Контакт

Македонија

(Видео) Груевски: Затворот е политички прогон

Објавено пред

Затворот е политички прогон, нема да ги поддржам уставните измени и да го изневерам мојот народ, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот ,,Тенк”.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека ќе ги искористи правните лекови пред Врховниот суд и дека нема нови докази за пред највисокиот суд. Груевски соопштението на Апелација го дочека во судница дури ги слушаше бомбите во ,,Титаник”.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Македонија

(Видео) Ковачевски од Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство што првпат ваков самит на сите земји членки на ЕУ се одржува во Западен Балкан, во соседна Албанија. Тоа, како што рече, само ја потврдува посветеноста на ЕУ кон проширувањето.

dobivaj vesti na viber

„Во овој навистина тежок геополитички момент за Европа, кога се води војна во Украина, ова е многу јасен сигнал дека иднината на Западен Балкан и на сите земји од регионот е во ЕУ.

Се разговараше многу отворено, и тоа за оние теми што се најважни, најпрвин за енергетската криза и справувањето, повторно беа искажани сите заложби на ЕУ за брза помош за Западен Балкан преку фондовите што се на располагање, што значи дека ние во јануари веќе ќе имаме пристап до 80 милиони евра, кои беа одобрени за справување со енергетската криза, меѓутоа и за инфраструктурните проекти за енергетска транзиција и за енергетска класификација.

Предмалку заврши состанокот со Европската банка за обнова и развој со претседателката на банката, на кој разговаравме за конкретните проекти за поврзување со интерконектори со Грција и со Бугарија, дополнителни два интерконектора, како и за довршување на другите гасоводи што се наоѓаат на територијата на нашата држава, бидејќи веќе го завршивме гасоводот кој одеше од Жидилово до Битола“, информира Ковачевски.

Разговаравме, дополни тој, и за она што земјите кандидатки за членство во ЕУ го имаат кај себе да го завршат, „тука особено разговаравме за владеењето на правото и за борбата против корупцијата, вие знаете дека на агендата на нашата Влада многу високо се владеењето на правото и борбата против корупцијата и дури и овие денови тоа е главна тема, која ги окупира нашите медиуми, меѓутоа и нашите политички институции“, нагласи Ковачевски.

„Веќе разговаравме и на ниво на коалициски партнери во однос на првпат донесување закон за ветинг (проверка) во државата, јас за тоа разговарав и тука со највисоките претставници на ЕУ и многу бргу ќе се најде законско решение пред пратениците во Собранието за спроведување постапка за оценување на постојните и на идните носители на функции во однос на нивниот интегритет во насока да се намали можноста за каква било нефункционалност на оние што ќе бидат поставени на позиции, а тука, пред сѐ, мислам на намалување на корупцијата, криминалот и подобрување на управувањето со институциите“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Советот на амбасадорите задоволен од најавата на Агелер за поагресивно разгледување на досиејата на корумпирани политичари

Објавено пред

„Совет на амбасадорите со големо задоволство ја прими веста објавена на „Твитер“ од страна на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, дека тимот за санкции од Вашингтон веќе е во нашата земја и поагресивно ќе ги разгледува досијата на поранешни и на актуелни корумпирани политичари и да ги дава сите можни одговори“, се истакнува во нивната реакција.

dobivaj vesti na viber

Советот на амбасадорите, како што додаваат, црвсто ги поддржува констатаците на амбасадорката на САД, Агелер, на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, и амбасадорите на некои земји членки на Унијата, јавно изнесени на разни конференции и дебати, како и констатациите изнесени во годишните извештаи на ЕУ, дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење, за да се покаже дека никој не е над законот.

Советот исто така смета дека корупцијата воопшто, како и корупцијата на високи државни фукционери, е главната причина што младите ја напуштат земјата и заминуват во странство за да обезбедуваат материјални средства за лична и семејна егзистенција.

Совет на амбасадорите ги повикува Владата, раководителите на органите на Владата, државните институции, како и лидерите и членството на сите политички парттии од власта и опозицијата, да се борат против минатата и сегашната корупцијата во своите редови за конечно државата да оди кон вистинстки економски, социјален, финансиски, културен и секаков прогрес од сега до иднината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Ахмети – Агелер: Го продолжуваме европскиот пат со целосна американска поддршка

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на која ѝ посака успех во новата мисија.

dobivaj vesti na viber

Соработката меѓу двете земји, евроинтеграциите, уставните измени и реформите, политичката состојба во земјата и регионот, како и процесот на ветинг (проверка) беа само неколку теми на кои разговараа Ахмети и Агелер.

