Контакт

Македонија

Груби и Абазовиќ најавија зголемување на економската соработка со Црна Гора

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска го прими на средба во Скопје вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Двајцата вицепремиери изразија заедничка благодарност за состанокот, додека Груби изрази благодарност за придонесот на Подгорица за време на членството на нашата земја во НАТО и напорите што ги правиме на патот кон членството во Европската Унија.

Груби и Абазовиќ оценија дека двете земји немаат отворени спорови, економската соработка треба да се зголеми на повисоко ниво бидејќи сите земји во светот и нашите земји се соочуваат со економски и здравствени предизвици во овие услови на пандемијата.

„Ја гледам евро-атлантската идентификација на Црна Гора и симболот за регионална соработка на нашите земји во фигурата на Дритан како вицепремиер бидејќи тој е клучен елемент во тамошната влада, тоа е гаранција за евро-атлантска ориентација не само за Црна Гора, туку и за целиот регион, и тоа е гаранција за регионална соработка меѓу нашите две земји, ние исто така разговаравме за економска соработка и одржување  заеднички состанок меѓу нашите две влади и исто така разговаравме за создавање Форум на вицепремиери на земјите од Западен Балкан што сакаме да го спроведеме по сите изборни процеси. Му се заблагодарам за целата поддршка, посета и подготвеност за нашата заедничка соработка“, рече првиот вицепремиер Груби на прес-конференцијата по состанокот.

Од друга страна, голема благодарност за гостопримството изрази и вицепремиерот на Црна Гора, Абазовиќ, кој рече дека двете земји ќе продолжат со соработката во повеќе области, вклучително економската и здравствената состојба, притоа поканувајќи го првиот вицепремиер Груби на официјална посета во Подгорица.

„Му се заблагодарувам на вицепремиерот Груби за гостопримството, мислам дека нашата соработка  не само што беше добра преписка, туку и братска и во овој момент можам да кажам дека сум многу среќен што разговаравме и споделивме идеи. Нашиот договор беше како да го развиваме регионот во иднина, црногорската влада е задоволна од соработката со владата во Скопје и мислам дека идејата што Груби ја претстави,  заменик-премиерите да направат заеднички форум, може да се реализира.  Мислам дека треба да покажеме солидарност и да создадеме можности за сите балкански земји да бидат поуспешни на патот кон ЕУ, верувам дека некои либерални политики можаат да бидат присутни во иднина. Уште еднаш му се заблагодарам на вицепремиерот и го поканувам да ја посети Црна Гора во терминот што ќе му одговара и убеден сум дека двете земји можат да бидат добар пример за земјите од регионот кои имаат повеќе проблеми. Подготвени сме за соработка и се чувствувам многу добро во Скопје, во канцелариите на првиот вицепремиер и  посакувам во Подгорица да видам делегација предводена од г. Груби. Ние ќе продолжиме да работиме затоа што граѓаните немаат време за чекање“, рече Абазовиќ на прес-конференција.

Македонија

Сончево време со умерена облачност и температури до 21 степен

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, а во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните два дена утринските температури на места ќе се спуштат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Скопје и околината без струја

Објавено пред

Од „ЕВН“ Македонија информираат дека денеска во одредени временски периоди без електрична енергија ќе останат некои делови од Скопје и околината.

Според информациите од таму, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во периодот од 7:30 до 15:30 часот, корисниците од дел на улиците со број: 405, 406, 408, 415, како и делот кон ул.Мост Илинден (општина Илинден), во периодот од 9:00 до 16:00 часот, корисниците од село Ново Село, освен куќите покрај реката Вардар (општина Зелениково), од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Ефтим Стространов броевите:16, 18, 20, 22, , како и делот на улицата Димитар Мирасчиев броевите: 12, 14, 16, 18, 20 (општина Кисела Вода) и во периодот од 8:30 до 10:00часот корисниците с. Студеничани околу старата џамија и училиштето во селото, како и репетиторот на АД Македонски телеком (општина Студеничани).

Прикажи повеќе...

Македонија

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Објавено пред

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19, кои се со важност до денеска, да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

Исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

Исклучок се донесува и за организирање и одржување пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР-тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите.

Владата на оваа седница на предлог на Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за постапување при реализација на државните и меѓународните тестирања во основните и средните училишта.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...

Свет39 минути

Зеленски му предложи на Путин да се сретнат во Донбас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку видео-порака го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас....

Топ11 час

Стружанец си ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата,...

Македонија12 часа

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на...

Македонија12 часа

Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во...

Спорт13 часа

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот...

Македонија15 часа

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија17 часа

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија18 часа

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Македонија19 часа

Србите ќе бидат ослободени од плаќање патарини во Македонија поради благодарност за вакцините

Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарините во Македонија, во знак на благодарност поради донираните вакцини. Ослободувањето ќе...

Свет20 часа

Научникот кој ги поврза „Астразенека“ и згрутчувањето на крвта добивал пари од „Фајзер“

Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“ добивал пет години пари од конкурентската компанија...

Македонија21 час

Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје,...

Македонија21 час

Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски...

Македонија22 часа

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата...

Европа22 часа

Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа...

Свет23 часа

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија1 ден

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија1 ден

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа2 дена

Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет...

Македонија2 дена

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Досие