Контакт

Македонија

Граѓани протестираа против судската одлука за тригодишна затворска казна за убиецот на Никола

Објавено пред

Стотици граѓани попладнево излегоа на протест по објавувањето на судската пресуда на Кривичниот суд, со која убиецот на 17-годишниот Никола Христовски – Кољо беше осуден на затворска казна од три години.

Масовниот протест почна од Ново Лисиче, населбата каде што и се случи убиството лани на 14 август во „Паркот на музиката“.

Со мотото „Повик за правда“ граѓаните протестираат на улиците со цел, како што велат, да покажат дека треба да се покаже дека овој гнил, нефункционален и заробен систем не функционира.

„Ова е ПОВИК ЗА ПРАВДА. Повик на кој треба да одговори секој чесен човек кој ја гледа иднината во оваа земја. Секој што сака барем малку да придонесе за да види темелни и сериозни реформи на нефункционалниот систем“, велат организаторите.
Од Кривичниот суд појаснуваат дека за ова кривично дело убиство на миг за кое му се судеше на обвинетиот А. Т. предвидена е затворска казна од 1 до 5 години.

Член 125 вели дека тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Лани, на 14 август, на булеварот Видое Смилевски – Бато, во населбата Ново Лисиче, А. Т., според обвинението, со умисла го убил Никола Христовски. Група од повеќе лица, во која бил и Христовски, го пресретнала обвинетиот во близина на една бензинска пумпа и почнале да го навредуваат и физички да го напаѓаат со влечење и удари по телото.

„Обвинетиот почнал да бега кон зградите, а групата од 30-ина лица трчале по него извикувајќи навреди и пцости. Кога се доближил до влезот на една зграда, обвинетиот се обидел да влезе, но не успеал. Во тој момент прв до него стигнал оштетениот Никола Христовски, па обвинетиот доведен во состојба на силна афективна раздразливост реагирал импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Тој извадил нож со сечило од 9 сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Оштетениот бил пренесен на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му бил извршен хируршки зафат, но починал како резултат на шок поради крвавење“, стои во обвинението.

Од Обвинителството најавија дека ќе поднесат жалба на првостепената пресуда, а организаторите на протестите велат дека нема да запрат тука.

„Ова е само жолт картон и опомена! И тука нема да застанеме! Сè додека не ја направиме нашата земја подобро место за живеење, каде што системот ќе ги санкционира лошите а нема да биде иницијална каписла за одење кон анархија. Покажавме храброст, решителност, дисциплина. Покажавме дека сме силни и дека знаеме како да ги одржиме редот и мирот иако сме лути и бесни! Но, испраќаме и порака дека толеранцијата не е вечна и дека чашата е пред прелевање! Испратиме јасни пораки до сите, кои задолжително некој треба да ги преиспита“, велат тиe.

Македонија

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Објавено пред

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и повреда на избирачки молк. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, вели дека тие не може да го нарушат избирачкиот процес.

„Во текот на изминативе часови се појавија одредени написи во одредени медиуми за одредени инциденти. На пример, во Липково, а претходно во Битола. По проверката, се надминаа инцидентите и гласањето продолжи. Имаше еден инцидент со гласачко ливче, гласачот го сликал ливчето. Од страна на МВР беше санкциониран. Исто така, има гласачка во Битола, која се обидела едно ливче да изнесе од гласачкото место. И таа е санкционирана, го заборавила, го оставила ливчето“, рече претседателот Деркоски.

Сите досегашни недоразбирања и инциденти ги решило МВР во соработка со изборните органи. Деркоски рече дека се во постојан контакт со изборните органи на терен и се надева дека успешно ќе го завршат изборниот ден.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК: Одѕивот до 17 часот најголем во Крива Паланка – 58,7 отсто, во земјата 38,78 отсто

Објавено пред

Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 отсто, а со оглед на ситуацијата во која се гласа овој одѕив е задоволителен, рече претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски. До 17 часот на гласање излегле вкупно 703.597 гласачи.

Најголем одѕив до 17 часот има во Крива Паланка, каде што на гласање излегле 58,7 отсто од гласачите.

Во Првата изборна единица на гласање излегле 127.007 гласачи, односно одѕивот е 41,01 отсто. Во Втората изборна единица излегле 118.270, одѕивот е 36,98 отсто. Во Третата изборна единица одѕивот е 43,87 отсто, гласале 122.181 гласач. Четвртата изборна единица има одѕив од 43, 99 отсто, односно гласале 124.276 граѓани. Во Петтата изборна единица излегле 120.184 граѓани, одѕивот е 38,22 отсто, и во Шестата изборна единица повторно одѕивот е најмал – 29,6 отсто, гласале 91.678 гласачи.

„Голем одѕив има во општина Аеродром – 42,94 отсто, Карпош има одѕив од 44,11 отсто, во Кисела Вода одѕивот е 42,26 отсто и висок одѕив се бележи и во Македонски Брод, каде што 55,65 отсто од гласачите излегле да гласаат. Во Центар одѕивот е 43,69 отсто. Во Изборната единица 2 висок одѕив има во Бутел – 40,39 отсто, 36,55 отсто во Куманово. Во Третата изборна единица во Берово одѕивот е 48,32 отсто, во Крива Паланка 58,7 отсто, каде што одѕивот е најголем во државата, Лозово – 55,93, а во Изборната единица 4 одѕив од 44,84 има во Битола, каде што излегле 35.700 гласачи. Во Кичево – 39,27 отсто, во Охрид – 41,7 отсто и во Шестата изборна единица, Тетово, има одѕив од 33,75 отсто, Гостивар – 30,32 отсто, Јегуновце – 31,99 отсто. Одѕивот е задоволителен со оглед на ситуацијата во која се гласа и очекуваме до крајот на денот гласачите да си остварат правото и да им дадат легитимитет на овие избори“, рече претседателот Деркоски.

Тој нагласи дека добиле претставки за неколку нарушувања на изборниот процес и неколку приговори за повреда на изборен молк, кои веднаш биле решени и не може да го нарушат изборниот процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Комисијата за следење изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

Објавено пред

Комисијата за следење евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето ја известува јавноста дека до 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected], на која граѓаните може да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани што се случиле денеска во текот на гласањето. Повеќето од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица што го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.

Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства, кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно преземајќи дејства за расчистување на настаните и утврдување на фактите.​

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија1 час

ДИК: Одѕивот до 17 часот најголем во Крива Паланка – 58,7 отсто, во земјата 38,78 отсто

Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 отсто, а со оглед на ситуацијата во која се гласа...

Македонија3 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија3 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија3 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија4 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија6 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија6 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион6 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет7 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија8 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија10 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион11 час

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија12 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија12 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија13 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија20 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет22 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија1 ден

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија1 ден

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Досие