен за реализација на Стратегијата за енергетика“ потенцираше министерот Бектеши.

Министерот на крај потенцираше дека иницијативата за конкурентна и климатски неутрална економија на секоја земја почнува од нашето размислување за тоа како ќе изгледа иднината.

„Важно е какви мерки преземаат владите и дали ќе бидат доволно добри за да го заштитат нашето здравје и благосостојба, како ќе се оживее економијата, каква ќе биде нашата понуда, на чија поддршка можеме да сметаме, како ќе се променат потребите за мобилност и на крајот, каква улога може да одигра секој од нас. Земјите од Западен Балкан, имаат можност да донесат храбра одлука за движење напред кон одржлива декарбонизирана иднина и да го искористат потенцијалот на регионот за поздрава животна средина„ кажа министерот Бектеши.

Во рамки на Министерскиот состанок, министерот Бектеши оствари билатерална средба со министерот за клима и животна средина на Република Полска, Михал Куртика. На средбата двајцата министери ги истакнаа своите силни заложби за продлабочување на соработката во делот на енергетиката помеѓу двете земји.

Министерот Бектеши ги презентираше проектите во делот на обновливи извори на енергија кои што е предвидено да се реализираат во Северна Македонија наредниот период кои се голема можност за инвестиции од страна на полските инвеститори.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Сопругата на Пендаровски се вклучи во одбележувањето на 30 години од глобалната кампања против родово базирано насилство

Објавено пред

Елизабета Ѓоргиевска – сопругата на претседателот, Стево Пендаровски, денеска во Њујорк учествуваше на настанот по повод 30-годишнината од глобалната 16-дневна кампања против родово базирано насилство, што се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Домаќини на настанот се Центарот за женско глобално лидерство и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

На настанот се дискутираа резултатите од кампањата во изминативе три децении во однос на унапредувањето на националните и глобалните агенди за елиминирање на родово базираното насилство. Посебен фокус на настанот беше ставен и на проширувањето на кампањата со прашањето за најекстремната форма на насилство врз жените – фемициди, односно убиства на жени врз основа на род.

Ѓоргиевска истакна дека во изминатите три децении Северна Македонија постигна значителен напредок во борбата против родово базираното насилство. Направени се значителни промени во законските рамки, има значително инвестирано во зајакнувањето на институциите, како и зголемување на јавната свест за родовото базирано насилство. Со оглед на тоа дека земјава ја усвои Истанбулската конвенција, во тек се процеси за операционализација на конвенцијата преку измени во националното законодавство и негово усогласување со Конвенцијата. Со новите законски решенија за спречување и заштита на родово насилство и семејно насилство се предвидени одредби што овозможуваат специфична заштита за жените жртви на различни форми на насилство, преку воспоставување специјализирани услуги за помош и поддршка насочени кон унапредување на системот за поддршка на жртвите.

Дополнително,  Ѓоргиевска истакна дека е потребно да продолжи успешната соработка со агенциите на ОН, јавните институции, граѓанскиот сектор, медиумите и активистите, соработка која носи придобивки за подигање на јавната свест и справувањето со родовото базирано насилство. Исто така, таа ја спомена и важноста на економската независност којашто им овозможува на жените да бидат сигурни да ги напуштат небезбедните домови и да бараат правда, едукацијата на младите во однос на родовата еднаквост и почитувањето на човековите права. Неопходна е и емпатија, бидејќи никој од нас не смее да биде нем сведок на насилство. Ѓоргиевска посочи дека сите мораме да покажеме емпатија кон жртвите на родово базирано насилство и да им помогнеме да се реинтегрираат во општеството.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Граѓаните електронски ќе може да поднесуваат поплаки за јавната администрација

Објавено пред

Граѓаните од утре електронски ќе може да поднесуваат поплаки поврзани со услугите кои ги дава јавната администрација.

„Веќе од утре граѓаните непречено ќе можат да го користат и преку интернет да ги поднесуваат своите пријави коишто се поврзани со услугите кои ги дава администрацијата или со корупција. Овој систем е од огромно значење, затоа што со него ќе се овозможи ефикасно и ефективно водење на постапките за добивање на услугите, но и навремено постапување на институциите по барањата на граѓаните. Овој систем е уште една алатка што ќе ни помогне во бескомпромисната борба против корупцијата“, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Електронскиот систем е имплементиран како посебен модул во рамки на Националниот портал за електронски услуги. Преку него граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за која било услуга до институција, како најавени корисници или анонимно со можност за евидентирање на поплаката или пријавата.

Истото ќе можат да го сторат и преку телефон, за што ќе се воспостави повикувачки центар и ќе се отвори наменска телефонска линија. Телефонскиот број на којшто ќе може да се пријавува 02/3150-050 и истиот ќе биде јавно достапен.

Пријави и поплаки ќе може да се поднесуваат до сите институции коишто се наоѓаат во рамките на регистарот на институции во административната алатка, тоа се сите институции кои се во рамки на државната управа со исклучок на општините и правосудните органи. Системот опфаќа услуги кои ги нудат 83 институции, а поплаките се поднесуваат за тековно отворени барања за услуги пред институциите.

За да може да се мониторира, системот ќе генерира месечни извештаи за вкупен број примени пријави/претставки и предлози, вкупен број примени пријави/претставки и предлози по институција и област, вкупен број пријави/претставки и предлози за кои е задоцнето постапувањето, како и колку од нив се прифатени, одбиени или препратени. Овие извештаи ќе бидат основа за соодветни анализи за предлагање соодветни мерки и активности во конкретните области.

Електронскиот систем за онлајн поднесување и следење пријави е подготвен со финансиска поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија5 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет5 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа6 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт8 часа

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет9 часа

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија9 часа

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет19 часа

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија21 час

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија1 ден

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија1 ден

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија1 ден

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија1 ден

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион1 ден

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија1 ден

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион1 ден

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија1 ден

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет1 ден

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Досие