Македонија
Град Скопје: СДСМ го остави градот во долгови, по четири години недомаќинско раководење

Град Скопје ниту може, ниту пак има какви било ингеренции за креирање и имплементација на енергетски и економски политики кои би ја решиле оваа криза од која најголемите штети ги трпат токму граѓаните. Небулозни се тврдењата на СДСМ кои го оставија градот во долгови, после четири години недомаќинско раководење со градот од страна на нивниот градоначалник и го оставија градот презадолжен од долгови наследени токму од СДСМ, за сега да зборуваат за работењето на оваа градска администрација, одговараат од Град Скопје на реакцијата на СДСМ.
„Надлежностите се јасни и токму Владата предводена од СДСМ е таа која треба да преземе одговорност на национално ниво и покаже вистинска грижа за граѓаните, преку носење на сет од мерки за намалување на економскиот и енергетски шок со кој се соочуваме сите. Во време на најави за енергетска и економска криза уште месеци наназад, додека земјите од регионот, но и цела Европа креираат политики за брзо надминување на енергетската криза без притоа да има удар врз џебот на граѓаните, СДСМ креираше политики како секојдневно да манипулира со јавноста, упорно посочувајќи го градот и оваа градска власт како виновник за нивните поразителни политики“, се наведува во нивната реакција.
Градот во оваа ситуација, велат од таму, може да помогне со давање на предлог мерки за надминување на енергетската криза.
„Тоа е она што го гледаме како примери во европските земји и можеме да го понудиме и ние“, потенцираат од Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Оштетена e оградата на мостот на Вардар, на патот кај селата Орешани – Таор

На патниот правец Р2131 од с.Орешани – с.Таор, на мостот на река Вардар, дел од заштитната ограда на самиот мост е оштетена поради излетано тешко моторно возило. Екипите на Ј.П. Македонијапат на самото место е поставија соодветна сообраќајна сигнализација (насочници), соопшти АМСМ.
Од таму, на учесниците во сообраќајот им препорачуваат крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Македонија
(Видео) Превртен автомобил кај Тетово, удрил во заштитната ограда на автопатот

Несреќа се случи пред влезот на Групчин, во близина на Тетово. Автомобил удрил во заштитната ограда на автопатот Тетово-Скопје, по што се превртел. Засега не е познато дали има повредени лица.
Вратата од страна на возачот беше отворена, а екипата на „Макфакс“ јавува дека на местото немало друго возило, ниту повредени лица. На терен веќе имаше полиција
Од МВР посочуваат дека веќе го проверуваат настанот. На терен немаше ниту Брза помош, додека околу возилото имаше повеќе лица меѓу кои и минувачи.
Македонија
По 22 години конечно некој во државата за која се боревме, се сети дека постоиме, велат од Здружението „Бранител 2001“

Здружението на воени ветерани “Бранител 2001” изразува благодарност до Градоначалникот на општина Ѓорче Петров и членовите на Советот за денешниот, како што велат, значаен чекор.
„Усвојувањето на Одлука за ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта е чекор кои мора да го поздравиме. По 22 години конечно некој во Република Македонија, во државата за која се боревме и ја браневме да се сети дека постоиме и дека ние Бранителите сме луѓе со чест и достоинство“, велат од здружението на воени ветерани.
Апелираат да не се застанува тука и повикуваат останатите општини да го следат примерот на општина Ѓорче Петров и барем на момент да се сетат дека тие постојат и дека дале значаен придонес во градењето на ова парче земја.