Контакт

Бегството на Груевски

Груевски нема утре да се појави во судот, судските курири ќе го бараат дома

Објавено пред

Наместо утре, експремиерот, Никола Груевски ќе треба во среда да се појави во Кривичниот суд, на рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Според распоредот судењето за „Титаник“ требаше да продолжи утре, но на претходното рочиште било договорено расправата да продолжи на 14 ноември, a датумот не бил ажуриран. Тоа значи дека доколку судските курири не го пронајдат Груевски дома, утре нема да му биде врачено решението за затворската казна.

Ако и утре не му биде доставено решението на Груевски, односно доколку судот оцени дека тој намерно ги избегнува доставувачите, веќе во вторник може да биде наложено Груевски присилно да биде спроведен во затворот во Шуто Оризари.

Во петокот, судските курири во неколку обиди не успеаја да го пронајдат Груевски на адресата на која е пријавено неговото живеалиште. Експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, што се однесува на набавката на мерцедесот.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Катица Јанева од гаражата на СЈО однесена во нејзиниот дом во Козле

По еден и пол час минат во просториите на СЈО, откако претходно беше приведена во нејзиниот дом во Козле, специјалната...

Македонија2 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија3 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Македонија3 часа

Полицијата ја изнесе Катица Јанева од дома

Полицијата ја изнесе специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во Козлe и ја спроведоа до СЈО да извршат претрес...

Топ6 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион7 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет7 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија7 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион8 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија8 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech19 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Досие