Контакт

Македонија

ГРАНД АУТО со поддршка за Фудбалската федерација на Македонија

Објавено пред

Гранд Ауто, официјалниот застапник на ФОРД, ХЈУНДАИ, МГ МОТОР и ЧЕРИ за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и нашите национални репрезентации.

ФОРД и ХЈУНДАИ, како докажани пријатели на спортот во светски рамки и нераскинлив дел од сите важни моменти од големите натпреварувања, Европски и Светски првенства, а пред почетокот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација за мундијалот 2026 година, Гранд Ауто и ФФМ интензивно се подготвуваат за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери на патот кон нов историски успех.

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќата на фудбалот’ добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто.

Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат.

Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Grand Auto“, како официјален увозник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery во Македонија, отсекогаш сме биле посветени на напредокот – како на патиштата, така и во заедницата. Оваа година, по нашето неодамнешно ребрендирање, поставивме јасна цел: активно да го поддржуваме развојот на спортот во нашата земја.

Затоа, со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија – најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти.

Со ова, можеме да бидеме сигурни дека нашиот фудбал ќе биде безбедно и сигурно возен, во духот на одржливоста и иновациите што ги носи современата автомобилска индустрија. Најразлични модели, од товарни до патнички и комплетно електрични возила ќе бидат дел од нашата поддршка.

Фудбалот обединува, буди страст и ја симболизира силата на тимската работа – вредности кои длабоко ги споделуваме во Grand Auto, истакна генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири.

Во знак на благодарност за партнерството со Гранд Ауто и поддршката за македонската репрезентација, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на генералниот директор на Гранд Ауто му подари специјален репрезентативен дрес. Од своја страна пак, генералниот директор на Гранд Ауто, на првиот човек на ФФМ, му предаде симболичен подарок, клучеви од возилата, за означување на оваа важна соработка.

ПР

Најново

konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos konfekcija, minimalna plata, mtsp, drzavna pomos
Македонија5 минути

Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против...

Македонија16 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа17 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет23 минути

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава30 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....

Македонија40 минути

Влен: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

„Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на...

Македонија41 минута

ДУИ: Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во земјата

Вчера Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во...

Забава43 минути

Прецизен список на намирници што помагаат во согорувањето на маснотиите: Ќе слабеете полесно

Ако под „храна што согорува масти“ подразбираме намирници што согоруваат калории без никаков напор од наша страна, тогаш мора да...

Спорт44 минути

Ливерпул нуди 50 милиони долари за вундеркиндот од Клуб Тихуана

Ливерпул би можел да го доведе еден од најталентираните млади играчи во светот во зимскиот преоден рок. Англискиот гигант го...