Македонија
Груевски за уставните измени: Оваа ноќ е последна шанса за премислување на пратениците
За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно… барем јас знам, напиша експремиерот Никола Груевски на „Фејсбук“.
Во продолжение интегрално го пренесуваме статусот на Груевски:
Течат последните часови до промената на Уставот поради преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата…
Кога овие измени ќе поминат во македонскиот парламент, Грција сигурно нема да ја пропушти оваа историска шанса да постигне договор, кој за нив е целосен триумф, а за нас содржината на тој договор е национална катастрофа. Договор за каков пред две години не сонуваа.
Како што кажав во мојот статус во јуни, со овој договор станаа јасни сите некому претходно нејасни работи.
Секому стана јасно дека без национално предаство во минатото договор со Грција не бил можен и дека сè што се случува во последните 4 години беше во функција на овој и баш ваков договор. Од креираните матерјали, вештачкото креирање негативна слика за ВМРО-ДПМНЕ со невидена досега пропаганда.
Преку спречувањето да формира влада по изборите во 2016, незаконското назначување претседател на парламентот, преку судските прогони кон стотици политичари и нивни соработници, притворања, апсења, ненадејни ослободувања од притвори, закони за амнестии, прогонот кон мене лично со фабрикувани обвиненија и редица други работи со кои на крајот ги скршија законите, основните принци на однесување и работење и темелните морални вредности во Македонија, со што како нусефект се создаде атмосфера иселувањето од Македонија да стане петпати поголемо од претходно.
Се направи сè, за најправо да се изгласа штетниот договор со Бугарија, па неуставната двојазичност и, конечно, главната работа поради која беше осмислена целата операција: промената на името со марионетска влада и пратеници.
За жал, големите политички прашања не секогаш може да решат со правни инструменти. Според силата на поредокот, пред векови е констатирано дека прва е војната, втора е политиката, па на трето место е правото. Гледаме на дело со стотици примери во последните речиси две години како политиката го суспендира правото. Или уште повалканото, како правото се стави во функција на политиката.
Но, тоа не е веќе демократија.
Јас бев и сум голем подржувач Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Нашето место е таму и во сојуз со Америка. И бев за концепт за разумен компромис за таа цел. Тој концепт со овој договор е мртов.
Мнозинството од народот не се согласува со овој договор, што се виде и од исходот на референдумот. Но, марионетската власт е решена да оди против неговата волја, по секоја цена, и да го стави секого во затвор, протера или ликвидира што ќе ѝ се попречи на патот. Народот излегува и протестира, но сега веќе одлуката е во рацете на пратениците. На оние 79,80 или 81 пратеник.
За пратениците на мнозинството, ова не е ноќ за спиење. Оваа ноќ е последна шанса за размислување и премислување со ставањето на националниот пред партискиот и/или личниот интерес. Знам дека не ви е лесно… барем јас знам.
Ова се историски одлуки. Да, можен е подобар и пофер договор. Треба само верба, храброст, отфрлање на уцените, волја и време за постигнување на двете: разумен компромис /фер договор и НАТО и ЕУ.
Не заборавајте дека ставате црн печат на една 140-годишна крвава битка за македонското национално прашање. Таа пролеана крв заслужува македонското прашање да се затвори, но во полза на Македонците. Или поинаку кажано, да се затвори, но не на штета на Македонците.
Тоа е во ваши раце. Од вас зависи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковски: Разликата е над 150 илјади, обработени се 75 отсто од гласовите
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека разликата е над 150 илјади во корист на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, по обработени над 75 отсто од гласовите.
Тој најави дека во 22 часот ќе има обраќање Силјановска Давкова, а во 22 и 30 ќе се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Македонија
Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг
Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Со оглед на поразот, рече дека не е задоволен од изборниот резултат.
„Јас ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признам поразот на овие претседателски избори, а воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг. Дали резултатите се задоволувачки-според мене нормално дека не се задоволувачки. Далеку се од очекувањата. Како и да е битно беше дека граѓаните на Република Македонија имаа избор. Избираа меѓу седум свои кандидати. Дали биле во право за тоа што го избрале, ќе видиме после пет години. Се надевам дека сите ќе бидеме живи и здрави и после пет години ќе констатираме дали изборот бил добар или не“, рече Јакимовски.
За да признае пораз тој не дочека Државната изборна комисија да ги преброи гласовите од сите избирачки места. Се прогласи за поразен со 60 отсто обработени гласови и освоени 4997 гласа.
Според досега обработените гласови во водство е Гордана Сиљановска-Давкова со 197741 глас, повеќе од двојн помалку гласови има актуелниот претседател Стево Пендаровски за кого гласале 97592 граѓани, зад него е Бујар Османи со 81.748 гласови, Арбен Таравари со 9591 гласа, Максим Димитриевски со т42296 гласа и Билјана Ванковска-Цветковска со освоени 23..472 гласа
Македонија
Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција
Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените се почнати. На првата прес-конференција по затворањето на избирачките места тој рече дека очекува победа на 8 мај.
„Земјотресот по се изгледа дека денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите, а се надевам дека на 8 мај ВЛЕН ќе победи и ќе дојде долго очекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“, рече Таравари.
Тој јавно се заблагодари на граѓаните за масовниот одѕив и изрази надеж дека набљудувачите нема да дозволат злоупотреби на гласовите.
„Сега веќе се знае дека на овие избори имаше многу помасовно излегување на гласање отколку претходните избори што зборува дека промените ни се приближуваат и ни доаѓаат. Ние како ВЛЕН сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега веќе промените се внатре во кутиите кои веќе се отвораат. Се надевам дека нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и ќе се гарантира секој глас кој што е даден на демократски начин дека ќе излезе на површина“, рече Таравари.