Македонија
Градоначалникот Костовски донира пола плата за семејството Давитковиќ од Радишани

„Влатко Давитковиќ од Радишани заедно со своите братчиња и сестрички живее во многу лоши услови, недостојни за човек. Во куќа пред распаѓање и гладни стомачиња. Влатко, Иван, Марина и Мирослав се родени како деца со посебни потреби. Мој став и стил е без јавност да се помага, но овој пат имам и поинаква цел”, напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
Тој напиша дека лично ќе се вклучи да помогне на ова семејство од нашата општина, со што ќе им подари 50% од неговата месечна плата, дополнително со негов налог Општина Бутел ќе додели еднократна парична помош, а ќе ги замоли и советниците од Општина Бутел исто така да донираат дел од својот месечен паушал.
Костовски ги повика сите општествено одговорни фирми и поимотни луѓе од Општина Бутел да го исконтактираат лично за оваа тема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Стоп на насилните антиевропски протести на проруските сили

Синоќешните слики на насилство, напаѓајќи ги институциите и органите на редот, јасно покажуваат дека организаторите и поддржувачите на насилните протести продолжуваат да негуваат деструктивни антиевропски цели, служејќи на тој начин на проруските политики за дестабилизација на земјата и регионот, реагираат од Демократската унија за интеграција.
Демократската унија за интеграција, додаваат од таму, најостро ги осудува обидите за дестабилизација на државата, поделеноста меѓу граѓаните со цел создавање на нови тензии, затоа итно бара од сите политички чинители, граѓаните и целото граѓанско општество да престанат и итно да се осудат насилните антиевропски протести.
„Токму во периодот кога државата го заокружува патот за да ја постигне тридецениската цел, ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да седнат и да разговараат за овие добронамерни процеси, а не да организираат насилни протести, да шират лажни вести и да размислуваат црни сценарија за да ги исплашат граѓаните. После долги години чекање, конечно ја имаме можноста што ја заслуживме да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија и пред нас го имаме предлогот кој е во согласност со Резолуцијата на нашето собрание и го гарантира идентитетот, јазикот и културата на нашите сограѓани македонци“, е наведено во соопштението од ДУИ.
Демократската унија за интеграција, заедно со граѓаните, уште еднаш уверува дека нема да дозволи сили со проруско убедување да користат насилство врз институциите и да ја загрозат иднината на државата.
„Ние сме земја членка на НАТО и ќе го продолжиме европскиот пат, друга алтернатива нема!“, потенцираат од ДУИ.
Македонија
Спасовски-Вокер: „Отворен Балкан“ овозможува слободно движење, но одредени криминални структури го злоупотребуваат

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров денеска остварија средба од координативен карактер со Нил Вокер, директор на Светскиот конгрес за гранична безбедност, на која беше разговарано околу подготовките кои се во тек за одржување на Светскиот конгрес за гранично интегрирано управување, кој во април 2023 година ќе се одржи во Скопје, информираат од кабинетот на Спасовски.
На средбата Спасовски, се дополнува во соопштението, истакнал дека организацијата на ваков конгрес претставува голема чест за Република Македонија и меѓу другото кажал: „Имајќи предвид дека во денешно време границите во ЕУ кај нас со проектот Отворен Балкан овозможуваат слободно движење на стоки и услуги, одредени криминални структури го злоупотребуваат ваквиот момент, интегрираното гранично управување кое опфаќа координација со домашните институции, но и меѓународната соработка претставува вистински одговор на ваквите девијантни појави“.
,,Координацијата меѓу надлежните институции со брза размена на информации кај нас дава солидни практични резултати поради што Националниот координативен центар за гранично управување ја има целосната поддршка во натамошното кадровско и техничко доосовременување притоа следејќи ги најновите технички достигнувања“, истакнал Спасовски.
Националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров потенцирал дека организацијата на овој конгрес е идеална можност да се разменат искуства со другите земји учеснички со што ќе бидат осознаени проблемите и ќе се изнајдат решенија за нивно надминување. Директорот Нил Вокер на средбата истакнал дека организацијата на овој конгрес е одлична можност за поставување на Република Македонија на мапата на земји со исклучително искуство во граничното управување и запознавање на сите делегации со начините на решавање на сите проблеми со кои се соочуваме во областа на граничното управување.
Македонија
Регистрирани се 293 новозаразени со коронавирус, нема починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на Ковид-19: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.
Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово – по 7, Кавадарци – 5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице .
Направени се 1.254 тестови преку: ИЈЗ-170, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-28, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–117, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-29, Биотек-106, Систина-49, лабораторија Лаор-7, Синлаб-3, Ремедика-14, Плодност-8, Генеа-8, Никоб лаб-37, ВФВ Медикал-14, Ели МедикаПлус-14, Ројал медика–0, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–3, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 462.
Досега во земјата се направени вкупно 2.085.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.794, бројот на оздравени пациенти е 304.341, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.126.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 148706, Активни 624
Куманово 16789, Активни 54
Битола 15854, Активни 71
Прилеп 14285, Активни 38
Тетово 13548, Активни 33
Кавадарци 10767, Активни 36
Велес 9863, Активни 43
Гостивар 9638, Активни 18
Охрид 9048, Активни 76
Штип 8130, Активни 29
Струмица 8116, Активни 20
Кичево 5673, Активни 9
Кочани 5128, Активни 20
Струга 4744, Активни 9
Гевгелија 4432, Активни 5
Неготино 3717, Активни 7
Ресен 2761, Активни 2
Свети Николе 2642, Активни 1
Радовиш 2539, Активни 7
Крива Паланка 2421, Активни 2
Делчево 1992, Активни 6
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1684, Активни 3
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1399, Активни 3
Пробиштип 1271, Активни 2
Богданци 1025, Активни 2
Кратово 969, Активни 0
Крушево 933, Активни 2
Демир Хисар 837, Активни 1
Македонски Брод 744, Активни 1
Демир Капија 595, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 352, Активни 0