Контакт

Македонија

Граѓански организации: Изјавата на Премиерот и неумесното „извинување“ поттикнуваат хомофобија и линч кон ЛГБТ заедницата

Објавено пред

Граѓанските организации остро ја осудуваат скандалозната, недолична, хомофобна изјава на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта. Овој вид на јавен говор од носител на највисоката јавна функција, недвосмислено дава легитимитет и го охрабрува говорот и делата од омраза кон сите оние кои се со различна сексуална ориентација и ја загрозува слободата на изразување.

„Изјавата на Премиерот, вклучително и неумесното „извинување“, освен што се навредливи и дискриминирачки, поттикнуваат хомофобија и линч насочен кон ЛГБТ заедницата. Се доведува во прашање доследното спроведување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, и се поставува прашањето дали досегашните заложби за
унапредување на ЛГБТИ правата се навистина суштински или се само декларативни и формални.

Воедно, сметаме дека е крајно неприфатливо со вакви непромислени изјави да се етикетираат новинари кои критички известуваат за работењето на актуелната власт, и на тој начин да се создаваат услови за ограничување на слободата на информирање и изразување. Инсистираме Владата и Премиерот да покажат зрелост и умешност за справување со критиките, но и сериозно да се заложат за поддршка на критичката мисла и независното новинарство. Ова е особено важно во контекст на транспарентноста и отчетноста кои Владата ги претставува како едни од основните начела на своето работење.

Системот на вредности кој сакаме да го негуваме во Република Северна Македонија како идна членка на НАТО и ЕУ, во ниту еден случај не дозволува ваков дискурс кој ги доведува во прашање безбедноста на граѓаните и слободата на изразување“ велат граѓанските организации. Меѓу граѓанските организации кои ја осудија изјавата на премиерот се:

1. Фондација Отворено општество – Македонија
2. Здружение Хелсиншки комитет за човекови права
3. Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници
МАРГИНИ Скопје
4. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
5. Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија
6. Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје
7. Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
8. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје
9. Здружение за развој и унапредување на Ромската заедница-РОМАНО ЧАЧИПЕ (РЧП)
10. Центар за современи уметности – Скопје
11. Рурална Коалициjа
12. НВО Инфоцентар
13. Здружение Национален Ромски Центар
14. Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
15. Коалиција “Сите за правично судење”
16. Здружение за унапредување на родовата еднаквост – Акција Здруженска Скопје
17. Институт за човекови права
18. НВО КХАМ – Делчево
19. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените –ЕСЕ
20. Здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ – Скопје
21. Контрапункт – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички и
критички практики, Искра Гешоска, Претседателка
22. МЕТАМОРФОЗИС – Фондација за интернет и општество
23. Македонско здружение на млади правници
24. ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје
25. Здружение за сексуални и родови малцинства СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје
26. Институт за демократија ИДСЦС
27. Реактор – Истражување во акција



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пендаровски: „Рекет“ дискредитираше голем дел од нашите напори за справување со корупцијата

Објавено пред

Случајот „Рекет“ дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично, не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции, рече претседателот, Стево Пендаровски, на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата.

Според претседателот, довербата на граѓаните во судскиот систем е во постојана надолна линија. Речиси нема човек во нашата држава, додаде тој, што не минал низ судските лавиринти и што не поседува лошо искуство барајќи ја правдата.

„Говориме за неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите. Од друга страна, речиси секојдневно имаме судски случаи кои предизвикуваат сомнежи, дали во нашата држава правото важи еднакво за сите или можеби правото е сведено на политички инструмент, а правдата сè уште се повлекува пред моќта на моќните“, рече Пендаровски.

Според него, во изминатите 10-15 години во нашата држава високата корупција прераснала во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата.