Ахмети истакна дека враќањето на Агелер и нејзините познавања за земјата и околностите ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и уште поголемо зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Изрази благодарност за американската помош во процесот на реформите и евроинтеграциите.

Целосната интеграција на нашата земја и на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на регионот.

На средбата Ахмети и Агелер разговараа за потребата од усвојување на уставните измени како услов за продолжување на европскиот пат поради што било оценето дека сите политички сили во државата треба да рефлектираат и да не ја држат во заложништво иднината на државата и нејзините граѓани.

Ахмети исто така го потенцира процесот на ветинг како неопходен поради фактот што тој ќе биде најдобра форма за кредибилитетот на личностите во сите сфери, од политиката до Обвинителството и судството, како форма на контрола пред тие да бидат избрани на одредени позиции.

Ахмети изрази благодарност за значителната улога на САД во земјата и регионот, како и дека тој и ДУИ се партнери и целосно достапни за прогресивната проевропска агенда, владеењето на правото, реформите и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Вучиќ од Тирана: Подобро да се биде на масата отколку на менито

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана, изјави дека...

Македонија4 часа

(Видео) Ковачевски од Тирана: ЕУ покажа дека е посветена на проширувањето

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, на самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана изрази задоволство што првпат ваков самит на сите...

Македонија6 часа

Град Скопје: Утре ќе се објави јавниот повик за приватните превозници, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да конкурираат

Јавниот градски превоз го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во...

Македонија9 часа

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија....

Македонија10 часа

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Тим од Вашингтон допатувал во Македонија за да врши мониторинг врз правосудството и коруптивните актери. За ова на „Твитер“ објави...

Македонија11 часа

Пенов за блокадите во Скопје: Ова е самоволие, граѓаните трпат преголема штета

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги...

Свет11 часа

Кремљ: Потребен е долгорочен мир, но во моментов нема шанси за разговори со САД

Од Кремљ пристигна одговор на коментарите на американските претставници, во кои Русија тврди дека е потребен фер и долгорочен мир,...

Регион11 часа

Урсула фон дер Лајен: Западен Балкан повторно оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана истакна дека напредокот повторно е...

Македонија12 часа

Потпишан договор за поевтини роаминг-услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен...

Свет12 часа

Армијата на Белорусија започна вежби за борбена готовност

Вооружените сили на Белорусија почнаа вежби за борбена готовност за сите категории воен персонал. Како што соопшти Министерството за одбрана...

Македонија13 часа

Премиерот Ковачевски на Самит во Тирана пречекан од премиерот на Албанија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана беше пречекан од премиерот на Република Албанија, Еди...

Македонија13 часа

Приватните превозници втор ден го блокираат Скопје

Втор ден сообраќаен хаос во Скопје. Продолжуваат блокадите од приватните превозници. Автобусите и во текот на ноќта останаа на трите...

Економија13 часа

Путин: Евроазија е моторот на глобалниот економски развој

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека Евроазија е локомотива на глобалниот економски развој, нагласувајќи дека таму треба да се формираат...

Свет13 часа

Орбан ја поддржа изјавата на Макрон: Војната во Украина различно влијае врз Америка и ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на преиспитување на санкциите воведени кон Русија и ја поддржа изјавата на францускиот претседател Емануел...

Свет14 часа

Индонезија донесе закон со кој се санкционира сексот надвор од бракот

Парламентот на Индонезија денеска усвои нов кривичен закон, според кој сексот надвор од бракот е прогласен за кривично дело со...

Свет15 часа

Најмногу заболени од грип во САД во последните 10 години, починале 14 млади лица

САД забележаа најголем број хоспитализации на заболени од грип во последните 10 години, соопшти денеска директорката на Центарот за контрола...

Свет1 ден

Нападнати руски аеродроми, има повредени и загинати

Киевскиот режим изврши напад врз руските воени аеродроми во регионите Саратов и Рјазан, воздухопловните сили ги пресретнаа овие беспилотни летала,...

Економија1 ден

Ќе им се исклучува струјата на сите неплаќачи, на списокот болници, затвори, факултети

ЕВН објави дека веќе се испраќаат известувања, а и ќе ги исклучуваат од струја сите институции неплаќачи. На списокот се...

Македонија1 ден

Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта

Денеска (5.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до...

Економија1 ден

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...