Македонија
Арсовска побргу праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад, реагира градоначалникот на Аеродром

Очигледно е дека кога ќе се соочи со критика, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад. Формалната игра со титули не ја менува реалната слика на терен, улиците се преполни со ѓубре, а јавните претпријатија се нефункционални, реагира в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
„Ако Арсовска не е одговорна за состојбата во ЈП „Комунална хигиена“, тогаш кој е? Дали со ова признава дека можеби градот нема никаков надзор врз службите што треба да го одржуваат Скопје чист“, прашува Митески.
Според него, граѓаните на Аеродром и на целиот град не сакаат политичка игра на зборови туку како што вели сакаат функционален систем и чиста околина.
„Наместо да се крие зад прес-соопштенија, Арсовска треба конечно да излезе на терен, да се соочи со реалноста и да почне да работи.
Градот не се води од фотелја, туку со резултати. А тие се очајни.
Службите на општина Аеродром продолжуваат интензивно да работат во интерес на граѓаните“, потенцира Митевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.