Контакт

Македонија

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Објавено пред

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во институциите, да имаме администрација која ќе биде на услуга на граѓаните и да се создадеме систем кој ќе биде отпорен на корупција, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панелот на тема „Кревки демократии“, што синоќа се одржа во Рим, во рамките на Конференцијата на високо ниво на тема „Перспективите на Балканот и Црното море 2022“, во организација на НАТО, НАТО Фондацијата за одбрана, како и италијанското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерката Грковска нагласи дека доколку имаме стабилни институции кои се транспарентни, ефикасни, професионални и отпорни на политичко влијание, но и правосуден систем отпорен на политичко влијание, тогаш ќе може многу полесно да се соочиме со сите предизвици на кои наидуваме, независно дали се надворешни или внатрешни.

„Во однос на напредокот на Република Северна Македонија морам да нагласам дека во последните пет години постигнавме многу. Од заробена држава станавме високо признаен и ценет меѓународен партнер, станавме земја членка на НАТО, ги почнуваме преговорите со Европска Унија. Но тоа сепак не е доволно. Имаме уште многу работа пред нас, доколку сакаме да изградиме стабилен и одржлив систем“, нагласи Грковска.

На панелот се разговараше и за меѓусоседските односи во регионот на Западен Балкан, при што вицепремиерката Грковска истакна дека на регионот и на Европа им требаат сојузништва меѓу прогресивните и луѓето со интегритет, кои се посветени да направат позитивни промени. Важно е, рече таа, да правиме сојузништва со граѓанското општество, со независните институции, бидејќи само така може да се оди напред.

„Популизмот е најштетното нешто за една демократија. Лесно е да си политичар и да го кажуваш само тоа што граѓаните сакаат да го чујат. Треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат и да ги спроведеш вистинските реформи“, потенцираше Грковска.

Македонија

Мицкоски во униформа: Басните за 2001-ва Али да му ги раскажува на Ковачевски

Објавено пред

Басни за 2001-ва Али Ахмети да му раскажува на Ковачевски, напиша на социјалните мрежи, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски споделувајќи фотографија на која е тој облечен во воена униформа.

dobivaj vesti na viber

Ова се случува откако опозицискиот лидер претходно кажа дека бил добоволец во војната во 2001 година, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети возврати дека Мицкоски не учествувал во војната, туку само ја гледал на телевизија.

„Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…“, напиша Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шанса за Центар: Болници, градинки и јавни претпријатија се греат на нафта за домаќинства и мазут

Објавено пред

Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство што директно влијае на загадувањето на воздухот. На овој енергенс се греат огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град, па дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.

dobivaj vesti na viber

Граѓанската иницијатива и советничка листа во општина Центар „Шанса за Центар“ изработи мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите.

Мапирани се јавните објекти и установи кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Од тука велат дека мазутот е исклучително „валкан“ енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур отколку на пример највалканото автомобилско гориво – дизелот. Иницијативата е децидна дека нема магично, ниту брзо решение на проблемо со загадениот воздух кој го дишеме. Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи.

„Јавни објекти во Скопје кои се загреваат на нафта за домаќинство и мазут има најмалку 100. Барем ние толку успеавме да пронајдеме. Сигурно има уште… Количината на мазут и нафта за домаќинство која тие ја согоруваат е голема. На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава. Со нафтата за домаќинство пак која се гори во една сезона може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа го дишеме. Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство! На нафта за домаќинство се огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град. Дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле користи нафта за домаќинство. Во скопската котлина една јавна установа – затворот Идризово, ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање. Сето тоа заедно исто така придонесува за загадувањето на воздухот!“, велат од иницијативата.

Заклучуваат дека за да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив, но за да се промени начинот на греење кај институциите е полесно. Потребна е главно политичка волја и одлучност да се пристапи кон решавање на проблемот и таму да се насочат сериозни пари од буџетот.

„Ова е причина повеќе, покрај другите мерки, и да се продолжи со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа. Општините пак да работат на забрзана замена на начинот на греење на оние јавни објекти кои се во нивна надлежности, а на кои градското парно им е недостапно“, предлагаат од „Шанса за Центар“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Изјавите на Мицкоски дека бил доброволец во 2001 покажуваат дека е заложник на Апасиев

Објавено пред

Милитаристичките изјави на претседателот Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ, во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна, покажуваат дека тој е заложник на Апасиев, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Владејачката партија коментира дека Христијан Мицкоски е политичар без став и визија за стратешките прашања и делува против интересите на државата и на граѓаните.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стануваат заложник на популистичките политики и потпалувачките реторики на Левица, кои се испречуваат на европскиот пат на државата и се натпреваруваат со нив во штетното политичко делување“, велат од СДСМ преку соопштение.

