Македонија
Граѓаните онлајн ќе се пријавуваат за вакцинирање, матичните лекари ќе ги повикаат ризичните групи

Претседателка на Комитетот за имунизација и Жаклина Чагоровска од „Мој Термин”, на денешната прес-конференција информираше дека веќе од следната недела ќе биде пуштен во функција веб-сајтот преку кој граѓаните ќе може да се пријават за вакцинацијата.
Кога ќе влезат на сајтот оние кои сакаат да се вакцинираат ќе пополнат краток прашалник со што изразуваат интерес за имунизација, при што ќе треба да наведат име и презиме, возраст, историја на хронични болести. Анкетата ќе биде испратена до матичните лекари кои преку системот „Мој термин“ ќе вршат закажување на времето и пунктот каде ќе се спроведе вакцинирањето.
„Очекуваме од следната недела да го објавиме веб сајтот кој ќе го содржи делот за изразување на интерес за вакцинација. Граѓаните ќе може да се пријавуваат веднаш откако биде објавен при што ќе треба да ги внесат своите лични податоци, да наведат во која група спаѓаат и штом се пријават ќе добијат електронска порака на нивната е-маил адреса дека се регистрирале. Апелот е првично да се пријават граѓаните кои се во ризичните групи, особено оние над 70 години. Целата ни е да започнеме што побрзо со анкетирањето, за да може да се планира самото спроведување на вакциналните пунктови. Очекуваме до крајот на месецот, да имаме добар одзив со регистрирани граѓани“, вели Чагаровска.
Закажувањето ќе се врши преку матичните лекари, кои ќе ги информираат граѓаните на кој пункт и во кое време ќе треба да се вакцинираат. Воедно матичните лекари ќе добијат листа за приоритетните групи на лица кои треба да примат вакцина и тие ќе ги известат како ќе се реализира процесот.
„Секој матичен лекар добива листа на граѓани кои треба да ги извести дека системот ги избрал како приоритетни за вакцината, а потоа самиот граѓанин одлучува дали ќе прими вакцина. Доколку се одлучи да се вакцинира, се закажува термин и локација за вакцина (вакцинален пункт) каде што ќе треба да ја прими. Доколку не сака да се вакцинира, сите податоци се враќаат во системот. Секој кој за прв пат ќе ја прими вакцината, веднаш ќе добие термин и за втората доза од вакцината“, рече министерот Филипче.
Секој граѓанин кој ќе се вакцинира ќе добие сертификат во кој ќе биде наведено кога е извршена имунизацијата против Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комисијата предлoжи воведување полициски час во Македонија од 22 навечер до 5 часот наутро

Министерстeрот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска до Главниот координативен кризен штаб предложи воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро на територија на цела држава.
Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да почне полицискиот час и до кога да трае истиот.
Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.
Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.
Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Македонија
Заев: Честит 8 Март, за родово еднакво општество

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.
„Избирам да предизвикам да ја менуваме културата на третманот кој жените го имаат во нашето општество. Се придружувам во повикот Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот ‘Јавна соба’, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Немаме повеќе ни минута за губење. Жртвите мора да бидат заштитени“, потенцира Заев во честитката.
Истакна дека како премиер, ќе ги повика владините надлежни институции да ги забрзаат измените во законската регулатива, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик со мерки за итно постапување на овие случаи.
„Да оневозможиме идни Јавни соби“, истакна Заев.
Во борбата за родово еднакво општетство тој го посочи примерот со неговиот кабинет, каде, како што објасни, повеќе од 70% од местата се жени или девојки, а на раководните места повеќето се жени.
„Политичкото и економското зајакнување е одговорот на напредните демократии, општество какво што тежнееме да сме ние. Избирам да предизвикам да создаваме услови жените да се таму каде што се носат одлуките. Честит 8 Март, за родово еднакво општество“, вели премиерот Заев, во честитката по повод Меѓународниот ден на жената.
Македонија
Демократски сојуз: Нема услови СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да формираат заедничка влада

Демократскиот сојуз цени дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што велат од оваа политичка партија, ниту понудата е сериозна, ниту, пак, одговорот е искраен.
„Поради ова, нaместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализација, стабилност на државата и економскиот развој“, се наведува во партиското соопштение.
Во него се додава и дека опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашања.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“