Контакт

Македонија

Граѓани со жив штит кај ГУЦ „Здравко Цветковски“ ќе овозможат безбеден премин на улицата

Објавено пред

Група пешаци и велосипедисти во координација на здружението „На точак“ попладнево во периодот од 17 до 18 часот ќе одржат едночасовна акција на крстосницата на булеварот Партизански одреди со булеварот 8 Септември (на аголот кај ГУЦ „Здравко Цветковски“).

„Мотивот за акцијата, саркастично со наслов Национален ден на немање безбедна патека при градба, е долгогодишниот и репетитивен проблем на необезбедување алтернативни премини за корисниците на пешачките и велосипедските патеки при изведување градежни работи. Честопати при градежните интервенции се случува овие патеки да се блокираат целосно и во времетраење од неколку месеци, без притоа да се обезбеди алтернатива за движење во тој дел на патеките. Ваквата ситуација ги принудува овие категории учесници во сообраќајот да се изложат на опасна ситуација на движење по коловозот заедно со автомобилите, со ризик да се повредат од рабникот на тротоарите при симнување и повторно качување (доколку се движат со помош на тркала – велосипеди, инвалидски и бебешки колички итн.) или, пак, да бидат удрени од моторно возило што се движи во крајната лента. Во моментот има повеќе вакви блокирања на патеките во Скопје, кои претставуваат сериозно загрозување на животите на пешаците и велосипедистите, а едно такво има токму на локацијата на акцијата“, велат организаторите.

Тие напоменуваат дека нашата држава нема регулатива (правилници) за тоа како се обезбедуваат, пренасочуваат и означуваат пешачките и велосипедските патеки кога се зафатени со градежни работи, сеедно дали се работи за изградба на објекти, за промена на инсталации или за дефект.

„Со цел да се поткрене свеста за овој проблем, но и да се повикаат одговорните за обезбедување алтернативни премини секогаш кога пешачките и велосипедските патеки се блокираат при изведување на градежни работи, учесниците на акцијата ќе направат жив штит кај крстосницата кај ГУЦ ‘Здравко Цветковски’, каде што моментно се изведува градежен зафат за да овозможат барем еден час безбеден премин за овие учесници во сообраќајот преку критичната точка со создавање алтернативна патека на дел од коловозот“, се вели во најавата за акцијата.

Македонија

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

Објавено пред

„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова демократска, политичка, одговорна Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните.Процесот на сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство кое треба да осигура нова Влада со полн четири годишен мандат продолжува“, соопшти партијата.

Според нив, пред македонското Собрание ќе биде испорачан предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе биде посветено на прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари кај секој функционер.

„Програмата на Владата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија каде главните принципи се платите и пензиите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашно стопанство.

Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – тоа е европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност, Влада која не знае за скршнување од патот кој после членството во НАТО води до членство во Европската Унија.Во изминатиот период успеавме да донесеме големи одлуки, да ги решиме отворените прашања. Следува период кога ќе се посветиме на работа дома, бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градежни работи на патот Галичник – Маврово

Објавено пред

ЈП Македонија Пат подружница Скопје почнувајќи од денеска ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 с.Галичник – Маврово. Асфалтирањето ќе се одвива во правец од с,Галичник према Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – 16.00 часот кога сообраќајот ке биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На регионалниот патен правец Р2431 Штип – с.Аргулица – Плачковица (детско одморалиште), на делот од крак за с. Прналија, 500 метри после аеродромот, спрема викенд населбата (28050 километри), сообраќајот е во прекин поради оштетување на патот во должина од 50 метри. На самото место поставена е вертикална сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес почувствуван во Пехчево и Берово

Објавено пред

Земјотрес од 3,2 степени според Рихтеровата скала попладнево беше почувствуван од граѓаните на Берово, Пехчево и околината.

Земјотресот се случил во 16 часот и 44 минути, а е регистриран 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова...

Свет36 минути

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет48 минути

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет3 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет12 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет12 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа13 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија15 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија15 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ17 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија17 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија19 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија20 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија20 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија20 часа

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија21 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија21 час

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ22 часа

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Економија22 часа

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и...

Досие