Контакт

Крвав четврток

„Го убивме Села, Заев ти си следниот“, викаа од толпата – сведочеше премиерот

Објавено пред

На судењето за крвавиот четврток во судницата сведочи премиерот Зоран Заев. Тој рече дека во Собранието на 27 април влегле луѓе кои без размислување, полни со гнев и омраза почнале да напаѓаат.

Заев рече дека трпеле физички удари и вербални закани. „Тоа траеше безмалку 2 часа. Се закануваа со зборовите: ‘Убиј го Заев! Убиј ги пратениците! Фатете го како можете! Го убивме Села, Заев ти си следниот…’“, рече Заев и додаде дека биле раскрвавени по ударите.

Тој лично имал 6 расекотини, од кои 3 на лицето. „Неполни 2 часа лично јас секоја секунда чекав да го изгубам животот“, рече Заев. Премиерот сведочеше дека некои од напаѓачите кои имале оружје на каишите, правеле гајтани од кабли за да ги фатат и повлечат. „Бев уплашен. Молев. Им велев – немојте, луѓе сме“, сведочеше премиерот.

На прашање на адвокатот на Игор Југ, рече дека тие што сакале да го убијат немале чиста мета и доволна храброст да ја завршат работата.

Крвав четврток

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

Објавено пред

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската полицајка Александра Богоевска-Крстановска, кај која бил клучот од мониторинг-собата во Собранието.

„По наредба на мојот претпоставен, началникот на внатрешното обезбедување, по 17 часот ја затворив влезната врата што гледа кон Домот на АРМ и ставив греди. По некое време, мојот претпоставен, началникот Александар Јанковиќ, го донесоа повреден во собраниската амбуланта. Останав сама на работното место, сите колеги беа во прес-салата кај повредените пратеници“, сведочеше Богоевска-Крстановска.

Во 20.50 часот ѝ се јавил колегата Горан Пешков и ѝ кажал дека има усна наредба од началникот на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски / Леви, да пушти во мониторинг-собата двајца колеги од УБК.

„Дојдоа двајцата со уште двајца колеги од МВР во придружба. Колегата Сашо Марковски ми рече да отворам, така било договорено со Горан. Им кажав дека без наредба на мојот претпоставен Јанковиќ, кој беше неконтактибилен, повреден, нема да ја отворам просторијата“, рече сведокот.

По ова, Крстановска му свртела на сега обвинетиот Горан Ѓошевски Леви. „Ми кажа да ја отворам просторијата и да ги пуштам двајцата колеги во контролната соба. Ми кажа дека колегите се дојдени за поефикасна евакуација на повредените пратеници и дека наредбата е од директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Во услови кога началникот на сектор беше на одмор, началникот на одделение на одмор, мојот претпоставен неконтактибилен, а Горан Ѓошевски авторитетен, бидејќи 10 години беше на чело на обезбедувањето на вториот човек во државата, ја отворив мониторинг-просторијата. Сашо Марковски и Оливер Радулов влегоа. Се задржаа 10 минути и излегоа“, сведочеше полицајката.

Марковски и Радулов се обвинети за помагање за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Објавено пред

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во куќен притвор и нема да се бранат од слобода, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“. Кривичниот совет на судот ги одбил понудените гаранции со кои адвокатите минатата недела побарале да им биде укината мерката куќен притвор на нивните клиенти.

„По ценење и одлучување, кривичниот совет донел решенија со кои ги одбил барањата“, велат од Основниот суд Скопје 1 за „Макфакс“. Од судот не откриваат за колкава висина на гаранциите станува збор. Некои од адвокатите кои се бранители на обвинетите потврдија дека кривичниот совет на скопска ‘единица’ им ги одбил барањата и рекоа дека вложиле жалба на решението до второстепениот суд и дека ставиле сè од имот што го поседуваат обвинетите.

Јане Ченто, Никола Митровски – Кољо и Александар Василевски – Нинџа и Митко Пешов, пак, исто така понудиле гаранција да излезат од притвор и да се бранат од слобода, но кривичниот суд ги одбил и нивните барања, па сега и тие имаат право на жалба до Апелациониот суд во Скопје. Митко Пешов, суспендираниот началник во МВР, понудил гаранција од приближно 280 илјади евра, но не му била прифатена.

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, излезе на слобода со гаранција од приближно 600 илјади евра кога претходно Апелациониот суд ја потврди одлуката на првостепениот суд.
Чавков понуди гаранција од недвижности, куќи, станови, деловен простор и ниви во Струмица и Скопје, негова лична и сопственост на блиски роднини и пријатели.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

Објавено пред

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече дека сè уште е во предистрага предметот за нарачателите за насилството во Собранието.

„Јас стварно се надевам дека ќе има одговорност“, рече Русковска.

Обвинителката рече дека судењата може се чини дека траат предолго, но треба да се земе предвид фактот дека станува збор за обемен предмет и многу докази и во спротивно би имало коментари дека предметот предолго се одолжува.

„Со ништо не е нарушено правото на одбрана. Сите до еден од обвинетите се изјаснија дека не се виновни и во нивен интерес е да заврши постапката, можеби со ослободителна пресуда“, нагласи Русковска.

На прашање дали ќе го покани експремиерот Никола Груевски да сведочи во предметот, Русковска рече дека смета оти не треба Груевски да биде повикан како сведок и дека тоа е предлог на адвокатите на обвинетите.

„Ако сметам дека треба да биде повикан, ќе го повикам“, додаде обвинителката.

Таа посочи дека целиот предмет со доказите бил рефериран во Јавното обвинителство на проширен колегиум. Судењето продолжува по еден час пауза, каде што ќе бидат сослушани уште тројца сведоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставните измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставните измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ4 часа

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија4 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет6 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија7 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион7 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава8 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет8 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион9 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет21 час

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион23 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија1 ден

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија1 ден

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток1 ден

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток1 ден

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие