Контакт

Крвав четврток

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Објавено пред

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд дека на 27 април пред да се случи упадот во законодавниот дом, Оливер Спасовски бил на средба со претседавачот Трајко Велјаноски во Собранието.

Кога Велјаноски го видел телохранителот на Спасовски, го прашал во кое својство е во Собранието.

„Јас му кажав дека сум личното обезбедување на Оливер Спасовски“, се присети Тасевски и рече: “Во холот Велјаноски му се обрати на Оливер со прашање, зошто твоето обезбедување оди со тебе цело време? Не личи да оди по тебе”. Оливер му одговорил дека тоа е според закон, а Тасевски излегол од Собранието.

Тасевски рече дека кога на радиостаница чул дека толпата ја преминала првата барикада им издал наредба на неговите двајца колеги тактички да се постават за да го заштитат Спасовски.

Директорот на БЈБ во сведочењето сведочеше дека откако пред прес-салата се појавиле луѓе со качучки со извици дека ќе бидат сите убиени.

„Јас го извадив пиштолот и кажав – полиција за да не пристапуваат кон личноста која ја заштитувам“, рече Тасевски.

Тој останал надвор пред прес-салата за да спречи да влезат луѓето внатре, па и тој бил напаѓан вербално и физички.

„Дојде началникот Оливер Поповски. Му објаснив дека ситуацијата е тензична. Толпата беше насрдена кон мене. Тој ми го даде беџот за да ме заштити и проба вербално да ги одврати напаѓачите“, се присети Тасевски. Напаѓачите биле се’ побројни и одлучил да влезе во прес-салата. Следувало кршење на вратата од салата, а тој не успеал да ги спречи напаѓачите.

Тасевски во сведочењето дополни: Толпата влезе во салата. Почна мрачна атмосфера и физички да се пресметуваме. Началниците активно даваа отпор да се заштитат пратениците”. Сведокот рече дека ги гаѓале со шипки, столчиња и разни предмети, а напаѓачите имале боксирачи со нив.

На прашање на обвинителката Вилма Русковска зошто решил да влезе во Собранието, Тасевски рече дека влегол за да биде во координација со началникот на вантрешното обезбедување, оти му рекле дека 4 до 5 полицајци го обезбедуваат Собранието.

Тасевски рече дека бил повреден: “Имав две расекотини на главата, ми беше изместена вилицата и имав модринки на телото”.

Следното рочиште за настаните од 27 април е закажано за 25 септември кога повторно треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од Обвинителството. Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Судењето заврши во 23 часот и 6 минути.

Крвав четврток

Алими до Села на 27 април: Додека сум жив, ќе те бранам

Објавено пред

„Последно што помнам е дека во прес-центарот на Собранието врз пратениците се фрлаа предмети. Видов како кон мене фрлија монитор од компјутер и веднаш потоа ја изгубив свеста. Се освестив во една од канцелариите во Собранието, беше темно, без светла. Бев сместен зад едно биро, а кога ги отворив очите, до мене беше Абдуљфета Алими, кој ме праша како сум. Во еден момент му се обратив и му реков: Мојот живот е во твои раце, а тој ми врати со зборовите Додека сум жив, ќе те бранам, а доколку не останам жив, прости ми, сведочи пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на рочиштето за 27 април.

Села рече дека во просторијата заедно со припадникот на обезбедувањето од Собранието, сега обвинетиот Абдуљфета Алими, имало уште едно лице од оние што протестирале, кое му помагало на Алими.

„По одредено време, ми облекоа дуксер. Ми ставија значка од полиција и ме изнесоа надвор како повреден полицаец. Во ходникот пред да излеземе го сретнавме Никола Тодоров. Тој инсистира да ме носат во Градска, а докторот инсистира да ме носат на Клинички. Во еден момент Тодоров му рече на докторот: Правете што сакате. Цело време Абдуљфета беше со мене. Кога пристигнавме на КАРИЛ, Алими ме праша дали е слободен мислејќи на зборот што ми го даде во Собранието, дека сум во негови раце“, рече Села.

На прашањето од обвинетиот Никола Митревски – Кољо дали е вистина дека Села со негов имот го спасил Алими од затвор, Села одговори дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот. Претседателот на Алијансата за Албанците рече дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот што тој е жив и дека поради тоа му е должник.

„Во целата постапка, кога слушнав дека тој не може да излезе од затвор бидејќи нема доволно имот, јас одлучив да го дадам мојот имот за тој да биде на слобода. Мојата куќа е негова куќа, јас сум му должник со мојот живот“, рече Села.

Наредното рочиште за 27 април е закажано в четврток кога исказ ќе даваат 5 сведоци предложени од обвинетиот Богдан Илиевски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

Објавено пред

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина одредени претседатели на политички партии да не бидат присутни во Собранието. Сите што тој ден не беа присутни, најверојатно, знаеле и, најверојатно, биле организатори на настанот. Не зборувам само за едно име и презиме, туку за неколку претседатели кои не беа присутни тој ден“, рече пратеникот Зијадин Села на денешното сведочење за крвавиот четврток.

„Јас чекам одговори од оваа судска постапка за настаните од 27 април. Можеби и повеќе од обвинетите тука. Судската постапка ќе даде одговор на прашањето дали некој знаел или претпоставил што ќе се случи на 27 април“, рече Села.

На седницата на 27 април, на која Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, не беа присутни претседателите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Објавено пред

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била присутна во Собранието како вработена во службата за обезбедување на објектот.

Јовановска во своето сведочење истакна дека обвинетиот Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, издал наредба да се отвори просторијата каде што стоеле дисковите од собраниските безбедносни камери.

,,Околу 21 часот отидов кон пријавницата да ја сменам батеријата од радиостаницата. Во тој момент дојдоа колеги кои се претставија дека се од УБК и побараа да се отвори собата за видеонадзор. Колешката Александра им кажа дека за да се отвори таа просторија, потребна е наредба од непосреден старешина. Бидејќи тогашниот началник беше повреден, колешката се двоумеше од каде да побара дозвола. Тогаш му се јави на Ѓошевски и кажа дека добила дозвола да ја отвори просторијата. Не слушнав точно што разговараат“, сведочи Јовановска.

Сведокот истакна дека од четирите лица што се претставиле дека се од УБК, познава еден, и тоа обвинетиот Оливер Радулов. Обвинетиот Радулов ја запраша Јовановска од каде се познаваат, на што таа одговори дека го знае од Факултетот за безбедност.

Судијката Добрила Кацарска даде десет минути пауза по што судењето ќе продолжи со сведочење на пратеникот Зијадин Села.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 часа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна...

Европа10 часа

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои...

Македонија11 час

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет12 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски13 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски16 часа

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија19 часа

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Македонија20 часа

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за...

Македонија20 часа

Обвинителството нема да го гони сопственикот на менувачницата што уби двајца крадци

Обвинителстото ја отфрли кривичната пријава против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода кој лани уби две лица при обид за...

Македонија21 час

Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња

Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април...

Бегството на Груевски21 час

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта....

Топ21 час

Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството...

Топ21 час

Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1...

Македонија22 часа

Стара градска ќе го намалува бројот на пациенти, нов обид за реновирање

Старата градска болница, односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, ќе го намалува бројот на пациенти оти...

Европа23 часа

Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот...

Македонија1 ден

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од...

Свет1 ден

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски2 дена

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток2 дена

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 дена

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Досие