Контакт

Македонија

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ да не ја замајува јавноста и да се вклучат во борбата против загадувањето

Објавено пред

Град Скопје ги негира обвинувањата и паушалните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ во однос на активностите и напорите на Градот Скопје во борбата против загадениот воздух. Затоа, апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја замајуваат јавноста со вакви неумесни соопштенија и обвинувања, да бидат конструктивни чинители и да учествуваат во борбата против загадениот воздух, нешто за кое не беа и не обрнуваа внимание за време на своето долгогодишно владеење. Загадувањето што се уште се појавува во главниот град е само реакција на долгогодишното негрижливо однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон зеленилото во изминататата деценија. Како они да заборавија и не сакаат да се потсетат за своето брутално однесување кон дрвјата во Скопје и непланското градење занемарувајќи го интересот на граѓаните што живеат во главниот град, се вели во реакцијата.

dobivaj vesti na viber

Според Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков основ да реагира и глуми загриженост, се додека не се извини на македонската јавност за сето она што го стори во минатото, а со тоа директно придонесе денес Скопје да биде загаден град.

,,Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се извини на сите граѓани, тогаш нивните предлози и критики ќе ги земеме предвид и само тогаш можеби ќе веруваме дека навистина сакаат и се грижат за градот. До тогаш, само можат слободно да ги прочитаат преземените мерки во борба со загадувањето откако Шилегов дојде на функцијата градоначалник на Скопје.Во контекст на оваа рекација, сакаме да ја информираме и потсетиме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Градот Скопје на овој горлив проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух”, се додава во соопштението.

Во него понатаму се вели:

,,Од аспект на зеленилото, последно што Град Скопје презема е обновувањето на дрворедите на скопските улици, оние кои од претходното раководство беа исечени и никогаш заменети и обновени. Покрај обновените дрвореди и новите во Ѓорче Петров и Бит-Пазар, во есенската акција за зазеленување на Скопје ќе бидат засадени нови 3500 дрвја на повеќе локации низ скопските општини. Несметајќи ја оваа акција, изминативе неколку месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја. Исто така, Градот Скопје изминативе 6 месеци подигна нови и реконструираше зелени површини кои се простираат на над 50.000 метри квадратни.

Во оваа насока Градот Скопје работи и на два нови проекти со коишто ќе се добијат два нови големи зелени површини во Малиот ринг во Скопје, и тоа новиот парк во просторот позади Македонската филхармонија и новиот парк – зелен кров кој ќе се простира на кровот на ГТЦ.

Од аспект контролата на индустриските капацитети и инспекциските активности, Град Скопје ги следи сите индустриски инсталации кои имаат добиено од Градот Б интегрирана дозвола или усогласен елаборат за заштита на животната средина. Делот од сферата на А интегрираните дозволи се во надлежност на министерството за животна средина и врз нив контрола врши државниот инспекторат, додека сините занаетчиски објекти, претежно од угостителството се во надлежност на општинските инспекторати за животна средина.

Овој период посетени се сите капацитети кои работат со Б Интегрирана дозвола, а инспекциските служби работат во две смени. Од аспект на создавање на диви депонии и незаконско спалување на смет и останати материјали кои го загадуваат воздухот, изминатиов период Градскиот инспекторат има засилени контроли на целата територија на Скопје. Контролите се спроведуваат со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.

Засилените активности и контроли на Инспекторатот на град Скопје резултираа со драстично зголемување на бројот на мандатни казни, како и со превентивно делување со укажувања на граѓаните како се депонира комуналниот отпад и каде отпадот како градежен шут, кабаст отпад треба да биде однесен и депониран.

Од аспект на загревањето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, која ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје.

Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Во оваа област како нови мерки може да се наведат и субвенциите за обука на оџачари, како дефицитарна струка, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци. Во однос на сообраќајот,

Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили. Во таа насока, во транспортниот систем на ЈСП изминатиов период беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас (кој не го загадуваат воздухот), како и за првпат на линијата број 15 сообраќаше електричен автобус. Идната година Скопје ќе добие 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Истото ќе се финансира со задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра, со каматна стапка од 1%, 3 години грејс период и 7 години отплата, без вклучен грејс период. Како мерки од областа на сообраќајот може да се наведат и воведувањето на бесплатен превоз за сите средношколци во јавниот градски превоз, како и воведувањето на бесплатни автобуски линии до Водно со цел растеретување на сообраќајниот метеж на планината, како и воведувањето на бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост.

