Контакт

Македонија

Груевски на мобилен во брз чекор кон судот ги одмина новинарите

Објавено пред

Обвинетиот експремиер Никола Груевски со 15 минути задоцнување пристигна во кривичниот суд на судењето за предметот „Титаник“ на СЈО. Тој брзаше кон судската зграда и разговараше на мобилниот телефон и не им одговори на прашањата на новинарите што го чекаа на главниот влез.

На денешното рочиште во судницата треба да се репродуцираат дел од преостанатите 400 необјавени бомби, кои се дел од доказната постапка.

Во случајот за изборни измами и злосторничко здружување „Титаник“ обвинети се експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер. Освен нив, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се обвинети од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во неколку изборни циклуси.

Македонија

„Зелена лупа“: Ќе бараме азил во Унгарија за сите жртви од времето на Груевски

Објавено пред

Граѓанското здружение „Зелена лупа“, во чија дејност е заложбата за владеењето на правото, ги повика сите кои биле обесправени за време на владеењето на претходната влада да ги посетат канцелариите на здружението за да им помогне околу докумантацијата и информациите како да побараат азил од Унгарија.

„Почитувани жртви на правосудниот систем од времето на ‘жртвата’ Никола Груевски. Здружението ‘Зелена Лупа’ ве повикува сите вас: што бевте апсени со специјалци на брутален начин; што ви беше нарушена презумпцијата на невиност; што ви носеа монтирани сведоци; што ви местеа вештачења; што лежевте во притвор без основа; што не добивте фер судски процеси; што ве осудија без докази а по нарачка; што имате затворски казни за долежување, што лежите во затвор во моментов а имате право на излез или викенд; што трпите последици од судски неправди; сите вие што чувствувате потреба од правда која ви била украдена и одземена во времето на Грујо.

Ве повикуваме да се јавите на бројот 02 60 90 124 или да ги посетите канцелариите за Здружението „Зелена лупа“. „Зелена лупа“ ќе ви помогне околу документација и информации како да побарате азил од демократската Унгарија.

Сите ќе бараме ист третман за постапка за азил како и Никола Груевски!
Демократската Унгарија ќе постапи на ист начин со сите нас како и со Никола Груевски!“, се вели во соопштението на „Зелена лупа“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Груевски потврди дека е лажго и кукавица

Објавено пред

Осудениот криминалец Никола Груевски потврди дека е лажго и кукавица, но нема да избега од правдата, казната ќе си ја отслужи во Македонија, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по информацијата дека Унгарија се изнела позитивно по барањето азил на Груевски, што самиот експремиер го потврди на „Фејсбук“.

„Никола Груевски е лицето, името и презимето на целокупното криминално зло што 11 години ја уништуваше Република Македонија. Македонија и многу нејзини генерации, пред сè млади, прескапо ја чинеше криминалното владеење на режимот на Никола Груевски, којшто од земјава направи заробена држава а граѓаните ги осиромаши, ги остави без пари и без иднина“, вели СДСМ преку соопштение.

Владејачката партија додава дека криминалот и злоупотребите на институциите и судовите, јавноста ги дознала преку објавувањето на бомбите.

„Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди дека не е ништо друго освен кукавица и лажен патриот кој се обидува на секој можен начин да избега од правдата. Кукавичкото бегство и барањето азил нема да го спасат Никола Груевски од одговорност за неговите незаконски постапувања“, смета СДСМ.

Согласно со меѓународното право, додаваат социјалдемократите, криминалецот бегалец Груевски ќе биде вратен за да ја отслужи правосилно изречената казна затвор, но и да одговара за останатите сторени дела што ќе се докажат на суд.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Покачувањето на платите во администрацијата е дел од реформите

Објавено пред

Во Владата се одржа четвртата седница на Советот за реформа во јавната администрација со која претседаваше премиерот Зоран Заев.

Во рамки на седницата, тој зборуваше за процесот за реформа на јавната администрација, истакнувајќи дека и предвиденото покачување на платите на вработените во јавната администрација е дел од тие реформи.

„Потребен е јасен фокус за тоа во кој правец се движи реформата, што е целта, односно што ќе се случува во јавната администрација во наредниот период, а од особена важност е граѓаните да бидат запознаени со сите детали од овој процес. Реформите во администрацијата мора да се спроведуваат на храбар и достоинствен начин, со цел да имаме продуктивна и поефикасна јавна администрација за сите граѓани“, истакна премиерот Заев.

Во рамки на Советот, директорот на Националниот демократски институт, Крис Хеншоу, и претставници на Институтот ја презентираа публикацијата „Предизвици и препораки за подобрување на законодавниот процес“. Во презентацијата беа опфатени препораките во делот на јакнење на капацитетите за пишување  закони во институциите, подобрување на координацијата помеѓу Владата и Собранието, потребата од усогласување на законите со европската легислатива, како и намалување на бројот на законски измени.

Публикацијата ќе биде претставена и на владина седница, каде по усвојување, ќе следува и имплементација на насоките адресирани во документот.

На седницата на Советот се обрати и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој го претстави првиот полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација.

„Процесот на реформа е отворен процес, а со тоа за потребите на следењето, оценувањето и известувањето за Стратегијата се овозможува учество и на надворешни засегнати страни. На денешниот совет претходеше јавна дискусија со претставници од граѓанскиот сектор и сите засегнати страни. Извештајот покажува дека 27 активности се целосно спроведени, на 36 активности спроведувањето е во тек, а за останатите 9 активности се доцни со имплементација“, информираше министерот Манчевски.

Како што најави министерот Манчевски, во наредниот период ќе се зголеми динамиката на спроведување на активностите, а годишниот извештај ќе содржи конкретни резултати.

На седницата на Советот беше усвоен полугодишниот извештај, а беше донесен заклучок истиот да се презентира и на седница на Влада.

Премиерот Заев заклучи дека институциите треба да го следат акцискиот план на Стратегијата за реформи во јавната администрација и навремено да ги спроведуваат активностите. Институциите треба редовно да ги ажурираат своите стратешки документи со цел да ги одразуваат преземените обврски за реформи во јавната администрација од Акцискиот план. Дополнително, членовите на Советот за реформа на јавната администрација треба да бидат во комуникација и координација со претставниците од нивната институција во Секретаријатот за реформи во јавна администрација, каде на техничко/експертско ниво се разговара за статусот на имплементација на активностите од Акцискиот план.

Во насока на зголемување на транспарентноста во работата на Владата, по доставени барања до институциите од страна на граѓанскиот сектор, за пристап до информации од јавен карактер, институциите треба да одговараат проактивно и да доставуваат целосни одговори.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized2 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија2 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски4 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија4 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски4 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија7 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет7 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија8 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“8 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски9 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски9 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа10 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија10 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија10 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија22 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет23 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија1 ден

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија1 ден

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион1 ден

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Досие