Македонија
Груби: Манифестациите како “Денови на азбуката” го одржуваат во живот нашиот идентитетски код

Првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби учествуваше на отворањето на манифестацијата „Денови на азбуката“, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во соработка со министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците.
„ Исклучително е важно да се потсетиме на важноста на моментите на дејствување кои го одржаа во живот нашиот идентитетски код и во таа насока Институтот за духовно и културно наследство на Албанците принципиелно ја извршува мисијата за која е формирана во духот на
Охридскиот договор, да ги расветли најбитните факти за нашата антика и национална автохтонија, но и да биде најдобрата архива на нашата
историска меморија. „Темелот на знаењето и патриотизмот е албанскиот јазик“, велеше големиот Мит’хат Фрашери. Неговите зборови сега се исто толку моќни како и во времето кога живеел и дејствувал”, нагласи Груби.
Според него, Албанците успеале денеска институционално да ги одбележат национални празници, и исто така спроведувањето на јазикот.
„ Нашиот јазик војуван во секое време успеа да опстане благодарение на заложбите на преродбениците, многуте мисионери и секој патриот за денес да биде темелот на нашите нови достигнувања, химна на развојот, напредокот и извонредна вредност на застапеноста на нашиот пат кон
интеграцијата во Европската Унија. Како што некогаш предизвиците за опстанок на нашиот јазик беа безбројни наспроти обидите за негова
асимилација, така и денес нашиот албански јазик е аманет што мора да се чува. Иако не ретко сме се соочиле со перипетии на спроведување на нашиот јазик, негова цензура во секој аспект од општественото живеење, ние почитувани присутни, со работа и посветеност инспирирани од
националното дејствување на мисионерите на Битолскиот конгрес, заедно успеавме денес институционално да ги одбележуваме нашите национални
празници и да уживаме во спроведувањето на нашиот јазик и секое национално право. Нашиот убав албански јазик го имаме како официјален
јазик со Устав и закон, имаме училишта и универзитети кои се богатство на образованието и создавањето на кадри за успешна реализација на новитр национални и државни мисии“, рече Груби.
Според него, годинава централна тема на манифестацијата „Денови на азбуката“ е посебна аналитичка перспектива на јазикот, литературата,
културата и традицијата на арберешите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според информациите на „Макфакс“ од терен, на асфалтот има траги од крв, а возачот на моторциклот со Брза помош е однесен во болница. На улицата е растечено и масло од моторциклот.
Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот му го пресекол патот на моторциклот, а тој удрил во левата страна од „фолксвагенот“.
По сообраќајката, на помош притрчале минувачи, кои се обиделе да му помогнат на возачот на моторциклот. Се обиделе да му го спречат крварењето, а го потурале и со вода.
На терен е излезена и полицијата. „Макфакс“ се обрати за детали, кои се најавени за подоцна. Во тек е увид.
Македонија
СДСМ: По сите скандали на Милошоски тој треба да си даде оставка, нема образ да зборува за македонските интереси

Македонија
Спасовски: Заврши времето на двојните стандарди, битката против криминалот не трпи селективност

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги коментираше обвинувањата од опозицијата во врска со наводни повластени криминални структури, категоризирајќи ги како комплетни дезинформации кои никако не соодветствуваат со реалноста.
Наведувајќи дека располага со информации за средби на дел од овие криминални структури токму со највисоките претставници на опозицијата, најверојатно поттикнати дека на тој начин ќе може да се помогне во некој друг аспект, тој порача дека овие активности не смеат да бидат со цел да се даде некаква политичка поддршка на било кој криминалец во државата.
Покрај ова, Спасовски истакна дека најголемиот дел од криминалните групи коишто опозицијата ги посочува во своите дезинформации, веќе се наоѓаат на издржување казна затвор и дека станува збор за достапни и лесно проверливи информации, додека за сите други криминални групи кои се занимаваат со рекет, уцени и други криминални активности, борбата интензивно продолжува.
„Не можете во исто време да имате борба против криминалните структури и да заштитувате некого. За тоа сведочат граѓаните, за тоа сведочат и сопствениците на угостителските објекти и оние кои ги посетуваат. Нема никаква селективност, бидејќи битката против криминалот не може да подразбира селективност. Заврши времето на наши и ваши, на заштитени и привилегирани, наспроти сите останати. Заврши времето во кое вие како политичар ќе преговарате за да амнестирате некои свои, кои што имаат криминални активности, визави т.н. „уставобранители“ коишто се во затвор, а за нив нема да гласате во Собранието. Знаете, тие двојни стандарди веќе не поминуваат“, потенцираше министерот Спасовски. Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај. „Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ – да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата“, беше категоричен Спасовски.