Македонија
Гоу грин со моќна акција за загадувањето на воздухот

Акцијата за подигнување на свеста за аерозагадувањето „Т’га за воздух“ е организирана од еколошката младинска организација Гоу Грин, и е поддржана од Националниот младински совет на Македонија.
Таа е исто така дел од кампањата „Мрдни со прст“, чија цел е подигнување на јавната свест за различните можности преку кои секој поединец може да придонесе во својата заедница. Акцијата започна на почетокот на февруари со одржување на две работилници за подигнување на свеста кај младите за проблемите од аерозагадувањето и креативно изразување.
„Го разбирам светот, ама загадено Скопје ми нема смисла“ – би рекол Гоце Делчев за загадувањето на главниот град, овој пат неговата порака е пренесена преку иницијатива на младите активисти на ГоуГрин.
Целта на иницијативата е да се актуелизираат проблемите на креативен начин, да се подигне јавната свест за загаденоста на воздухот и да се изрази копнежот на граѓаните за чист воздух.
Гоу Грин ги започна своите иницијативи за алармирање на загадениот воздух уште во 2010 година кога го организираше првиот марш со гас маски. Од тогаш се одржаа пет протести против загадувањето на воздухот и беа предложени краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето до надлежните институции. Сепак гас-маските станаа претпознатлива опрема за граѓаните на Скопје, бидејќи решение за загаденоста на воздухот сеуште нема./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајна несреќа на патниот правец Кавадарци – Прилеп, сообраќајот во прекин

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Прилеп е во прекин.
Од таму велат дека прекинот е поради сообраќајна незгода.
Прекинот ќе трае до завршување на увидот.
Македонија
СВР Битола апелира до граѓаните да не палат стрништа и земјоделски површини

Битолската полиција апелира до граѓаните на подрачјето Битола да не се пали оган на отворен простор откако деновиве настанаа неколку пожари како последица од намерно запалени стрништа.
-Апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се палат стрништа, земјоделски површини, отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку граѓаните забележат пожар на отворен простор најбрзо што може да го пријават во надлежните институции, апелираат од СВР Битола.
Македонија
Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O’Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.
На средбата се разговараше за текот и за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласија дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.
На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество.