Контакт

Македонија

Голема полициска акција во Карпош, се апсат осомничени за пукањето во хотелот „Александар палас“

Објавено пред

Во тек е голема полициска акција за апсење на лицата кои учествуваа во престрелката во „Александар Палас“.

Полициската станица Карпош е под опсада. Сите приоди до неа се блокирани од страна на специјалци со автомати, а секој автомобил што ќе помине го осветлуваат рефлектори.

Пред два дена во хотелот „Александар Палас“ во Скопје имаше пукање од огнено оружје. Трагите за напаѓачите се претпоставува дека водат кон скопско Арачиново во чија близина беше и пронајдено возилото што го користеле напаѓачите. Автомобилот „Фолксваген Туарег“ бил целосно пеплосан по нападот, а внатре биле пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „калашников“. Според информациите од МВР, завчера вечерта, додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.

Од МВР се уште не излегуваат со официјални информации за приведени осомничени лица за нападот.

 

Македонија

Регистрирани 415 прекршоци за неносење маски

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 415 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски од Делчево: За две и пол години од крв во Собранието стигнавме до НАТО

Објавено пред

„Ние сме генерација политичари која храбро и одговорно се зафати да го реши тоа што никој досега не го решил, за да не губиме време. Затоа што оваа земја нема време за да губи повеќе генерации. Затоа храбро ги донесовме сите одлуки. За само две и пол години од раб на граѓанска војна и крв во Собранието, стигнавме да седиме на иста маса со Америка, Германија, Франција и најголемите светски сили. Денеска ви давам збор нашето мото ќе биде да ги вратиме Македонците тука на Истокот, а да извезуваме макаедонски производи. Тоа ќе го постигнеме затоа што го вративме достоинството, затоа што за младите обезбедуваме преспектива, затоа што отвораме нови работни места“, порача Љупчо Никоовски, генераен секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, од синоќешната трибина во Делчево.

Тој потсети дека во 2016 година кога СДСМ барало доверба од граѓаните со конкретни проекти, а Никола Груевски, Илија Димовски, Игор Јанушев оделе низ Истoчниот регион и ги лажеле и манипулирале граѓаните дека ќе има кантонизација, федерализација.

„Ништо нема од тоа, освен реализација на конкретни мерки, враќање на парите кај граѓаните. Укинување на радиодифузната такса, решавање на проблемите на стечајците, покачување на минималната плата и на просечната плата, раст платите во сите други сектори, раст на пензиите. Тие ниту се радуваа кога се креваше македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, ниту аплаудираше Мицкоски кога станавме членки на НАТО. Две и пол години сакаат да не туркаат назад. За да се спасат од криминалот и за да не одговараат. Ги блокираа сите закони, гласаа против зголемувањето на минималната плата. Од мизерни 9.000 денари покажавме дека може да биде 14,500 денари. Го штитиме работникот, правата на работниците се светост“, рече Николовски.

Тој пред делчевци даде збор дека минималната плата до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари, а просечната плата ќе биде 34.000 денари, но и ќе се изгради и четврт експресен пат кој ќе го поврзува Кочани со Делчево, до граничниот премин.

Прикажи повеќе...

Македонија

Задолжителен тест за граѓани на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора при влез во земјава, препорача Комисијата за заразни болести

Објавено пред

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет1 час

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет1 час

Во САД над 3 милиони заразени со ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, се повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија2 часа

Задолжителен тест за граѓани на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора при влез во земјава, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион2 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар...

Свет13 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион16 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија17 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион19 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија19 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија20 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија20 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет22 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија22 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет24 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион1 ден

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија1 ден

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет1 ден

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет1 ден

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Досие