Контакт

Македонија

(Видео) Груевски: Ќе ме апсат пред референдумот

Објавено пред

Огромната пропаганда на власта против мене и моите соработници се сведува на предмет со кој сакаат да ме затворат во предвечерието на референдумот во предмет во кој сум влијаел да се набави службено блиндирано возило за МВР во кое сум сакал да се возам. Да не беше трагично ќе беше смешно, рече Никола Груевски на прес-конференција во Собранието.

Тој рече дека имал сериозни сознанија околу случувањата во Апелациониот суд, а во врска со предметот „Тенк“. „Имам сигурни сознанија дека на 30 август, откако се одложи седницата поради мое присуство и присуство на адвокатите на друго судење, в.д. претседателката на Апелациониот суд, Лидија Димчевска, очигледно откако врз неа било направено политичко влијание, ги повикала сите судии од судскиот совет во ‘Тенк’со директно барање седницата наредниот ден по секоја цена да биде одржана и да донесат осудителна одлука и да ме прогласат за виновен со цел да бидам затворен што е можно побрзо“, рече Груевски.

Тој вели дека има сознанија дека имало предлог казната да се намали под една година за да нема право на жалба и дека планот бил утредента, на 31 август, да почне и заврши седницата, а веќе следниот петок да се објави пресудата.

„Било укажано дека за истото судијката има добиено инструкции од многу повисока инстанца и барала од секој судија поединечно да ѝ потврди дека ќе гласа согласно со сугестијата, а ако не може да прифати да се повлече и да отстапи на друг кој ќе гласа според политичкото влијание“, рече Груевски и додаде дека ова е дно на сите дна во кое е доведено македонското судство.

Тој продолжи дека повеќето од судиите првично се спротивставиле укажувајќи дека првостепената одлука е незаконска и дека има огромни пропусти, но, сепак, повеќето подлегнале на притисокот освен една личност која била заменета. Таа замена, додаде Груевски, согласно сознанијата не била извршена според АКМИС-системот.

„Стравувајќи за својата позиција во моментот, иако потврдиле дека ќе го поддржат барањето, судиите очигледно барале начин информацијата да излезе од тесниот круг. Напоменувам дека не се работи за судии кои не ја познаваат својата работа, напротив се работи за искусни судии, но под огромен политички притисок“, рече Груевски.

Тој потсети дека во петокот му бил закажан термин на седница кога сите негови адвокати присуствувале на друго рочиште за настаните од 27 април, каде судијка е Добрила Кацарска.

„Намерата беше да останам сам, да може полесно да се протурка седницата. Уште поинтересно е дека за продолжението за седницата за утре пола мои адвокати се повикани на друго рочиште каде судијка е Кацарска“, рече Груевски.

Тој истакна дека одлучил утре ниту тој ниту адвокатите да не се појават на јавната седница во Апелациониот суд. „Ете им можност на судиите и без мене да донесат пресуда каква што прифатиле како обврска да ја донесат. Мене не ме суди судот туку политиката“, рече Груевски.

Македонија

Спасовски: Сајбер заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества

Објавено пред

Од

,,Нема сомнеж дека во последните неколку години, сајбер заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества, што е основна причина истите да се третираат како интегрален дел од националната и меѓународната безбедност“, истакна меѓу другото министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во своето обраќање на меѓународната министерска Конференција посветена на темата – ,,Високотехнолошки криминал и информатичка безбедност“ што денес и утре се одржува во Белград а во организација на спрското министерство за внатрешни работи.

Презентирајќи ги активностите што македонската полиција, но и другите надлежни институции ги преземале и преземаат во оваа област, министерот Спасовски посебно ги посочи нормативните промени целосно хармонизирани и во соработка со ЕУ, како и Националната страгија за сајбер безбедност 2018 – 2022 година, која што служи како патоказ за развој на сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на сајбер безбедноста.

,,Нашето министерство се фокусира на развивање на капацитетите за обезбедување на електронски докази и информации во електронска форма со цел поддршка на сите истраги кои што се водат во рамки на инстиуцијата“, нагласи Спасовски, притоа посочувајќи го Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР како клучен во превенцијата и борбата против овие обици на криминал.

,,Независно од низата меѓународни признанија за покажаната ефикасност и професионалност во водењето на истраги како на национално, така и на меѓународно нив, наша цел е континуирано унапредување на капацитетите на овој Сектор во насока на истражување на компјутерскиот криминал, дигиталната форензика“, потенцираше Спасовски.

