Контакт

Македонија

(Видео) ГРОМ: За Јакимовски е хајка, а за другите осомничени ќе каже судот дали се виновни

Објавено пред

За Стевчо Јакимовски е хајка, a за другите осомничени ќе кажат институциите дали има пропуст во нивното работење, велат од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), партијата на ексградоначалникот на општина Карпош. Оттаму велат дека можеби има пропуст во работата на општинските служби за делата за кои се теретат, но не и на контото на ексградоначалникот Јакимовски.

„Хајката е по единствениот гласноговорник против референдумот и промената на името и срамниот договор со јужниот сосед. Времето во кое се спроведува постапката е за да го замолчат и тоа да трае до референдумот, а за останатите обвинети со Јакимовски има инстиуции кои ќе одговорат“, велат од ГРОМ.

Од партијата сметаат дека станува збор за политички монтиран случај поради неговото јавно несогласување со политиките на власта.

„Сведоци сме на инструирана акција на оваа квислиншка власт. Се вршеше претрес во три објекти без присуство на адвокатот. Некој брза случајот да се спакува и процесира. За 24 часа треба цела документација да се разгледа. Јакимовски е и ќе остане еден од најдобрите градоначалници. Ова е хајка и монтиран процес врз него и партијата ГРОМ. Ние први не го поддржавме договорот со Грција, единствена парламенатрна партија сме која повика на бојкот. Ова нема да нè уплаши туку е мотив за да истраеме“, вели Александар Трајановски од ГРОМ.

Финансиската полиција ги гони поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште четири лица за три јавни набавки, со образложение дека го оштетиле буџетот за петстотини и деведесет и пет илјади евра или 36.634.675 денари.

 

Македонија

Јанушев ги чека резултатите од тестовите по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Објавено пред

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, а ја водеше новинарката, Душица Мрѓа.

Откако денеска Зекири објави оти неговиот тест е позитивен, со коментар на социјалните мрежи се огласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Тој вели дека се тестирал и ги очекува резултатите, меѓутоа се чувствува добро.

„Засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти“, напиша Јанушев на социјалните мрежи.

Јанушев нагласи дека состојбата со заразата е алармантна, а денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност.

По објавата на Зекири официјално соопштение објави и ТВ24, од каде велат дека новинарката Мрѓа се чувствува, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.

Од телевизијата укажуваат дека во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите, испочитувани биле сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде бил присутен Зекири е дезинфицирано.

„Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик“, нагласуваат од ТВ24.

Телевизијата најави дека ќе продолжи непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија.

Јанушев и ТВ 24 на Зекири и неговото семејсто му посакаа поскоро заздравување.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска: Важно е да добиеме активно Собрание што поскоро

Објавено пред

Согласно прогласената нова вонредна состојба од 2 недели, и согласно законските рокови, 5 јули е точниот датум кога ќе се одржат изборите, изјави Радмила Шекеринска, по средбата со регионалниот изборен штаб. Шерекринска вели дека навлегувањето во други датуми по 5 јули носи опасност да се загрози гласачкото право на граѓаните, бидејќи ќе го спротивстави со правото на одмор.

Таа е децидна дека не смееме да дозволиме државата да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Токму овие две институции, вели Шекеринска, мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19 и последиците од него.

„Изборите мора да се одржат на истекот на 22 дена по завршување на вонредната состојба односно во конкретниот случај на 5 јули. Не постои никаков друг правен механизам, без разлика колку и тоа да не им се допаѓа на одредени политички партии и лидери. Добро ќе беше овој датум да се потврди и со консензус, но мора да знаеме дека имаме одговорност пред државата, пред граѓаните и нивното здравје. Не смееме да се втурнеме во бескрајни преговори кои ќе ги држат граѓаните во неизвеснот, само затоа што Мицкоски се плаши од избори и затоа преку своите министри прави саботажи кои се на штета на граѓаните. Важно е за нашата парламентарна демократија, за нашата економија, но првенствено за граѓаните и за нашето здравје да добиеме ново активно Собрание, ден поскоро и тој ден е 5 јули“, рече Шекеринска.

Според неа, секој оној кој сака да ги одложи изборите, сака да ја продолжи кризата. Таа вели дека во период кога мерките се олабавуваат, кога можеме по посебни заштитни протоколи да посетуваме маркети и трговски центри, да посетуваме угостителски објекти, по заштитни протоколи ќе можеме и да го оствариме своето избирачко право, без закани по нашето здравје или здравјето на другите.

