Контакт

Македонија

Годинава 709 пријави за семејно насилство, 610 жртви биле жени

Објавено пред

Во првите девет месеци од годинава во нашата земја се пријавени 709 кривични дела од областа на семејното насилство, од кои 610 биле жени жртви, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од таму велат дека може да се  заклучи дека семејното насилство и насилството врз жени несразмерно повеќе ги погодува жените токму поради тоа што се жени.

„Денеска, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на елиминирање на насилството врз жените, треба да се потсетиме дека секоја трета жена во светот искусила некаква форма на насилство, а според податоците на Обединетите нации, семејното насилство е убиец број еден на жените. Наместо жената да биде и да се чувствува безбедна во домот, понекогаш најголемата опасност за неа доаѓа токму оттаму“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Земајќи предвид дека истражувањето на ОБСЕ покажува дека само 2 отсто од жените што доживеале насилство од сегашен партнер го пријавиле во полиција, од таму додаваат дека тоа говори оти бројката на жени што трпат насилство е многу повисока од официјалните статистики.

Исто така, загрижувачки е трендот на прифаќање на насилството во земјата. Истражувањето на ОБСЕ открива дека три од пет (60 отсто) жени сметаат дека насилството врз жените е вообичаено, а речиси три од десет сметаат дека тоа е многу честа појава.

За да се победат овие поразителни бројки, наведуваат од Хелсиншкиот комитет, мора да работат заеднички сите актери во општеството: институциите, граѓанските организации, медиумите, како и секој граѓанин.

„За поздрав е иницијативата за подготовка на нов закон против насилството врз жените и семејното насилство, кој ги следи одредбите на Истанбулската конвенција, а кој беше изготвен во процес на консултација со граѓанскиот сектор. Новиот нацрт-закон препознава и санкционира и нови форми на насилство врз жени, дефинирани и во Истанбулската конвенција. Но, потребно е негово побрзо усвојување за да се почне со обезбедување сеопфатни сервиси до жртвите. Насилството врз жените и семејното насилство ја ограничува жената да учествува во економскиот и општествениот живот, предизвикува депресија, чувство на немоќ и безизлезност, а претставува и грубо кршење на нејзините основни човекови права. Оттаму, сите треба да дејствуваме заедно за да се искорени оваа деструктивна појава во нашето општество“, велат од Хелсиншкиот комитет.

Македонија

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Објавено пред

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4.

Починати се 22 лица, 7 пациенти од Скопје (55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64г), еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г). Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408. Денеска се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 11473, активни 3562
• Куманово 2124, активни 331
• Дебар 321, активни 57
• Штип 1548, активни 201
• Прилеп 1087, активни 316
• Тетово 1923, активни 408
• Струга 774, активни 78
• Велес 508, активни 151
• Битола 542, активни 182
• Охрид 604, активни 167
• Кавадарци 429, активни 176
• Гостивар 1105, активни 144
• Гевгелија 332, активни 180 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 736, активни 434
• Крива Паланка 204, активни 75
• Радовиш 201, активни 74
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 644, активни 212
• Пробиштип 159, активни 29
• Демир Хисар 72, активни 10
• Македонски Брод 100, активни 4
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 193, активни 57
• Валандово 92, активни 40
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 70
• Кичево 481, активни 124
• Ресен 224, активни 55
• Неготино 120, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1901 теста се преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-511, Биотек-229, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со PCR метода -139 , лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-88, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-32, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 235.038 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 166
• Гази Баба – 450
• Аеродром – 699
• Карпош – 547
• Центар – 519
• Кисела Вода – 417
• Ѓорче Петров – 286
• Бутел – 152
• Шуто Оризари – 26
• Студеничани – 7
• Сарај – 24
• Арачиново – 10
• Илинден – 63
• Сопиште – 30
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –21
• Зелениково – 9
• Странец – 22
• Нераспределен- 100

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Објавено пред

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по завршувањето на Конгресот.

Тој образложи дека со новите измени за првпат една политичка партија својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, а изборот ќе се случува следната година во првото полугодие кога истекува мандатот на ова раководство.

Тоа значи дека секој член на СДСМ ќе може да гласа и директнто да одлучува кој ќе ја води партијата.

„За претседател на СДСМ ќе може да се кандидира секој член со најмалку 5 години работа во партијата и 1 мандат како член на Централниот одбор со право на глас“, рече Заев изразувајќи надеж дека овој пример понатаму ќе го следат и другите политички партии.

Со новите измени црвената боја станува боја на СДСМ.

„Тоа е бојата на социјалдемократијата. Боја што ја отсликува силата и вербата во подобра заедничка иднина. Тоа е боја на нашето македонско знаме“, рече Заев на прес-конференцијата.

Понатаму, тој кажа дека првпат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија со измените се регулираат како трајни и статутарни форми на организирање, чие постоење не зависи од политичката волја на моменталното раководство. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас.

За првпат се формира и Форум на пензионери.

„Целта на Форумот на пензионери е да ги мотивира највозрасните членови и да ги искористи нивните капацитети, искуства и знаење за унапредување на мерките и животот за сите граѓани“, рече Заев.

Денеска беше усвоен и извештајот за победа на парламентарните избори, а партијата воведе и Кодекс на однесување на членовите на СДСМ.

„Ние сме нова генерација која може да креира нова дефиниција на политичари со висок морал кои сами на себе треба да бидат најсилна контрола“, рече Заев.

СДСМ го одржа својот 25 Конгрес, за првпат дигитално. Претседателот на владејачката партија оцени дека Конгресот бил одржан во победничка и демократска атмосфера.

Е.Тарчуговска

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: Со измените на Статутот воведуваме мерит систем и ја зголемуваме мобилноста на партијата

Објавено пред

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во обраќањето на 25-тиот Конгрес на партијата најави дека со новиот Статут се предвидуваат и организациите на СДСМ во другите држави, кои ќе учествуваат во работата на партијата преку свои делегати и ќе добијат официјално и статутарно признание за нивната долгогодишна несебична помош и нивниот третман во партијата.

„СДСМ за прв пат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем. Тоа ќе го надградиме. Реализација на дадените задачи од страна на централата на СДСМ, по предвидениот Фиксен месечен календар кои општинските организации преку претседателот го следат и реализираат. Нашата цел е зголемена ефикасност и мобилност на партијата која ќе овозможи континуитет во работата на партијата, исполнување на програмите и ветеното како и присутност помеѓу граѓаните“, порача Николовски.

Во обраќањето, генералниот секретар Николовски се осврна и на целите на идното работење на партијата.

„Пред нас имаме нови цели во однос на напредокот на државата но и во однос на работата на партијата. Време е да ја зголемиме динамиката на работа во СДСМ на сите нивоа. Партијата да работи со полна пареа, соодветно на одговорноста што ја има добиено од граѓаните. Заедно, можеме да постигнеме се. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро! Ве повикувам заедно да продолжиме по патот кој го трасиравме, по вистинскиот пат. Не само затоа што можеме уште повеќе и уште подобро! Пред се, затоа што сакаме!, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија2 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија3 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион4 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион7 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа7 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион9 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ10 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија11 час

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија12 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија12 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија1 ден

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија1 ден

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион1 ден

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет1 ден

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет1 ден

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија1 ден

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија1 ден

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија1 ден

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион1 ден

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Досие