Македонија
Да му се забрани влез во Македонија на Додик и на други спорни лица од регионот, бара ЛДП

„Со настапот на Свечената академија посветена на празникот Свети Сава, со која се одбележува денот на српската заедница во Македонија како рамноправна со другите заедници наведни во Уставот на државата и на оние помали заедници кои живеат, во Македонија, претседателот на српскиот ентитет на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ги навреди сите граѓани на Македонија со своето дрско непочитување на ставовите и позициите на домаќинот“, велат од ЛДП.
„Македонската држава ја признава независноста и сувереноста на државата Босна и Херцеговина, за тоа нема сомнеж кај ниту еден граѓанин и граѓанка на Македонија. Секој политички дискурс кој го доведува во прашање интегритетот на Босна и Херцеговина е неприфатлив. Собранието на Македонија има консензуално усвоено Резолуција со која се признава геноцидот во Сребреница и тоа е национална позиција на македонската држава. Впрочем, тоа е и позиција на Генералното Собрание на Обединетите Нации.
Како либерали, поддржуваме слобода на говор и секој може да каже сопствено мислење, но кога е некој поканет да говори на настан во кој е вклучена македонската држава мора да ги почитува законите и позициите на нашата држава. Оној кој го злоупотребува гостопримството треба да се соочи со откажување на истото тоа гостопримство. Оној кој е на црната листа на нашите стратешки сојузници како САД, Велика Британија и Европската Унија, најмалку треба да биде гостин во Владата или Собранието на Македонија. Напротив. Не можеме од една страна да ги поддржуваме нашите сојузници од САД, Британија и ЕУ кога поради нашата нефункционалност ставаат наши сограѓани на црни листи, а од друга страна да не ги почитуваме кога истото тоа го прават со поединци од други земји, особено во нашиот регион.
Оттаму, ЛДП бара од Владата да им се придружи на санкциите на САД и на Британија и да му забрани влез во Македонија на Милорад Додик и други спорни лица од регионот“, се наведува во соопштението на ЛДП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.