Република Македонија и МВР продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт заедно со нашите соседи и партнерските држави и посебно со ЕУ и нејзините институции, како наш стратешки партнер. ,,Со цел постигнување на добри резултати во иднина, сметам дека е неопходно продолжување на соработката во сите наведени сегменти при што посебно ја нагласувам важноста на редовна размена на информации на национално и меѓународно ниво“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Средба Шекеринска – Фон дер Лајен: Македонија и Германија ги делат истите вредности, да продолжиме да ја градиме Европа заедно

Објавено пред

Од

Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во официјална посета на Република Македонија, прва посета на сојузен министер за одбрана на Македонија по 11 години. По средбите во министерството, министерката Радмила Шекеринска рече дека честите посети на највисокото германско раководство, канцеларката Меркел, министерот за надворешни работи Мас и министерката Фон дер Лајен, покажуваат дека Германија е искрен, постојан и вистински пријател на Македонија.

Шекеринска истакна дека македонско-германското пријателство е долгогодишно и дека македонските граѓани сè уште го паметат признавањето на независна, самостојна суверена Македонија од страна на тогашниот германски канцелар Хелмут Кол, време на исклучително германско лидерство во период кога Балканот ги живееше своите најмрачни денови.

„Тоа германско лидерство го препознаваме и денеска, кога добиваме сериозна, искрена и отворена поддршка токму кога македонските граѓани одлучуваат за својата земја, својата иднина. Тоа лидерство го видовме и на претходниот самит на НАТО во вашата силна поддршка на самитот Македонија да ја добие долгогочекуваната покана за членство во Алијансата“, рече Шекеринска.

Сите граѓани покажаа дека сакаат промени, сакаат да живеат во ослободено, демократско општество во кое владее правото и законите, во кое слободно ќе се изразуваат, а медиумите ќе бидат гласен коректив на политиката. Истакна дека тоа беше императив и за Владата – беа направени значајни реформи, Македонија покажа дека може да биде партнер и соработник, а не непријател со соседите.

„Сите реформи беа ветар во грбот за нашата стратешка цел – членство во НАТО и ЕУ. За нас Македонија во НАТО и во Европската Унија значи стабилност, безбедност, економски просперитет, проток на лица, отворени граници, блиска соработка со нашите соседи, со Европа. Стабилна и безбедна Македонија значи стабилен и безбеден Балкан, а вашата значајна поддршка на овој пат покажува дека тоа е важно и за Германија и за Европската Унија“, истакна министерката и додаде дека 30 септември е моментот на позитивен пресврт.

„Сега, сите заедно, здружено, обединети треба да потврдиме дека Македонија ќе биде дел од двата најмоќни сојузи на денешницата и дека ќе биде подобро, поубаво, посигурно место за живеење. Вашата поддршка на овој пат постојано ни значи“, заклучи Шекеринска.

Министерката Фон дер Лајен ја изрази поддршката од целата сојузна влада за продолжувањето и развојот на европската перспектива на Македонија и додаде дека Европа и светот се пред големи предизвици, за кои вистинското решение е соработката во евро-атлантската заедница. Фон дер Лајен истакна дека претстојниот референдум е една голема шанса и изрази уверување дека граѓаните ќе земат активно учество.

„Од нашето искуство со германското соединување, можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се искористат. Сакам да кажам дека зборувам за соединета, обединета Европа и дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас“, рече германската министерка и додаде дека Македонија и Германија ги делат истите вредности – демократијата, владеењето на правото, достоинството на секој еден поединец, правото на слободно изразување.

Шекеринска и Фон дер Лајен се согласија дека билатералните одбранбени односи се на највисоко ниво, и во однос на обуката и доквалификацијата на припадниците на АРМ во Германија, заедничките вежби и обуки и поддршката на материјален план, но и во рамките на меѓународните мисии на алијансата каде македонските војници стојат рамо до рамо со своите германски колеги и колегите од другите 19 сојузници.

Двете министерки денеска во 11:30 часот во хотелот „Мериот“ ќе учествуваат и на панел-дискусија во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“, на тема „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манчевски ја повика администрацијата да пријавува притисоци и закани

Објавено пред

Од

Министерот за информатичко општетство и администрација, Дамјан Манчевски, денеска на прес-конференција ги повика вработените во јавниот сектор да пријават доколку се соочуваат со каков било притисок на работното место, притоа уверувајќи дека пријавувањето е анонимно.

Вработените тоа можат да го направат преку алатката што месецов ја објави Министерството на својата веб-страница.

„Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитетни“, рече Манчевски.

Министерот појасни дека алатката служи со цел вработените во случај на притисок да имаат каде да се обратат и претставува предупредување дека секој обид за злоупотреба на службената положба ќе биде санкциониран. Додаде дека Министерството се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи на понатамошно постапување.

Алатката беше објавена на 13 месецов, а досега не пристигнала ниту една пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија1 час

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија2 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија2 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија2 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет4 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија13 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија15 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија16 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија19 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија19 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток22 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ23 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија23 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 ден

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести1 ден

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија1 ден

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Досие