Контакт

Македонија

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Објавено пред

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот суд во Атина одлучил дека двјацата не треба да бидат испорачани во земјата бидејќи нема услови тука да им се овозможи фер судење.

Главниот аргумент на грчкиот Врховен суд да не ги екстрадира во Македонија била амнестијата што ја направи претседателот Ѓорге Иванов пред две години. Во листата со амнестирани беа 57 лица, а меѓу нив и Грујевски и Бошковски. Тамошниот суд одлучил дека еднаш донесена одлука за амнестија не може да биде повлечена.

Тие, најверојатно, од понеделник ќе излезат од екстрадицискиот притвор во близина на Солун, каде што се сместени веќе осум месеци по апсењето на солунскиот аеродром со лажни пасоши. Двајцата во Грција чекаат и политички азил за кој е закажано и судско рочиште. Ги чека и судски процес за пасоши со лажни идентитети на име Христо Атанасов и Неџми Хасан при обидот да избегаат во Будимпешта од солунскиот аеродром.

Претходно судот во Солун одлучи дека поранешните оперативци на УБК треба да бидат екстрадирани во Македонија. Според грчките закони, последниот збор за екстрадиција на Грујевски и Бошковски ја има грчкиот министер за правда, кој може да пресече дали ќе има екстрадиција или не.

Во земјата Грујевски и Бошкоски се обвинети во случајот „Таргет – Тврдина“ дека преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Покрај нив, обвинети се и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски. Рочиштето за овој предмет е повеќепати одложувано бидејќи се чекаше на одлуката за нивна екстрадиција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николоски: Немаме информации дека Груевски учествувал во обезбедувањето на мнозинството

Објавено пред

Немам сознанија дека почесниот претседател, Никола Груевски, учествувал во обезбедувањето на двотретинското мнозинство и дејствувал во оваа насока, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по состанокот на Централниот комитет, одговарајќи на новинарско прашање дали и експремиерот ќе биде исклучен од партијата.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за разрешување од функцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, поради однесување спротивно на интересите на ВМРО ДПМНЕ и на Македонија. Николовски рече дека Јанчев соработувал со Зоран Заев и организирал група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО ДПМНЕ, со цел да гласаат за уставните измени, при што биле користени најниски методи. Рарешен е и членот на Извршниот комитет, Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите.

Централното раководство на партијата одлучи за ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, да предложи исклучување од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени. ЦК го повикува ОЈО да ги истражи наводите за поткуп на пратеници.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени, најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по состанокот на партискиот Централен комитет.

Тој изрази и очекување оние кои гласаа за уставните измени да си поднесат оставки бидејќи не добиле поддршка од народот да го менуваат името на Македонија.

„Од пратениците кои гласаа очекуваме да си поднесат оставка. Тие кои учествуваа во нивно убедување, уценување, поткупување, па дури и физичка закана дел беа разрешени, а за дел бараме од општинските комитети да ги исклучат од членството“, додаде Николоски.

На денешниот Централен комитет партијата ги разреши од функциите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет, Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите. Партијата поднесе барање за исклучување за ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предложи исклучување од партијата поради учество во обезбедувањето на дво-третинското мнозинство, соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по состанокот.

„Честитам на новата коалиција Заеви-Мијалков“, рече Николоски и додаде дека по длабока анализа, внатрешно разјаснување и прочистување, од денеска ВМРО-ДПМНЕ завршува со минатото и продолжува напред силно и реформирано.

Николоски рече дека на Централниот комитет, претседателот Христијан Мицкоски самиот побарал вонреден конгрес на кој ќе се стави на тест довербата во него, меѓутоа предлогот бил едногласно отфрлен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија5 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија8 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија8 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија9 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија11 час

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија12 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија13 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија14 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток16 часа

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток17 часа

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет17 часа

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет18 часа

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија18 часа

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија21 час

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија1 ден

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион2 дена

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија2 дена

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија2 дена

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Досие