Контакт

Македонија

Грковска – Кицара: Со стандардизација на сите институции до подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните

Објавено пред

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Џевад Кицара, директор на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На состанокот вицепремиерката Грковска ја нагласи важноста на Институтот како национално тело за стандардизација на Република Северна Македонија. Истовремено, посочи дека стандардизацијата е потреба и е услов за подобрување на општествените услови и животниот стандард, но и за подигнување на квалитетот на услугите што ги даваат институциите кон граѓаните.

„Нам ни недостигаат стандарди и треба да најдеме начин и да направиме план како стандардите да се имплементираат во сите институции. Во моментот има институции во кои стандардите се имплементираат, но има и такви каде што се дава отпор кон воведувањето на стандардите. И ние имаме обврска тоа да го промениме“, нагласи Грковска.

На состанокот вицепремиерката Грковска задолжена за спроведување политики за добро владеење најави иницијатива за вклучување на Владата кон членството на Институтот за стандардизација, со што ќе се пристапи кон спроведување на регулативи и практики според европски стандарди.

Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) е национално тело за стандардизација, кое ги претставува националните интереси во меѓународните, европските и во регионалните организации за стандардизација и ги промовира стандардизациските активности.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Објавено пред

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа е ултиматум и диктат после кој на Македонија и’ преостанува или вечно да преговара или да настане комплетна асимилација, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата појаснуваат: „Предлогот во себе предвидува Протоколи, или како што сака Владата да ги каже Годишни извештаи, преку кои ќе се оценува спроведувањето на членот 12 од Договорот со Бугарија од 2017-та година во кои се предвидува промени на учебници за ликови и настани од македонската историја, промени на табли на споменици, музеи и јавни места кои им пречат на Бугарија, санкционирање на секаква критика или поинакво мислење под превезот на говор на омраза и слични други понижувања“.

„Овој Протокол, но и целиот предлог е пораз на македонската дипломатија, бидејќи предвидува асимилација и национално обезличување на Македонија.

Затоа гневот во јавноста и кај народот е огромен. Затоа гласно НЕ за овој ултиматум кажуваат и експертите и интелектуалците, па дури и дел од функционерите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува граѓаните кои достоинствено и гласно се противат на оваа капитулација на владата на Ковачевски. СДСМ и Ковачевски се тие што одбраа да бидат против сопствениот народ, само за да зачуваат фотелји на сметка на македонскиот идентитет. Пораката на народот е ‘Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ’“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Објавено пред

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на процесот му беше понудено, Мицкоски одби ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана, шират лажни вести и нанесуваат штети на државните позиции и интереси.

Така е и сега кога имаме предлог за почнување преговори со ЕУ со кој добиваме чиста формулација на македонскиот јазик, без фусноти, кога историските прашање веќе не се дел од преговарачкиот процес.

Кога во тек е широк и инклузивен процес на консултации, Мицкоски дава задоцнети предлози и организира насилни протести.

Одново на дело докажува дека за него воопшто не се битни интересите на државата и граѓаните, туку тој свесно дејствува за нечии туѓи интереси.

Граѓаните го гледаат и ќе го ценат таквото неодговорно антидржавничко однесување на Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Најмалку четворица полицајци се повредени на вчерашните протести

Објавено пред

Најмалку четворица полицајци биле повредени по синоќешните протести против францускиот предлог, тврди владејачкиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„На Денот на независноста на САД, на Денот на борецот, на дело се виде насилството на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Јавноста вчера виде обиди за повторување на крвавиот четврток, на 27 април 2017 година од страна на политички партии кои не и мислат добро на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица по секоја цена се обидуваат да ја дестабилизираат државата, да го попречат процесот на евроинтеграција, одработувајќи за туѓи интереси.

СДСМ, институциите и граѓаните нема да деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози европската иднина на државата, нема да дозволат општеството да се врати назад во изолација и поделби“, се додава во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа...

Македонија21 минута

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет1 час

Членките на НАТО денеска ги потпишуваат протоколите за прием на Шведска и Финска

Членките на НАТО денеска ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за покана на Шведска и Финска во воената алијанса на...

Свет1 час

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија1 час

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување на консултации за...

Македонија2 часа

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија13 часа

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија15 часа

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија16 часа

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...

Македонија17 часа

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет20 часа

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија20 часа

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...

Македонија21 час

И Села го поддржа францускиот предлог

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „Не се...

Македонија22 часа

Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата...

Македонија23 часа

Демократскиот сојуз за францускиот предлог: Да се промени преговарачката рамка

Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледал модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со...

Свет23 часа

(Видео) Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – најавени се поинтензивни врнежи

Наредба за евакуација е издадена за десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град...

Свет24 часа

(Видео) Очевидци за крвавиот настан во Копенхаген: Ги мамеше луѓето да му се приближат

Напаѓачаот од Копенхаген се обидел да ги намами жртвите велејќи им дека неговото оружје е лажно, за да ги натера...

Свет1 ден

(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската...

Свет1 ден

Украина објави список со барања за продолжување на преговорите со Русија

Советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, презентираше листа на барања за продолжување на преговорите со...