Контакт

Македонија

Да му биде продолжен куќниот притвор на Сашо Мијалков, бара СЈО

Објавено пред

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе предлог до судот да му биде продолжен куќниот притвор на осомничениот Сашо Мијалков за случајот „Империја“, кој му истекува утре, потврдија од институцијата за „Макфакс“. Апелациониот суд Скопје им го продолжи куќниот притвор во траење од 30 дена на осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Aко Мијалков и овој пат добие 30-дневен куќен притвор, неговите адвокати може да поднесат жалба до Врховниот суд по начленото правно мислење дека СЈО е неовластен тужител за истраги и обвиненија по законскиот рок од 30 јуни 2017 година.

Од кривичниот суд известија дека не им е продолжен куќниот притвор на Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска бијдеќи СЈО не поднело предлог за продолжување на мерката куќен притвор. Тодор Мирчевски, освен што му е одземен пасошот, треба еднаш неделно да се јавува во судот. Зорица Арсовска, освен одземениот пасош и јавување во судот еднаш неделно, има забрана за посетување на деловните простории каде што осомничената работи, како и забрана за преземање определени работни активности од дома поврзани со правните лица што се предмет на истрагата.

Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за неколку кривични дела.

Според СЈО, осомничените се товарат за злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластувањето, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во предистражната постапка, со преземање истражни дејства, како и со примена на посебни истражни мерки, СЈО соопшти дека обезбедило доволно докази од кои произлегло основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица што биле или се во нивна сопственост.

Македонија

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4. Починати се две лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 1158, активни 552
• Куманово 526, активни 110
• Дебар 52, активни 1
• Штип 142, активни 104
• Прилеп 217, активни 31
• Тетово 257, активни 100
• Струга 91, активни 19
• Велес 138, активни 28
• Битола 29, активни 3
• Охрид 25, активни 8
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 41, активни 20
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 3
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 3
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1272 теста се преку: ИЈЗ –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена –136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со PCR метода –111 и МАНУ -91.

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Брачна двојка доктори во „Аџибадем Систина“ позитивни на Ковид-19

Објавено пред

Во вторникот (втори јуни) од КБ „Аџибадем Систина“ биле изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, суспектни на вирусот Ковид-19.

„По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори“, информираат од болницата.

Според природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти, додека другиот имал минимален контакт со пациенти.

„Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на истите веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни“, се наведува во соопштението на „Аџибадем Систина“ во кое се додава дека болницата продолжува да работи со полн капацитет и со преземање на сите максимални мерки за заштита на своите вработени и пациенти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема казни за возачите кои полицискиот час ги затече на автопат

Објавено пред

Не се казнети лицата кои вчера патуваа и по почетокот на полицискиот час. Дополнителната заменик -министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, денес извести дека полицијата имала разбирање за патниците.

„Полицијата го следеше метежот на улиците и автопатот и имавме разбирање за граѓаните кои беа затечени во моментот кога почна полицискиот час. Полицијата укажуваше побрзо да се упатат до крајните дестинации на кои се тргнати, односно да го почитуваат полицискиот час. Во некој период од половина час кога беа затечени не беа изречени мерки, само беа писмено предупредени“, извести Петровска.

Бегајќи од карантинот во Скопје, Куманово, Тетово и Штип полицискиот час многумина ги фати на автопат или на патарини. Долги колони возила беа регистрирани на влезот во Охрид и по почетокот на полицискиот час.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија1 час

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија2 часа

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија4 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет4 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ5 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа7 часа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет7 часа

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион19 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион20 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија21 час

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ23 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија23 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија1 ден

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија1 ден

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион1 ден

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија1 ден

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија1 ден

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ1 ден

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија1 ден

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Досие