Македонија
ГРОМ ги избра раководните органи на партијата

Централниот одбор на политичката партија ГРОМ на седница одржана оваа седмица ги избра раководните органи на партијата.
Актуелниот генерален секретар на партијата, Крсте Петревски, повторно ја доби довербата од членовите на Централниот одбор и е избран за старо-нов генерален секретар.
Експретседателот на Градската организација на ГРОМ Скопје, Александар Трајановски е избран за секретар за меѓународна соработка.
За потпретседатели на партијата се избрани: Прим. д-р Добрила Андоновска, Биљана Петрушева и проф. д-р Александар Атанасовски
Беше избран и нов состав на Извршниот одбор на партијата кој сочинува 21 член. Избрани се повеќе нови личности од сите старосни структури и од повеќе сфери на стручност. Во извршниот одбор се внимаваше на родовата еднаквост и се избрани 10 жени или 48 отсто. Избрани се следниве членови:
Крсте Петревски – дипломиран економист о
Добрила Андоновска – прим. Д-р специјалист по Пластична и реконструктивна хирургија.
Билјана Петрушева – дипломиран економист
Александар Атанасовски – проф. д-р редовен професор на Филозофски факултет, Скопје
Александар Трајановски – дипломиран правник
Ристо Христов – доктор на економски науки
Зоран Најдановски – машински техничар
Горан Михајлов – дипломиран правник советник за осигурување
Анто Трајаноски – 5-ти степен сообраќајно
Сашо Милковски – дипломиран економист
Миле Спасовски – дипломиран правник
Слободан Ристовски – факултет за јавна администрација
Теа Јанакиевска – Студент на Филозофски факултет по психологија.
Христина Борисовска – професор по математика и физика.
Гордана Тодоровска – прим. д-р специјалист по детска и превентивна стоматологија
Весна Поповска – инженер агроном-полјоделство
Татјана Јанкуловска – професор по одделенска настава
Оливер Ромевски – магистар по меѓународни односи и човекови права.
Марта Куковска – магистар по комуникологија во област односи со јавност.
Бети Тасевска – дипломиран менаџер по царина и шпедиција
Магдалена Копчаровска-Дедиќ – дипломиран дефектолог олигофренолог
Се избра и претседавач на Централниот одбор на ГРОМ, проф. Зоран Петрушевски од Куманово.
Како новитет се формира Совет на ГРОМ со него ќе претседава проф д-р Тодор Чепреганов и проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски за потпреседател. Советот претставува советодавно тело за давање на мислења, ставови и предлози за прашања од стратегиско значење за работата и за развојот на Партијата и државата во целост. Составот на Советот го сочинуваат членови на ГРОМ и истакнати јавни личности од областа на науката, образованието, културата, спортот, бизнисот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од ЕВН Македонија информираат дека утре без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. Иван Манолев. ( општина Бутел )
во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. Ордан Чопела од бр.110 до бр.140, како и дел од корисниците од ул. Јајце. ( општина Чаир )
во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Струшка. ( општина Карпош )
во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул.21 во Сопиште ( општина Сопиште ) како и корисниците од ул. Шидска бр.10, бр.12 – влезови 2, 3 и 4, и бр.42. ( општина Ѓорче Петров )
во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од
ул. Румена Хаџи Панзова. ( општина Кисела Вода )
во периодот од 13.30до 16.00 часот, корисниците од место викано Осојница во Сопиште. ( општина Сопиште )
Македонија
Сончево и топло време со температури до 36 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=9
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.
Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Македонија
Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја

Власта да престане со преговори за македонскиот идентитет, јазик историја, да се вратат од Софија и да кажат дека преговори ќе продолжат само кога ќе има услови да се сочува нашето достоинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.
Мицкоски истакна дека очекува од власта веднаш да престане да ги распродава македонските државни и национални интереси.
– Јас очекувам да престанат да ги распродаваат македонскиот идентитет, култура, наследство, историја, тоа очекувам од овие ако можам така да ги наречам македонски официјални лица, тоа очекувам. Веднаш да престанат, да се вратат од Софија и да кажат дека работата не бива, престануваме во овој момент, кога ќе се создадат услови тогаш ќе продолжиме, во овој момент очигледно не постојат услови со кои што можеме да го сочуваме нашето достоинство. Ете тоа очекувам, потенцираше Мицкоски.