Пендаровски нагласи дека искрената борба за правна држава подразбира да се истражуваат криминалите на претходната, но и криминалите на актуелната власт и секој кој се огрешил од законот, да добие соодветна казна. Истовремено, додаде тој, многу е значајно да не се дозволи преку намерно застарување на предметите да се случи т.н. „скриена амнестија“ на сторителите на дела поврзани со високата корупција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Објавено пред

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на пристапниот процес. Но, практично никој не верува во оваа причина. Стравот ни е дека ќе станеме втора Турција, земја која е постојан кандидат за пристапување, изјави претседателот, Стево Пендаровски, во интервју за германскиот весник „Шпигел“, на прашањето како францускиот претседател, Емануел Макрон, го оправдал недоделувањето датум за почеток на преговори.

Пендаровски вели дека недобивањето датум било големо изненадување и шок, пред сè зошто земјата направила нешто уникатно во модерната светска историја и го сменила името.

„Недобивањето датум за преговори беше длабок шок и целосно изненадување за нас. Иако претседателот Макрон најави дека сака да го реформира процесот на пристапување во ЕУ, сите се надеваа дека нема да го блокира почетокот на преговорите со Албанија и мојата земја, Северна Македонија. Тоа беше големо разочарување за нашите граѓани, нашата влада и лично за мене. На крајот на краиштата, ги донесовме сите клучни закони и договори. Пред сè, направивме нешто уникатно во модерната светска историја. За да го решиме спорот за името со Грција, го сменивме нашето државно име од Македонија во Северна Македонија“, вели Пендаровски.

На прашањето кои се опасностите доколку ЕУ во иднина стане помалку вклучена во регионот на Западен Балкан и која е опасноста Русија, Турција и Кина да го наполнат вакуумот, македонскиот претседател вели дека ќе се појават други играчи, но дека не сака да именува држави.

„Најпрво, се појавуваат други играчи. Затоа, ЕУ не треба да погреши да нè разбира само како соседски регион. Покрај тоа, другите земји ќе речат, погледнете, Македонците ги исполниле сите услови, го сменија своето државно име и тоа сè уште не им донесе ништо. Тогаш, зошто треба да направиме сериозен напор? Размислувам особено за Србија и Косово и за конфликтот околу признавањето на Косово. Не сакам да именувам држава по име. Но, во светот има центри на моќ кои не се задоволни од проширувањето на НАТО и ЕУ. И во овој контекст, земјите од нашиот регион во неколку наврати беа мета на лажни вести, дезинформации или кампањи за дестабилизација“, вели Пендаровски.

На прашањето дали се оправдани сомнежите во Франција, но и во други земји, за дефицит во владеење на правото, особено по апсењето на ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, која е обвинета за корупција, Пендаровски вели дека аферата не е за самата институција СЈО, туку за поединец.

„Аферата не е за самата институција СЈО, туку за нејзиниот поранешен шеф. Да, тоа беше шок за јавноста. Но, нашето судство одговори одговорно на оваа афера и со целосно владеење на правото“, вели Пендаровски.

„Шпигел“ потсетува дека Македонија е кандидат за членка на Европската Унија 14 години, што е најдолг период од која било друга земја освен од Турција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во возило кај Струмица пронајдени девет бегалци од Сирија, приведени се неколку лица

Објавено пред

Пред два дена на локалниот пат за селото Габрово, струмичко, кај место викано Габровски водопад и на регионалниот пат Струмица – Банско, кај селото Свидовица, струмичко, полициски службеници ги привеле Т.П.(20) од селото Муртино и З.А.(22) од селото Банско.

Во возилото кое го управувал Т.П. се превезувале девет лица – мигранти од Сирија, јави МВР.

Во врска со настанот, од слобода биле лишени и С.Ѓ.(25), од с.Муртино, Е.М.(30) од с.Банско и Д.М.(25) од с.Банско.

Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија50 минути

Фросина Ременски врши увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи...

Македонија1 час

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот “Талир”, на почетокот од судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет2 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет3 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет3 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија14 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет14 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет15 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа16 часа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет16 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт17 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија20 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа20 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија21 час

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија21 час

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија23 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија23 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија24 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија1 ден

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Досие