Контакт

Македонија

(Видео) Груевски го удри Талат во Собранието

Објавено пред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го удри претседателот на Собранието, Талат Џафери, во собраниската сала. Тој со удирање врз масата бараше прекинување на седницата, му ја истури водата на Џафери, а проба и да му ја одземе собраниската картичка. Груевски му го исклучуваше и микрофонот на собранискиот спикер, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ удираа врз масите. Обезбедувањето веднаш реагираше обидувајќи се да го спречи инцидентот на денешната седница на чиј дневен ред е Законот за употреба на јазиците.

Експремиерот Никола Груевски, како револт што претседателот на Собранието, Талат Џафери, не им дава право за процедурална забелешка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, излезе на говорницата пред спикерот и се обиде да му ја одземе картичката за гласање. Околу говорницата се собраа повеќе пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски му ја истури водата на Џафери, а потоа се обиде физички да се пресмета, при што му се доближи со глава, а истовремено замавна кон него. По ова, изреагира собраниското обезбедување, кое се обиде да го спречи инцидентот и да го оддалечи Груевски од Џафери. Џафери даде 10 минути пауза, а собраниските служби се обидуваат да ја санираат штетата.

Седницата продолжува.

Македонија

Дачиќ: Не и честитавме на Македонија бидејќи нема што да се честита

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србија не и честитала на Македонија за договорот за решавање на спорот со Грција околу името, бидејќи нема што да се честита, пренесе „Б92“.

Тој додаде дека Србија има позитивен став, но не гледа причина зошто би се мешале кога не се повикани.

„Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и го поддржуваме секој договор во кој страните се договараат да ги решат проблемите на мирен начин“, изјави Дачиќ одговарајќи на прашање дали Србија и честитала на Македонија.

Додаде дека сите го очекуваат крајот на процесот околу договорот меѓу Македонија и Грција.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Дескоска очекува поддршка од сите политички партии за законските измени во правосудството

Објавено пред

Од

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска оствари средба со Џеф Голдстајн, вршител на должност Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која се разговараше за Планот 18 – реформските приоритети во областа на правосудството во Македонија, кон кој ќе биде насочена работата на министерството во наредниот период.

За време на средбата, Дескоска потенцираше дека посакува законски измени со висок квалитет, за кои очекува поддршка и консензус од сите политички партии застапени во Собранието.

Министерката за правда додаде дека законските решенија ќе бидат изготвувани од експерти, и истакна дека сите решенија ќе бидат предмет на широка јавна дебата со цел да се изнајде долготрајно решение кое ќе ја гарантира независноста и непристрасноста на судството.

В.д. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Џеф Голдстајн и честиташе на Дескоска за именувањето на функцијата и истакна дека организацијата која ја претставува ќе даде поддршка на реформските процеси на Македонија.

Покрај реформските приоритети во правосудството, на средбата се разговараше и за кодификација на кривичниот законик, Законот за управните постапки, како и за Законот за бесплатната правна помош.

Во моментот, Министерството за правда соработува со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на измените во кривичниот законик во делот на одредбите кои се однесуваат на криминалот од омраза.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Собранието кажа „да“ за македонската иднина

Објавено пред

Од

Собранието денеска кажа „да“ за македонската иднина, велат од владејачкиот СДСМ во врска со ратификувањето на договорот со Грција. Како што велат од таму, конечниот договор за решение на 25-годишниот спор што ја влечеше земјава надолу ги отвора евро-атлантските перспективи.

„Веста дека Северноатлантскиот совет прифатил поканата за влез на Македонија во НАТО да биде ставена на дневен ред на следниот самит на алијансата е уште една потврда дека договорот е патриотски чин кој обезбедува сигурна иднина на државата, на граѓаните. Лидерството е препознаено, Македонија чекори кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението.

Од СДСМ велат дека со договорот се зајакнува и заштитува македонскиот идентитет, никогаш повеќе да не биде негиран или оспоруван. „Конечниот збор за решението ќе го имаат граѓаните. Убедени сме дека на референдумот граѓаните ќе кажат „да“ за обезбеден и гарантиран македонски идентитет, „да“ за целосна интеграција во ЕУ и НАТО, ќе кажат „да“ за македонската иднина“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија5 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија6 часа

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија6 часа

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија7 часа

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија9 часа

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет9 часа

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија9 часа

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија1 ден

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија1 ден

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Македонија1 ден

Жителите на Тимјаник го намалиле отпорот за отворање мал групен дом во нивното село

Месното население во Тимјаник, една недела подоцна откако предизвика голем револт кај јавноста бидејќи протестира против отворањето мал групен дом...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието заради, како што велат, кршење на Уставот и...

Македонија1 ден

(Видео) Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија1 ден

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија1 ден

(Видео) „Предавник“, извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во собраниската сала пред пратениците образложи зошто договорот со Грција треба да биде донесен...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија1 ден

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија2 дена

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Досие