Контакт

Македонија

Град Скопје ги избра добитниците на наградата „13 Ноември“

Објавено пред

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2018 година.

Тајното гласање го спроведе комисијата што ја именува одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Газанфер Бајрам, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Љубиша Станковиќ, Даница Стојанова и Роландо Кутиров.

Од областа на образованието и воспитанието наградата ја освои Аџи Фида, професор во пензија, за долгогодишна успешна дејност во областа на образованието и воспитанието. Пливачот Андреј Стојановски ја освои наградата помеѓу спортистите за остварување врвни резултати во пливачкиот спорт во категоријата за лица со посебни потреби. Од областа на културата награда освоија Марко Коловски, музиколог, и Ресул Шабани, писател и книжевен преведувач, за превод на антологиите „Поети академици“ и „Поети и раскажувачи академици“.

Наградени се и академскиот музичар Рамадан Шукри, новинарот Сефер Тахири, како и архитектката Даница Павловска – Циги.

 

Наградите за правни лица ги добија ЈЗУ Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ и противпожарната бригада од Скопје. Наградени се и неколку ученици и студенти.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Исмет Гури: Избламирани сме со судењето и нарушен ни е интегритетот

Објавено пред

Во кривичниот суд по четврти пат од почеток почна судењето за предметот на СЈО за уништување изборен материјал во предметот „Титаник 3“. Претседател на судечкиот совет е судијката Марија Клетничка.

Обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими рекоа дека во согласност со Законот за употреба на јазиците бараат обвинението и сите досегашни списи да им бидат преведени на албански јазик.

„Текстуално разбирам за што сум обвинет, а суштински не“, рече Исмет Гури. „Толку сме избламирани со судењето што ни е нарушен интегритетот“, кажа пред судот обвинетиот Исмет Гури.
И двајцата рекоа дека не се чувствуваат виновни.

Судењето почна од почеток откако судијката Оља Ристова побара да биде иземена поради изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и написите во медиумите, со кои, како што беше официјално соопштено, се вршел притисок врз судот во врска со заканите кои му ги упатил адвокатот на Ејуп Алими, Мефаил Исмаили на обвинителот Гаврил Бубевски, како и поради начинот на водењето на предметот.

Претходните одлагања на овој предмет беа поради промена на судечкиот совет. Во „Титаник 3″, за уништување изборен материјал обвинети се координаторот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. Првото рочиште се одржа на 16 март 2018 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Објавено пред

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса.

Според извори од клиниката, лекарите не можеле да го спасат.

Неофицијално, пред неколку дена момчето имало хируршки зафат на хемороиди во приватна здравствена ординација која се наоѓа во Карпош.

Државниот санитарен и здравствен испекторат за „Макфакс“ потврди дека имало ваков случај и додадоа дека вршат вонреден испекциски надзор во приватната здравствена ординација за да утврдат дали има пропусти во интервенцијата кај младото момче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 2.943 заболени од грип

Објавено пред

Во текот на изминатата недела, од 11 февруари до 17 февруари, во земјата се регистрирани 2.943 заболени од грип, што претставува зголемување за 31 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.246 заболени од грип, се наведува во извештајот што го објави Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 21,1 отсто споредено со истиот период минатата сезона. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 112 материјали за тестирање на грип, од кои 72 (64,3 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 50 Influenza A(H1)pdm, девет Influenza A(H3) и 13 Influenza А несуптипизиран.

Најголем број заболени (1.861) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 284 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Според податоците од 26 извештајни единици, најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (486), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кавадарци (673,9 на 100.000 жители).

Во сезоната 2018-2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 9.314. Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.992 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Македонија36 минути

Регистрирани 2.943 заболени од грип

Во текот на изминатата недела, од 11 февруари до 17 февруари, во земјата се регистрирани 2.943 заболени од грип, што...

Европа1 час

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија2 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија2 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија12 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија14 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија15 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија16 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија17 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија18 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ19 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија19 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток20 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија21 час

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ21 час

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Досие