Мицкоски пред два дена му се спротивстави на претседателот на ДУИ Али Ахмети кој за време на средбите со граѓаните од Тетово во својот говор рече дека на украинската делегација ѝ кажал дека треба да бидат искрени и ќе победат исто како што тие ги победиле Македонците.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ рече дека како доброволец во 2001 година го нема тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна и oти Ахмети на украинската делегација требало да ѝ каже и за колку стотици милиони евра е зголемено богатството на неговата фамилијаи на луѓето што го опкружуваат на сметка на инвалидите, кои го загубија животот.

Синоќа Ахмети повторно се надоврза на изјавите, порачувајќи дека Мицкоски не бил учесник во војната и ја гледал само на телевизија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Мицкоски во униформа: Басните за 2001-ва Али да му ги раскажува на Ковачевски

Басни за 2001-ва Али Ахмети да му раскажува на Ковачевски, напиша на социјалните мрежи, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски...

Свет1 час

Повторно пукање во Ерусалим, има повредени

Најмалку две лица се повредени во пукање во археолошкиот локалитет Давидов град во Ерусалим, Израел. Како што наведоа од полицијата,...

Македонија2 часа

Бугарската комисија за надворешна политика усвои декларација: „Осуда за насилството врз Бугарите во Северна Македонија“

Бугарската собраниската Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање во пленарната сала. Документот, како...

Македонија3 часа

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши, оцени опозицијата

Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши, оценува ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека дојде ред на толку потпишани договори, анекси,...

Македонија3 часа

Ахмети од Тетово: Мицкоски гледал војна само на телевизија

Мицкоски гледал војна само на телевизија, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети од Тетово, откако претходно првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет3 часа

Објавена снимка од полицајците во Мемфис кои брутално претепаа афроамериканец

Пет сега поранешни полицајци од американскиот град Мемфис се обвинети за убиството на 29-годишниот Тир Николс, афроамериканец кој беше претепан...

Свет3 часа

Светот го осудува масакрот во Ерусалим

Обединетите нации и неколку земји го осудија нападот на палестински вооружен напаѓач на периферијата на Ерусалим во близина на синагога...

Свет15 часа

(Видео) Терористички напад во Ерусалим, најмалку седум мртви

Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени. –...

Свет17 часа

Гутереш: Социјалните мрежи се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека социјалните мрежи и оние кои се рекламираат на нив се соучесници...

Свет18 часа

Кина: Америка е земја насилник која ги крши правилата

Кина денеска остро го критикуваше Вашингтон на состанокот на Светската трговска организација (СТО), нарекувајќи ги САД унилатерален насилник и земја...

Свет19 часа

Америка: Го убивме лидерот на Исламската држава

Американските сили го убиле лидерот на Исламската држава Билал ал-Судани и 10 негови оперативци во северна Сомалија, објавија американските власти....

Европа21 час

Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени...

Македонија23 часа

27 Јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, пригодно одбележан во МНР

Во Министерството за надворешни работи беше одбележан 27 Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на холокаустот. Настанот почна...

Македонија23 часа

Милков: Ќе го вратиме амбасадорот ако се почне со дијалог на високо министерско ниво

Ако се обезбедат услови за почнување дијалог на високо ниво меѓу Бугарија и Македонија или ако премиерот Ковачевски го убеди...

Македонија1 ден

Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите што патуваат во Северна Македонија за да се...

Македонија1 ден

Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу...

Европа1 ден

Орбан најави вето на санкциите против руската нуклеарна енергија

Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската Унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија, изјави утринава...

Топ1 ден

Истрага за пет лица, кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за...

Европа1 ден

Поранешен генерал е фаворит за претседател на Чешка

Поранешниот командант на чешката армија, Петр Павел, прозападен кандидат, кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот...

Свет1 ден

Пред 78 години беше ослободен Аушвиц, најлошото место во историјата на човештвото

Познатиот германски филозоф Теодор Адорно во своето дело „Културна критика и општество од 1949 година“ ја објави познатата реченица: „Пишувањето...