Градот Скопје работи и на промоцијата на електричните возила, преку поставување на нови полначи за електрични возила на повеќе локации во Скопје кои се бесплатни за користење за корисниците на ваков вид на возила.

Промоцијата на велосипедизмот е друга сфера во која Градот работи, преку подобрување на условите и изградба на нова вело инфраструктура, како и стимулирање на граѓаните за набавка на нови велосипеди преку субвенции, каде во 2018 година Град Скопје додели 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Изминативе неколку месеци се изградија или во тек на изградба се велосипедски патеки во должина од над 7 километри, како што целосно е готова велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“ во Тафталиџе, а во тек е изградбата на вело патеката долж цел булевар Борис Трајковски (од стаклара до рампа), долж улица 11 Октомври, булевар Кочо Рацин и долж бул. Крсте Петков Мисирков до клучката кај Бит пазар.

Во моментов е распишан и јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на електрични тротинети, каде е предвидена субвенција во висина од 50 % од цената, но не повисока од 10.000 денари.

Од аспект на енергетската ефикасност, Градот Скопје оваа година изврши, или во тек е замена на фасадите на 11 средни училишта, и тоа „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“. Овие училишта, чии објекти беа едни од поголемите загадувачи на воздухот, ќе добијат нови, енергетско ефикасни фасади кои значително придонесуваат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а за заштита на учениците, набавени се прочистувачи на воздухот за сите простории во сите средни училишта на Град Скопје. Средствата за изградба на нови фасади се обезбедени од прекинувањето на проектот Скопје 2014.

Од аспект на комуналната хигиена, Градот Скопје работи на мапирање и чистење на дивите депонии, каде во голема акција беа расчистени над 3000 метри кубни смет, далеку повеќе од 2017-та (375 м3). Во таа насока, во март годинава Градот Скопје промовира посебен телефонски број (070 270 557), на кои граѓаните можат преку Вибер да пријават диви депонии со праќање на порака и фотографии, а истите можат да ги пријават и до официјалната фејсбук страница на Градот. Досега граѓаните пријавија над 300 диви депонии, а поради зголемената потреба на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје за 2018 година, беа зголемени средствата за оваа намена за дополнителни 5 милиони денари. Дополнително, Градот Скопје на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје предвиде и средства за набавка на нови контејнери, а се спроведоа повеќе акции за миење на градските улици и булевари. Како новитет е и хигиената на улиците, каде Град Скопје, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, за првпат започна голема акција на рачно миење на улиците од прљавштина и прашина со што ќе се намали прашината во воздухот. 

Ако само неколку од овие мерки ВМРО-ДПМНЕ ги применеше и постојано ги користеше во текот на 10 годишното владеење, денеска Скопје ќе беше град во којшто граѓаните ќе дишеа почист воздух. Затоа, низата на мерки што сега ги презема новото градско раководство се само дел од планот како Скопје повторно да се врати и биде чист и зелен град како некогаш што беше, пред владеењето на ВМРО-ДПМНЕ”, се вели во соопштението.

Македонија

Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Објавено пред

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да биде технички премиер во период од 100 дена пред изборите, односно од 28 јануари до 8 мај.

dobivaj vesti na viber

„Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должна почит и одговорност ќе биде спроведена од моја страна, како одговор на поддршката од партиските органи и граѓаните“, рече Џафери.

Именувањето на технички премиер кој во предизборниот период ќе дојде од редовите на ДУИ , беше дел од коалицискиот договор меѓу екслидерот на СДСМ, Зоран Заев и на Интегративците, Али Ахмети, а по изборите во 2020 година. На тие избори ДУИ водеше предизборна кампања повикувајќи ги граѓаните да го изберат првиот премиер Албанец.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По дезертерот Ковачевски, доаѓа дезертерот од АРМ и деспот од Форино Талат Џафери, срам за Македонија

Објавено пред

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, реагира ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на ДУИ, Џафери да биде премиер 100 дена пред избори.

dobivaj vesti na viber

„Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.

Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.

Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Талат Џафери ќе биде технички премиер до изборите

Објавено пред

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на партискиот состанок одлучи актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да биде човекот кој ќе ја преземе функцијата технички премиер од 28 јануари до изборите на пролет.

dobivaj vesti na viber

На состанокот истовремено, Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.

Именувањето на технички премиер Албанец во предизборниот период беше дел од коалицискиот договор меѓу екслидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети по изборите во 2020 година, откако ДУИ водеше предизборна кампања за премиер Албанец.

Неделава на лидерска средба беше договорено парламентарните избори да се оддржат на 8 мај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да...

Македонија7 часа

Талат Џафери ќе биде технички премиер до изборите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на партискиот состанок одлучи актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да биде човекот кој ќе...

Свет7 часа

Прво сведочење на „девојката со црвена марама“ од фестивалот во Израел: „Понекогаш се чувствувам виновна што преживеав“

„Ми беше чудно што фестивалот беше организиран толку блиску до границата со Газа, но заклучив дека организаторите ќе кажат ако...

Македонија9 часа

Рускоска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација

Поранешната обвинителка и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,  Вилма Русковска смета дека случајот со...

Свет10 часа

Путин повторно ќе се кандидира за претседател

Изборите во Русија ќе се одржат на 17 март 2024 година, а Владимир Путин ја објави својата кандидатура за уште...

Топ11 часа

Најдено телото на велешанецот кој беше пријавен за изчезнат – загинал во сообраќајка, автомобилот излетал од патот

Најдено е телото на 59-годишниот маж од Велес, за кого вчера медиумите јавија дека бил пријавен за исчезнат. Според информациите...

Македонија11 часа

Поднесена е кривична пријава за возачот кој го пренесе Палевски од Белград до Турција

Полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против возачот кој го пренесе Љупчо Палевски од Белград до Турција поради случајот...

Регион14 часа

Грција и Турција подготвени темелно да ги обноват односите: „Ајде да разговараме гледајќи ја чашата полуполна“

Атина и Анкара вртат нова страница во односите и потпишаа декларација за билатерална соработка. „Ајде да разговараме гледајќи ја чашата...

Свет15 часа

Синот на израелски министер е убиен во Газа, се борел во тунелите

Синот на поранешниот командант на израелската армија Гади Ајзензот, кој моментално служи како министер во воената влада, е убиен во...

Македонија15 часа

Учениците се чувствуваат небезбедни, да се внимава на менталното здравје во училиштата, апелира Сојузот на средношколците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, поради грабнувањето и убиството на ученичката Вања...

Македонија1 ден

Земјата се соочува со епидемија од корупција, црната листа ќе се проширува, најави Агелер

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на црната листа можат да пријават незадоволство, но...

Македонија1 ден

Со возило на фирма струмичанецот му помогнал на Палевски и го пренел преку Турција, обвинителството нареди истрага за возачот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело...

Македонија1 ден

Анѓушев: Малта не треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана

Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото...

Македонија1 ден

Мајката на Вања: Сè уште не можам да разберам зошто моето девојче е сега во гроб

Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само...

Македонија1 ден

Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот...

Македонија1 ден

Лога за екстрадицијата на Палевски: За релативно кратко време очекувам да биде меѓу нас и да докажува што се случило

Барањето за екстрадиција на Љупчо Пелвски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања...

Македонија1 ден

Спасовски: Адвокатот на Палевски се’ уште е на распит во полиција

Васко Стојков – адвокатотот на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, се’ уште е на распит во полициската станица. Министерот...

Македонија1 ден

Кривична ќе има и за возачот кој го носел Палевски до Турција

Возачот кој го превезуваше осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски,  во Турција и кој беше приведен на влез во земјава...

Македонија2 дена

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна...

Свет2 дена

(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

Убиено е девојчето Марија Н., а уште пет лица се ранети во училиштето во Брјанск, Русија, кога утрово во одделението...