Македонија
Грковска во посета на Рим, во фокусот се антикорупциските политики и доброто управување

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, замина на дводневна работна посета на Рим, Италија.
Во рамките на посетата, Грковска ќе има работна средба со италијанскиот министер за јавна администрација, Ренато Брунета.
Грковска ќе се сретне и со претседателот на италијанската Национална антикорупциска комисија (АНАК), Џузепе Бузија, а ќе одржи и работен состанок со Диего Сабатино, експерт за јавни набавки во Државниот совет на Италијанската Република.
Ќе го посети и Универзитетот „Луис Гуидо Карли“, а ќе има средба и со Роксана Албистеану, менаџер за јавна политика за Југоисточна Европа на компанијата „Амазон веб-сервиси“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време, попладне и вечер дожд и грмежи

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ=8.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.
До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки. (Oпштина Ѓорче Петров)
Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.