Контакт

Македонија

Градежна фирма пукна цевка на „Теодосиј Гологанов“, корисниците останаа без вода

Објавено пред

Дефектот на улица Теодосиј Гологанов, наспроти фабриката „Реплек“, е настанат поради технички неисправно затрупување на ровот од страна на фирмата што барала приклучок за новоизградена зграда, информира ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека до крајот на работниот ден цевката ќе биде заменета и корисниците ќе добијат вода.

„Од страна на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје се издадени технички услови за приклучување на оваа зграда за што е добиено решение во кое е наведено дека ископот, затрупувањето и враќање во првобитна состојба треба да го изврши фирмата барател. Но, фирмата што ја гради зградата постапила нестручно при затрупувањето на ровот каде што се наоѓа овој приклучок“, стои во соопштението.

Затрупувањето, според процедурите, го врши фирмата што бара приклучок, а во случајов оваа фирма, како што велат од „Водовод и канализација“ не постапила по сите технички норми и процедури, а затрупувањето не го направила во слоеви, туку со целата тежина ја исфрлила земјата врз цевката. Од тежината на земјата дошло до прекршување на истата.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација’ – Скопје од настанатиот дефект вчера вечер работат на санирање на истиот и известуваат дека до крајот на работниот ден цевката ќе биде сменета.

Македонија

(Видео) Мицкоски: Осудениците од Диво Насеље се закануваат и напаѓаат за Заев побрзо да ги пушти од затвор

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од партијата изјави дека осудениците од Диво Насеље од затворот му слугуваат на премиерот Зоран Заев со цел да бидат пуштени на слобода или да добијат помала казна.

„Ова е уште еден обид јавноста да се дефокусира од сите овие недела кои ги први оваа криминална непотистичка и насилничка власт. Луѓето се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев надевајќи се дека тој може со неколку потези да измени закон доколку тоа му е неопходно на него и тие околу него. Претпоставувам бараат милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму“, вели Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија додаде дека ваквата изјава од луѓе кои се соочуваат со затворска казна која е резултат на она што го сторија во Диво насеље е грозоморна и монструозна.

„Обично кукавиците преку Фејсбук се закануваат по луѓе и политичари, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат помала казна. Сте сториле нешто, има да одговорате за тоа“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се потпиша и даде поддршка за кандидатот за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова во просториите на ДИК во општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Поддршката за Силјановска е поддршка за правната држава

Објавено пред

Доколку владејачкото мнозинство и Зоран Заев веруваат во правна држава нека исполнат барем едно нивно ветување од предизборната кампања, а тоа е да го сменат актуелниот јавен обвинител и да поддржат нов по предлог на опозицијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека секојдневно се крши правото во Македонија и има неправилности во правосудниот систем.

Правната држава моментално функционира на начинот ‘дајте ми човек ќе креирам обвинение’, вели Мицкоски.

Според него постои само еден начин тоа да се промени, а тоа е поддршка за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

„Прв чекор за враќање на правната држава е граѓаните масовно да се придружат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. Со тоа ќе ги исчистиме деспотизмот, ќе ја вратиме правната држава. По победата на претседателските избори на 21 април, почнува падот на оваа влада“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска дојде во просториите на ДИК во општина Карпош каде се потпиша и даде поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова. Тој од групата граѓани кои исто така беа дојдени да ја поддржат Силјановска беше пречекан со аплауз. Во просториите на ДИК поддршка за Силјановска даде и поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

Претендентите за претседателски кандидат имаат рок од 15 дена да соберат 10 илјади потписи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје: По десет години се чистат каналите и езерцата во градскиот парк

Објавено пред

Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ спроведуваат акција за комплетно чистење на каналите и на езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк. Од Град Скопје велат дека езерцата не биле исчистени десет години.

Деновиве се чисти каналот што носи вода до езерото во првиот дел од Градскиот парк. Во акцијата се отстрануваат насобраните лисја, милта, наносите од земја и отпадоците, за да може езерцето да се наполни со вода. Се чисти и каналот што носи вода до целиот езерски систем во паркот. Како дел од овие активности се отстрануваат и исушените и искршени гранки на околните дрвја кои претставуваат опасност за посетителите на паркот.

Град Скопје апелира до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

(Видео) Мицкоски: Осудениците од Диво Насеље се закануваат и напаѓаат за Заев побрзо да ги пушти од затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од партијата изјави дека...

Регион34 минути

(Видео) Силно невреме го погоди Балканот: Летаат контејнери, паѓаат дрва, хаос во сообраќајот

Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора беа погодени од силна бура која предизвика проблеми. Во делови на Далмација дува...

Македонија2 часа

(Видео) Бејли пред истекот на мандатот: Ги сакам луѓето, не го сакам воздухот

Амбасадорот на САД, Џес Бејли на социјалните мрежи објави видео во кое одговара на 50 кратки прашања поврзани со неговото...

Топ2 часа

Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација) Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје. Како што соопшти полицијата, вчера во жената...

Топ2 часа

Aвтомобил се преврте во река, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје....

Свет3 часа

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна...

Македонија5 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток18 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет20 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ21 час

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија22 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата22 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија22 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија23 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток24 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија1 ден

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија1 ден

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија1 ден

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 ден

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Досие