Македонија
Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова и дабова шума и ниска вегетација. Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид, со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.
Во меѓувреме, изгаснати се 26 пожари, соопшти ЦУК за состојбата со пожарите во земјата во изминатите 24 часа.
Во изминатото деноноќие (9-10 август 2022) изгаснати се пожарите кај Студеничани, Ѓорче Петров, Куманово, Битола,.Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Дебар, Тетово, Шуто Оризари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие, вели опозицијата

Опозицијата обвинува дека млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело.
„Здравјето на граѓаните е константно загрозено поради кеиминогеноста и неспособнста на власта. Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин од Србија влегле во Македонија, и завршиле по трпезите на граѓаните. АХВ како да не функционира. Агенцијата чека ВМРО-ДПМНЕ да ги фати на дело незаконитостите, па потоа како аналитичари да констатираат дека да тоа се случило, но еве сега постапуваат. Фактичката состојба е дека не знаеме дали постапуваат, зошто ниту е објавено дека млекото е вратено, ниту дека е уништено. Дали тоа значи дека веќе е исконзумирано?“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата бара директорот на АХВ ведаш да си поднесе оставка, а ЈО да отвори случај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва?

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! – прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Огласот на Лотарија е кроен по лицето на 8888.бг на Васил Божков Черепот, бугарски мафијаш, кој од неодамна се наоѓа во притвор, а е познат по голем број криминали и сомнежи за убиства. Груби сака да ја направи Македонија партнер во бизнисите со Черепот. Черепот е проблематичен по повеќе основи, како поради неговите криминални дејанија, така и по неговите блиски врски со Москва и Пригожин. Бугарските медиуми го квалификуваат како човек на Пригожин, а Груби го мести за партнер на државата во бизнисот со игри на среќа“, се вели во утринското соопштение на партијата.
Македонија
Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а претежно во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието (каде на места ќе има брзина и над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност.
Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток и петок ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.