Контакт

Македонија

Груби на средба со црногорската амбасадорка Петровиќ: Заедно ги почитуваме вредностите на НАТО и ЕУ

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, имаше средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

Груби и Петровиќ потврдија дека двете земји негуваат добро пријателство и соработка почитувајќи ги истите вредности – Европската Унија и НАТО.

На средбата беше истакнато дека Република Северна Македонија има важна и конструктивна улога во унапредувањето на односите меѓу земјите од Западен Балкан и во исто време е добар пример каде граѓаните покажаа демократска зрелост и се одлучија за владеење на правото и демократските вредности.

Марија Петровиќ му се заблагодари на Груби за поддршката што Република Северна Македонија ѝ ја дава на Црна Гора на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија.

Двајцата се согласија дека двете земји треба да продолжат да одржуваат добри билатерални односи и на тој начин да ја зајакнуваат економската соработка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

РСБСП со апел: Возачи, внимавајте на тракторите во сообраќајот

Објавено пред

Во овие есенски денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав и кога е актуелна бербата на грозјето, пченката, жетвата на оризот, итн. бројот на земјоделски возила – трактори, мотокултиватори и други мобилни машини кои учествуваат во сообраќајот значително се зголемува. Ова претставува дополнителна и сериозна опасност во патниот сообраќај.
Сообраќајните незгоди во кои што учествуваат земјоделски возила најчесто завршуваат со загуба на животи, тешки телесни повреди и огромни материјални штети. Ова е нешто што сите би сакале да го избегнеме, предупредува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

За жал, статистичките податоци покажуваат дека секоја година по неколку возачи на трактор и патници на трактор или приколка го губат животот во сообраќајни незгоди. Во првите 6 месеци, во 2020 година, 1 возач на трактор го загуби животот во сообраќајна незгода а 12 се повредени. Во летните месеци, според неофицијалните податоци на РСБСП, уште двајца возачи на трактор го загубија животот во сообраќајни незгоди. Меѓутоа не страдаат само возачите на трактори, тука се и патниците, т.е лицата кои се превезуваат на трактор или приколка, а и останатите учесници во сообраќајот кои страдаат во сообраќајни незгоди во кои едно од возилата учесници во незгодата е трактор или приколка.

Согласно наведеното, не е мал бројот на лица кои страдаат во сообраќајни незгоди во кои учествуваат трактори, мотокултиватори и други мобилни машини. За таа цел, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со апел до сите учесници во сообраќајот, да бидат свесни и претпазливи за оваа опасност во сообраќајот. РСБСП посебно апелира да возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да управуваат технички исправни возила и да бидат соодветно осветлени во ноќни услови и во услови на намалена видливост.

Покрај тоа, РСБСП со совети и за возачите на другите моторни возила да внимаваат на тракторите и другите мобилни машини во сообраќајот, и тоа:
• Бидете внимателни во ноќни услови и во услови на насмалена видливост бидејки за жал често се случува трактори и други мобилни машини да не бидат соодветно осветлени.

• Намалете ја брзината, особено на локални и регионални патишта на кои често во сообраќај учествуваат трактори и други мобилни машини. Особено внимавајте на остри кривини, мостови и други места каде што има слаба видливост бидејки тракторите се движат со помала брзина. Поради побрзо возење може да се доведете во состојба да не можете безбедно да го запрете вашето возило, ниту пак безбедно да престигнете.
• Бидете внимателни и стрпливи при престигнување. Доколку се најдете позади трактор, мотокултиватор или друга земјоделска машина, бидете трпеливи и имајте во предвид дека тие најчесто имаат релативно кратки релации на патување, најчесто од 5 до 10 километри и истите брзо ќе се исклучат од сообраќај. Земјоделците се свесни за застојот којшто го предизвикуваат во сообраќајот и доколку тоа е можно, ќе ви остават доволен простор безбедно да ги престигнете, но истите не треба да бидат престигнувани на места и во услови каде што коловозот не го дозволува тоа.
• Внимавајте на приколките и другата приклучна механизација. За жал приколките и другата приклучна механизација на тракторите, мотокултиваторите и другите мобилни машини ( прскали, плугови, цистерни, култиватори и др,) често пати не се соодветно означени или на се соодветно и безбедно прикачени за возилото или излегуваат надвор од дозволениот простор во должина или ширина. Секогаш кога ќе забележете трактор или мотокултиватор во сообраќајот намалете ја брзината и пристапете и продолжете со дополнително внимание и концентрација
• Внимавајте на товарот. Не соодветно обезбеден товар и товар кои излегува надвор од дозволениот габарит или надвор од пропишаната и дозволената маса, може да биде опасен како за возачите на трактори и мотокултиватори, така и за останатите возачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: Во тек се тестирањата на националната платформа за онлајн настава

Објавено пред

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите во јавноста дека платформата не функционира и дека учениците и наставниците не можат да се логираат.

„Министерството за образование и наука, информира дека течат тестирањата на единствената Национална платформа преку којашто ќе се одвива наставата од далечина од први октомври годинава. Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици“, соопштија од Министерството.

Со цел да се обезбеди потполно функционална платформа до почетокот на учебната година, велат од МОН, тестирањата ќе продолжат и во наредните денови.

Исто така, Министерството за образование и наука информира дека во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата.

Учениците викендов добија лозинки и упатства како да пристапат до платформата, а денеска требаше да одржат пробен час.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Објавено пред

По 16-ти пат, в сабота на 26. септември, една недела порано од вообичаеното, Скопје и скопјани беа дел од овогодинешниот градски културен настан – Бела ноќ.

На 10-те локации (паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, МКЦ, Зеленото пазарче, Ибни Пајко плоштадот, Музејот на современа уметност, Домот на култура Кочо Рацин, Архитектонскиот факултет, Градската библиотека Браќа Миладиновци и Даут Пашиниот Амам), присутните ги погледнаа перформансите, концертите, изложбите и останатите културно-уметнички активности.

Во пријатна атмосфера помина и централниот настан на Бела ноќ, Скопските евергрини, кој се одржа на паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, каде најпознатите скопските хитови беа изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други, во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

Голем интерес меѓу посетителите имаше и за останатите културни случувања во градот, со што успешно заврши и оваа 16-та по ред Бела ноќ, во организација на ЈУ Универзална сала, со поддршка на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

МОН: Во тек се тестирањата на националната платформа за онлајн настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Свет55 минути

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет1 час

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува корона

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19, бидејќи примероците...

Македонија2 часа

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион3 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија4 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија5 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија16 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија17 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион18 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет18 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет20 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ21 час

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија21 час

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија22 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ23 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа24 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет1 ден

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ1 ден

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа1 ден

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Досие