Контакт

Македонија

Груби се вакцинира против коронавирус

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19 во Поликлиниката „Чаир“.

Груби апелира до сите граѓани да се пријават за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk бидејќи, како што рече, само на овој начин ќе се постигне имунизација на целото наше население и во исто време ќе го поразиме овој вирус.

„Во согласност со одлуката на Република Северна Македонија, денеска ми дојде редот и мене да се вакцинирам во Поликлиниката ‘Чаир’ и штотуку го завршив процесот на вакцинација. Сакам да изразам огромна благодарност до целиот медицински персонал, помошниот персонал, кои им помагаат на граѓаните и овозможуваат вакцинацијата да продолжува секој ден. Сакам да апелирам до сите граѓани што се регистрирани на порталот vakcinacija.mk да одговорат на поканите, да се вакцинираат, а оние што сѐ уште не се регистрирани, да го направат оваа затоа што трае многу кратко, само неколку минути на порталот за вакцинација и самиот процес на вакцинација е краток и апсолутно безболен и 100 % безбеден, затоа ве повикувам сите да се вакцинирате и да не доцниме да се вратиме на нашиот вообичаен живот“, рече Груби.

Македонија

Полицискиот час се укинува вечерва на полноќ

Објавено пред

Забраната за движење се укинува вечерва на полноќ, соопшти Владата.

„Одлуката од денешната седница на Владата со која, почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, стапува на сила од вечерва на полноќ“, се наведува во појаснувањето на одлуката.

Одлуката ќе биде објавена во Службен весник пред полноќ и со тоа сите одлуки на Владата од денешната седница стапуваат во сила во 00:00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата го укина полицискиот час, дозволени се прослави и настани

Објавено пред

Полицискиот час од утре се укинува, угостителските објекти останува да работат само на отворено, а се дозволува и одржување на настани, свадби, прослави и веселби на отворен простор.

Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:

– Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија.

– Исто така од утре, 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.

– Владата донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000 посетители.

– Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од утре е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.

– Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Протестираме да видиме што преговара двоецот Заев-Бучковски

Објавено пред

Денеска е веќе петти ден како се случуваат овие блокади, овие протести. Протестираме со една цел, а тоа е да видиме што преговара двоецот Заев-Бучковски, бидејќи до сега во јавноста има една општа конфузија за тоа што преговара овој двоец, а е многу значајно затоа што од информациите кои ги добиваме од дипломатски извори од Брисел, но и од официјална Софија, тие преговараат за се’ она за кое велат дека не преговараат, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, се преговара за идентитетот, културата, посебноста, јазикот, наследството и антифашистичката борба.

„И многу е важно јавноста да ја знае вистината, бидејќи некако во јавноста се одомаќини зборот нов договор со Бугарија, односно со Софија. Јас не знам навистина до кога е потребно Зоран Заев да потпишува капитулантски договори на штета на македонскиот народ, на штета на македонскиот идентитет, но едно е јасно дека ниту тоа што до сега го работеше, ниту тоа што во иднина ќе го работи, а колку е пократка таа иднина толку ќе биде подобро за македонскиот народ и македонската држава“, рече Мицкоски.

То изрази надеж дека вицепремиерот Бујар Османи утре ќе оди во парламентот и пред пратениците отворено ќе зборува за тоа за што преговара.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Владата го укина полицискиот час, дозволени се прослави и настани

Полицискиот час од утре се укинува, угостителските објекти останува да работат само на отворено, а се дозволува и одржување на...

Топ14 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија16 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија18 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија19 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет19 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија19 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија20 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет22 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија22 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет22 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет22 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет22 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет2 дена

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет2 дена

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија2 дена

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа2 дена

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија2 дена

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија2 дена

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Досие