Контакт

Македонија

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

Во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен имејл бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични дела, како што се детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки, кои не се испратени од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР.

„Овие електронски пораки се класичен обид за измама, во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните, со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку имејл-адреси.

Апелираме до граѓаните да не отвораат ваквите пораки, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци што ги бараат измамниците. Исто така, апелираме граѓаните да не ги отвораат линковите и датотеките што се испратени во прилог на која било електронска порака која доаѓа од непознат испраќач со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер“, соопшти МВР.

Најново

Македонија12 минути

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Северна Македонија останува силна и значајна

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со...

Македонија27 минути

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна...

Македонија35 минути

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали сè уште планирате да станат старски домови

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што...

Црна хроника48 минути

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија52 минути

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија1 час

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија1 час

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура2 часа

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион2 часа

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...