„Нашите здравствени експерти ја следат ситуацијата, нашите медицински капацитети се сериозно зголемени за разлика од времето пред коронавирусот. Треба да знаеме дека ако имавме на пример по 40 заболени дневно на почетокот на кризата, кога не знаевме со што се соочуваме, ни оддалеку не се исто со 40 заболени сега, кога сме целосно подготвени и кога епидемиолошките кластери се под контрола“, додаде Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вулин ја критикува Шекеринска: Ако иконографите се неважни, што не се фотографирала под кукаст крст

Објавено пред

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја критикуваше својата македонска колешка, министерката Радмила Шекеринска, за фотографијата со симболите на ОВК во кабинетот на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, како и нејзиното образложение, во кое таа порача дека во 2020-та иконографиите се неважни.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во кабинетот на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

Во официјалното соопштение од српското Министерство за одбрана, Вулин за ваквото објаснување на Шекеринска вели дека е подеднакво лицемерно како кога би се сликала под знамето на Исламска држава и би зборувала за верска толеранција:

„Да се фотографираш под знамето на таканаречената ОВК и да речеш дека тоа е неважна иконографија е како да се сликате под знамето на Независна Држава Хрватска (НДХ) и да кажете дека е во прашање ретро моден правец“, изјави Вулин.

Вулин го критикуваше конкретно и одговорот на Шекеринска дека „иконографиите не се репер за добро управување“, туку „најважно е дали политичарите им служат на граѓани“:

„Ако протокот на времето е доволно оправдување за сѐ да се заборави и знамињата под кои се правени ѕверства да не се веќе важни, тогаш прашувам, зошто министерката Шекеринска не би се сликала под кукаст крст и би објаснила дека поминале 75 години од оружените судири и дека сега е време за добро управување“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Јанушев ги чека резултатите од тестовите по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 час

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Македонија2 часа

Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел. Имено, од Чаир...

Македонија3 часа

Потврдени 62 нови случаи на ковид 19, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 62 нови случаи на ковид-19, а починале 2 лица....

Македонија3 часа

Мухамед Зекири е позитивен на коронавирус

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири на социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот. Зекири информира дека позитивни на коронавирус...

Македонија4 часа

(Видео) Спасовски: По сила на закон изборите ќе се одржат на 5 јули

По сила на закон изборите се на истекот од 22 дена по завршувањето на вонредната состојба, што значи дека ќе...

Свет5 часа

(Видео) Маск за лансирањето: Преплавен сум со емоции, тешко е да се зборува

Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути...

Македонија6 часа

Во ладилник кај Миравци пронајдени над 100 мигранти, приведен е жител на Косово

Синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски...

Свет6 часа

(Видео) Немири на протестите во САД, полицијата со возило туркала луѓе

Во 25 градови ширум САД воведен е полициски час по протестите за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше задавен...

Македонија7 часа

Казнети 673 лица за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава, по однос на уредбата за носење на лична заштита на...

Македонија7 часа

Почнува четвртата вонредна состојба

Почнува четвртата вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи вчера по состанокот на Советот за безбедност. Вонредната состојба ќе...

Македонија23 часа

Со полиција ќе се земаат анкети од семејството на починатиот од Ковид-19, на чиј погреб имало 200 луѓе

Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, а под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска...

Македонија24 часа

И денеска Чаир, Бутел и Сарај имаат најмногу заразени

Од денешните 22 случаи на заразени со коронавирус во Скопје, најмногу се од Чаир, Бутел и Сарај. Според податоците, Чаир има...

Македонија1 ден

Протокол за градинките: Децата да држат растојание, за секое дете да се обезбедат 2 постелнини

Владата денеска на седница го усвои протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на...

Македонија1 ден

Спасовски бара избори пред есен, поради најавите на СЗО за втор бран на коронавирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност посочи дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните...

Македонија1 ден

Потврдени се 35 новозаразени, а починаа уште 5 лица меѓу кои и бебето кое беше испратено во Швајцарија

Денеска се потврдени 35 нови случаи на ковид 19, а починати се 5 лица, информираат од Министерството за здравство. На...

Македонија1 ден

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот кој го имаше со Советот за безбедност, одлучи да прогласи нова вонредната состојба, четвртта по...

Македонија1 ден

Откако беше разрешен, реисот поднесува оставка: „Спремен сум да одговарам пред Бога и пред законот“

Откако пред неколку дена беше разрешен, поранешниот реис на ИВЗ Сулејман Реџепи преку соопштение пишува дека дава неотповиклива оставка од...

Свет1 ден

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони. Со коронавирусот се заразени 6.035.071 луѓе, 366.913 починале, а 2.66.658...

Македонија1 ден

Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано...

Досие