Контакт

Македонија

Градежни работи на патот Скопје – Велес

Објавено пред

Денеска на Автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу Башино Село и Штипска клучка ќе се изведуваат градежни активности. Поради тоа ќе биде затворена левата коловозна лента од 10 часот до 13 часот. На самото место ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Македонија

Формирање на Форум на пензионери, црвената да биде партиска боја – Заев ги најави промените во статутот на СДСМ

Објавено пред

Партискиот претседател да се бира на внатрепартиски избори, целосна родова еднаквост, форумот на жени и СДММ да се воведат како трајни партиски тела, формирање Форум на пензионери, црвената станува партиска боја. Ова се дел од измените на статутот кои денеска ги најави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев за време на обраќањето на 25. партиски Конгрес.

„СДСМ е првата партија во нашата држава која на следниот Конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, секој член ќе може да гласа и дирекнто да одлучува кој и како ќе ја води партијата. Првите вакви избори е планирано да се одржат веќе следната година, кога истекува мандатот на ова раководство. Со предлог измените кои денеска се пред делегатите воведуваме родова еднаквост меѓу мажите и жените, во органите на партијата“, рече Заев.

Тој вели дека прв пат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија  со измените се регулираат како трајни и статутарни форми на организирање, чие постоење не зависи од политичката волја на моменталното раководство. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас. На сите нивоа, државно, градско и општинско. За првпат, СДСМ ќе добие и Форум на пензионери, подвлече Заев.

Статутарните измени предвидуваат и зајакнувања на капацитетите и овластувањата на Форумот на жени, Социјалдемократската младина на Македонија, Организациониот секретар, Секретарот за меѓународна соработка, како и Комисиите на партијата.

На овој Конгрес, рече Заев, СДСМ ја впишува црвената боја, како своја боја – тоа е бојата на социјалдемократијата, на победата, на левицата, бојата на слободата, бојата на животот, тоа е бојата на македонската иднина.

„Новит лик на СДСМ не се случи преку ноќ – заедно, напорно работевме сите наши членови, годините наназад и успеавме. Имаме силен СДСМ, динамичен, моќен, цврст, стабилен, прогресивен. Тоа е нашиот бренд. Цврст, моќен и прогресивен СДСМ, партија и организација која ги следи најновите европски патокази на Европската социјалистичка партија“ посочи Заев.

Претседателот Заев истакна дека измените на Статутот ја прават СДСМ уште поодговорна и поевропска партија и изрази уверување дека предложените измни ќе бидат усвоени.

„Преку овие измени на Статутот СДСМ станува уште поодговорна, уште поевропска и помодерна партија посветена на реалзиација на мерки и политики што значат подобра иднина за сите. Очекувам дека низ плодна, аргументирана дебата тие ќе бидат усвоени од страна на Конгресот. Би сакал да се заблагодарам на Прогрес Институтот за Социјална Демократија за помагањето на работната група при изготвувањето на статутарните промени, а со тоа и на нашите партнери, Меѓународниот Центар Олоф Палме од Шведска.“заклучи Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев од партискиот Конгрес: Македонскиот национален идентитет е обезбеден и признат од целиот свет

Објавено пред

Во скратен мандат, за помалку од три години постигнавме многу, на речиси сите полиња, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето на 25. Конгрес на СДСМ.

„По решавање на спорот со Грција во интерес на двете држави, по Договорот со Бугарија, после темелниот демократски и реформски пресврт во земјата, се отворија вратите на евроатлантската перспектива. Денес сме 30 земја членка на НАТО, остваривме една од двете стратешки цели. Денес, Северна Македонија е еднаква и рамноправна со останатите 29 земји членки на најсилниот воено-безбедносен сојуз. Имаме обезбеден и признат македонски национален идентитет од целиот свет. Македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН, имаме држава со имотен лист“, рече Заев.

Тој нагласи дека очекувањата на патот кон ЕУ е одржувањето на првата меѓувладина конференција и започнување на преговарачкиот процес. Силна поддршка за тоа, вели Заев, меѓу другите имаме и од нашите пријатели од Партијата на европски социјалисти. Токму оваа европска партија пред неколку денови донесе заедничка изјава со која од Советот на ЕУ бара, преговарачката рамки со Северна Македонија да биде усвоена до 10 ноември, а првата меѓувладина конференција да се одржи до крајот на оваа година.

„Драги пријатели од ПЕС, ви благодариме на оваа силна поддршка. Нашето членство ви благодари, нашиот народ ви благодари“, порача Заев.

Претседателот на СДСМ и премиер се осврна и на постигнувањата на домашен план, особено во делот на економијата и спраување со последиците од коронавирусот.

„Покрај на надворешен план, остваривме сериозни успеси и дома. Веднаш се фативме во костец со долгогодишните проблеми и еден по еден ги решававме во интерес на граѓаните. Преку сериозен и одговорен процес, преку политики отворени кон и за сите граѓани, успеавме сериозно да ги зголемиме платите во нашата држава. Денес, минималната плата е повисока за 5.500 денари, а просечната за над 4.700 денари споредено со 2017 година. Сериозно ја намаливме стапката на невработеноста, а ја зголемивме социјалната помош и креиравме мерки за трајно извлекување од сиромаштија. Ја вративме демократијата, слободата и правдата во државата, градиме силен правосуден систем кој ефикасно и неселективно се бори против секаков вид на криминал и корупција“, смета Заев.

Во врска со коронавирус, тој вели дека и ние и светот се соочивме со досега непозната состојба која барала внимателност, но и решителност и подготвеност брзо, ефикасно и навремено да се дејствува.

Заев оценува дека биле преземени навремени чекори кои првенствено имале за цел ублажување на првите удари врз здравствениот систем.

„Паралелно со здравствените мерки, носевме и економски мерки и политики за помош и поддршка на граѓаните и стопанството. Справувањето со последиците од коронавирусот останува врвен приоритет за владата и институциите што ги предводиме. Посветени сме да го заштитиме сечие здравје, да спасиме што повеќе работни места, да помогнеме на што повеќе граѓани и компании и тоа ќе го правиме уште повеќе во следниот период.“ порача Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Погребан Амди Бајрам

Објавено пред

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел.

Амди Бајрам почина вчера на 64-годишна возраст во Клиниката „Жан Митрев“, официјално од кардиоваскуларни компликации, а Министерството за здравство подоцна соопшти дека по смртта било утврдено дека тој бил позитивен на коронавирусот.

Од скопскиот Центар за јавно здравје соопштија дека во тек е епдемиолошка анкета на семејството Бајрам.

Претходно од неговата партија соопштија дека Бајрам ќе биде погребан во Бутел во Алејата на великаните, меѓутоа подоцна од АД Бутел информираа дека поранешниот пратеник, сепак, ќе биде погребан на муслиманските гробишта.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Формирање на Форум на пензионери, црвената да биде партиска боја – Заев ги најави промените во статутот на СДСМ

Партискиот претседател да се бира на внатрепартиски избори, целосна родова еднаквост, форумот на жени и СДММ да се воведат како...

Македонија1 час

Погребан Амди Бајрам

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел. Амди Бајрам...

Европа3 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион5 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ6 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија7 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија8 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија8 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија20 часа

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија23 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион23 часа

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет24 часа

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет1 ден

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија1 ден

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија1 ден

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија1 ден

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион1 ден

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет1 ден

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија1 ден

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Досие