Контакт

Македонија

Груби вели дека рамковните административци имаат рок од 7 дена да се појават на новата работа

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, денеска соопшти дека 1.349 административни службеници, вработени по Охридскиот рамковен договор, ќе бидат распределени во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа.

Според Груби, на административните службеници, кои во рок од 7 дена нема да дојдат да си ги подигнат новите решенија, Министерството за политички систем ќе им ги раскине договорите за вработување и ќе ги пренесе на трансфер-листа.

„Трансфер-листата е во Министерството за информатичко општество и администрација, каде што веќе изборот не е нивен, односно од институција што има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат, им се укинува работниот договор. Немаат веќе право да пребираат и да бараат друго работно место, ова е единствената опција“, рече Груби на прес-конференцијата.

Тој исто така ги наброја некои од институциите каде што ќе бидат прераспределени рамковните вработени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.

Македонија

Потврдени 582 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.

Регистрирани се 374 оздравени пациенти од: Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 2.972 тестови. Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пријавени околу 4.000 кандидати за попишувачи и реонски инструктори

Објавено пред

Државниот завод за статистика го објави јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис кој ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Веќе се пријавени околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори.

Пријавувањето е преку електронската апликација поставена на веб страницата: https://popis2021.stat.gov.mk/ каде што може да се најдат сите информации за повикот.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.

Пријавувањето трае до 28 февруари.

Паушалниот надомест за попишувач е 4.000 денари, за секое попишано лице по 30 денари, за секој попишан стан по 20 денари, за секое попишано домаќинство по 50 денари, за лице определено за резерва паушал од 5.000 денари и за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700 денари дневно.

Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува: за реонски инструктор паушален износ од 5. 000,00 денари; за секоe попишано лице од попишувачот по 3,00 денари; за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари; за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре поради протест за „Монструм“ затворени неколку улици во Скопје

Објавено пред

Утре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“.

Протестот ќе почне во 13 часот во паркот Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, Собранието и Владата.

Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

– ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“, ул. ,,11-ти Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Потврдени 582 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија1 час

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија3 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија8 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија8 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија8 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија8 часа

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа8 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион9 часа

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа21 час

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија1 ден

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ1 ден

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет1 ден

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија1 ден

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија1 ден

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија1 ден

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија1 ден

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет2 дена

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Досие