Контакт

Македонија

(Видео) Груевски доцнеше 16 минути на судењето за ТНТ

Објавено пред

Со задоцнување од 16 минути почна денешното рочиште за предметот ТНТ на СЈО. Судењето почна подоцна поради тоа што не беше присутен обвинетиот Никола Груевски, кој со обезбедувањето се појави во судот во 11.16 часот. Судијата Огнен Ставрев рече дека ќе ги пушти снимателите да влезат во судницата кога ќе дојде и поранешниот премиер Никола Груевски. На судењето ќе се слушаат 26 бомби.

Случајот ТНТ на специјалното јавно обвинителство се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“.

Македонија

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна тема беше нон пејперот подготвен од страна на Франција, a во кој се содржани иницијативите на француската држава и претседателот Макрон за реформа на методологијата и начинот на кој би се одвивале преговорите за проширување на Европската Унија во иднина.

„Самата содржина на иницијативата, но и брзината со која Франција излезе со оваа иницијатива, на само еден месец од октомвриските самити, покажува дека процесот на европско интегрирање на целиот регион, а со тоа и на земјава, не е запрен, туку тече со солидна динамика“, истакна Османи потенцирајќи притоа дека иницијативата е веќе испратена до земјите членки, кои веќе работат на неа, што укажува на фактот дека процесот се движи, изразувајќи притоа и надеж дека набргу може да се очекува нова методологија, која ќе овозможи почеток на преговорите со ЕУ.

За време на средбата, вицепремиерот Османи изрази благодарност до Франција и амбасадорот Тимоние за инклузивноста со која се гради овој процес вклучувајќи ги и земјите што преговараат и очекуваат да го почнат овој процес, како и за прецизноста со која се потврдува поддршката од страна на Франција за европските перспективи на целиот регион.

„Веројатно, најважната компонента на овој документ претставува јасната и недвосмислена потврда дека главната цел на преговроите претставува полноправно членство во Унијата, со што се затвораат сите шпекулации за разни алтернативни и асоцијативни членства и што го враќа процесот на европско интегрирање на земјите од Западен Балкан во негова целосна ширина“, истакна Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров-Ан Линде: Поддршка од Шведска за европскиот пат на Северна Македонија

Објавено пред

Денес, во посета на земјава престојуваше министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде, во чии рамки оствари средба со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Акцент на средбата беше ставен на потребата од јасен и недвосмислен одговор на европските аспирации и перспективите на Република Северна Македонија, особено по одлуката на октомврискиот европски совет. Министерот Димитров информира за досегашните постигнувања и резултати во клучните реформски области нагласувајќи дека Северна Македонија ги поздравува идеите за поголема критичка опсервација и посилна контрола на ЕУ-пристапниот процес, но без промена на крајната цел: полноправно ЕУ-членство. Во таа смисла искажа благодарност до Шведска, која со континуираната поддршка потврдува дека е конзистентен промотор на процесите на суштинска демократизација во нашата држава и на регионот во целина.

За време на разговорот помеѓу двајцата министри стана збор и за регионалната динамика и други актуелни меѓународни прашања, како и за севкупните билатерални односи и соработката меѓу Северна Македонија и Шведска.

Од страна на гостинката беше нагласена позитивната динамика во политичкиот дијалог меѓу двете земји, при што и нејзината денешна посета на земјата претставува реафирмација на шведскиот став за силна поддршка на нашиот европски пат. Таа исто така искажа подготвеност за билатерална соработка и во други области од важност за нашата држава и од заемен интерес.

Во рамките на посетата министерката Линде беше примена и од претседателот Стево Пендаровски, а ќе се сретне и со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на Пендаровски со шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, ја прими министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шведска, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи. Во тој контекст претседателот Пендаровски посочи на интересот на Северна Македонија за интензивирање на соработката со Шведска во сферата на економијата.

Претседателот се заблагодари за континуираната поддршка од Шведската меѓународна агенција за развој за земјава.

Во контекст на европските аспирации на нашата држава, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката што Шведска ја дава за интеграцијата на Северна Македонија и за државите од Западен Балкан во Европската Унија.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека и покрај отсуството на одлука за почеток на пристапните преговори со ЕУ, европската интеграција останува стратешка цел за нас.

За Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски на средбата, не постои друга прифатлива алтернатива, освен полноправно членство во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија5 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија6 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија6 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија7 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет8 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет9 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија9 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија10 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија20 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет21 час

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа22 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет23 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија1 ден

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет1 ден

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет1 ден

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија1 ден

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Досие