Македонија
Да се избегнува непотребно трошење вода за полевање и полнење базени

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.
„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје“, велат од „Водовод“.
Од таму апелираат до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„За година ипол ги зголемија казината и обложувалниците, а сега, со закон, Влен и официјално стана кум на коцката“, велат од ДУИ

„И големата лага дека ќе ги затворат казината и обложувалниците излезе на површина. За година ипол ги зголемија казината и обложувалниците, а сега, со закон, ВЛЕН и официјално стана кум на коцката“, велат од ДУИ.
„Измамниците од ВЛЕН со години трубеа дека ќе ги затворат казината и обложувалниците заедно со онлајн коцкањето, за на крај да завршат токму таму каде што ние секогаш укажувавме дека припаѓаат, во прегратките на индустријата на игрите на среќа.
Не можеше да биде поинаку кога главни спонзори на нивната кампања и на нивните партии се токму од индустријата на коцкање.
Членови на ВЛЕН се сопственици на казина и обложувалници и се спонзори на законот што ја штити и ја легализира нивната индустрија.
Ниту едно казино не се затвора, ниту една обложувалница не се затвора, онлајн коцкањето цвета во времето на вазалите од ВЛЕН.
Законот што го предложи Европскиот фронт за целосно затворање на игрите на среќа, ВЛЕН и ВМРО го одбија. Денес усвоија уште послаб закон од оној што го блокираа во претходниот парламентарен состав, во служба на нивните газди од коцкарската индустрија.
Секој нивен збор е лага, секое нивно ветување е измама, секое нивно дело е неуспех! Одговорноста доаѓа наскоро!“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
„Очигледно е дека никој не сака да прифати да биде кандидат на СДС за Скопје“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче јавно призна дека СДС нема кандидат за градоначалник на Скопје. СДС е во сериозна криза, а Филипче се соочува со сериозни проблеми во обидот да најде кандидат за градоначалник на Скопје. Филипче бледо се обидува да прикрие дека се уште нема кандидат за Скопје, па калкулира со имиња како архитектот Ралев и поранешната министерска Каја Шукова“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно е дека никој не сака да прифати да биде кандидат на СДС за Скопје во трка која е однапред изгубена.
Го прашуваме архитектот Ралев дали прифатил да биде губитнички кандидат или се уште чека Филипче да процени дали е доволно добар?
Доколку некој од СДС воопшто прифатил кандидатура за градоначалник на Скопје, колку да учествува во изборите, тоа единствено би можело да бидат некои од кадрите лојални на Заев и Филипче кои немаат таков луксуз да одбијат.
Кој и да биде кандидат за градоначалник од СДС за Скопје знае дека ќе послужи како жртвено јагне за уште еден изборен дебакл на СДС. И СДС и Филипче знаат за неминовниот пораз што ги чека. Поддршката според анкетите за кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е огромна и победата е извесна уште во првиот круг.
Ако нема кој да прифати да биде кандидат за градоначалник за Скопје од СДС ќе мора Венко Филипче лично да се кандидира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Почнавме да го корнеме злото кое го насади ДУИ, ја отвораме најрешителната офанзива против коцкарските картели“, велат од „Влен“

„Со усвојување на Предлог-законот за игрите на среќа од страна на Владата, ја отвораме најрешителната офанзива против коцкарските картели која со години ја претвораше сиромаштијата на Албанците во своја валута. Го наследивме општеството во кое секој агол, од селските улици до центарот на градовите беше обележан со светкави излози на казина и обложувалници. Над 7 000 VLT-апарати безмилосно им ги празнеа џебовите на нашите граѓани, додека претходната власт се колнеше во ‘економски развој’“, велат од „Влен“.
„Го прекинуваме тој порочен круг: со овој закон ќе се отстранат 4 000 апарати, со што коцкарската инфраструктура се намалува за најмалку 70%. Ова е само прв, но огромен чекор кон целосно прочистување на теренот.
Законот предвидува забрана на рекламирањето на коцкањето, нема повеќе агресивни спотови што го мамат младиот ум со блескави ветувања за „брза среќа“.
Казината и обложувалниците исчезнуваат од населбите каде што има млади луѓе. Околу секој образовен објект воспоставуваме заштитен појас од 500 метри за децата да стигнат до училишниот праг без да минат низ коцкарски коридор.
Ја затвораме вратата и за лакомите лиценци: од сега, нема повеќе една дозвола за бескрајни филијали. Даночните обврски и лиценцните такси драстично се зголемуваат, а секој обид за заобиколување на системот ќе завршува со конфискација и кривична одговорност.
Нашата борба не застанува на физичките адреси, ја прошируваме и на интернет. Досега блокиравме повеќе од 200 нелегални онлајн страници што тивко им се инфилтрираа во домовите на граѓаните, претворајќи го приватното секојдневие во казино без ѕидови.
Свесни сме дека коцкарските картели се добро организирани и опасни противници чии пипци не признаваат граници, ни политички, ни етнички, ни верски. Но решителноста на ВЛЕН е посилна. Оваа борба ја водиме за нашите семејства, за нашите деца и за иднината која им ја должиме.
Почнавме да ја уринавме империјата на коцкањето што ја градеше ДУИ врз бедата на народот.
Ова е почетокот на една нова ера во која „Влен“ ќе остане строго на своите позиции сè додека ракот на коцкањето не биде целосно искоренет од нашето општество“, се наведува во соопштението на „Влен“.