Контакт

Македонија

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Објавено пред

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин.

Во образложението, судијката Снежана Марковска кажа дека при одлучувањето судот ги земал во предвид сите олеснувачки и отежнувачки околности. Јованов доби и забрана за управување на возило од Б категорија во времетраење од пет години, а ќе треба и да ги надомести сите трошоци на кривичната постапка.

Во судската сала, беше присутно семејството на загинатата Фросина Кулакова, а нејзиниот татко извика „Судот-мафија“ по изрекувањето на пресудата.

Јованов претходно призна вина за сообраќајната несреќа, која се случи во јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Tој на 29 јануари, без возачка дозвола, управуваjќи возило со брзина од 91 километар на час под дејство на алкохол, на пешачки премин удри во Фросина Кулакова која ја минувала улицата на зелено светло. Кулакова од силината на ударот почина на самото место.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Објавено пред

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, извести Министерството за дигитална трансформација.

Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Македонија во областа на сајбер безбедноста и нејзината посветеност кон градење посилен, професионален и европски систем за сајбер отпорност.

Овој успех е резултат на домашни човечки и инфраструктурни капацитети на Министерството за дигитална трансформација и Секторот за сајбер безбедност, со стручна и техничка поддршка од партнерите од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Членството во FIRST овозможува поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при превенција, откривање и справување со сајбер закани и инциденти.

Со ова, Македонија реализира уште еден важен чекор од Реформската агенда, со рок до 30 јуни 2026 година, и создава услови за отклучување нови средства од Планот за раст, соопштува Министерството за дигитална трансформација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерот Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз

Објавено пред

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, на кој учествуваат повеќе од 400 излагачи на воена опрема.

За време на одржување на меѓународниот саем министерот Мисајловски ќе присуствува и на приемот за министрите за одбрана чиј домаќин е министерката за одбрана на француските вооружени сили, Катерине Ваутрин и ќе оствари средба со Хелен Конвеј-Мурет – потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на францускиот Сенат.

Оваа посета е одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето на одбраната, кои ќе бидат од особено значење имајќи ги предвид следните чекори за модернизација на опремата за македонската Армија, соопштува Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем“, велат од СДСМ.

„Најдобар доказ за тоа е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото.

Откупната цена на млекото е драстично намалена за над 30% и понижувачка за сточарите. Денес литар млеко се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци.

Веќе две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција и кризата ќе се продлабочи. Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко.

Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Значи дека некој профитира на грбот на македонските сточари.

Земјоделците ја хранат Македонија, можат да го хранат и целиот регион ако Владата на Мицкоски се грижеше за нив.

Земјоделците претрпеа силен удар и од растот на цените на горивата, бидејќи Владата не презеде никакви мерки за да ги заштити од зголемените трошоци за производство.

Сега, откако го спаси Трипуновски Мицкоски треба да излезе и да им каже на земјоделцитте зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?

Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери. Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава4 минути

(Фото) Најжешките облини на познатите сестри го потресоа интернетот: Позираа прегрнати на луксузна јахта

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан за прв пат јавно го поддржа Луис Хамилтон, а тој исто така истакна дека тоа многу...

Забава6 минути

Ѕвездата на „Марвел“ го очекува своето прво дете

Американската актерка Елизабет Олсен го очекува своето прво дете со својот сопруг Роби Арнет, според американските медиуми. Ѕвездата од филмскиот...

Европа9 минути

(Видео) Франција ја критикува Русија: „Како да сте ја бомбардирале катедралата Нотр Дам“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека рускиот напад врз Киевско-Печерската лавра е споредлив со бомбардирањето на париската...

Европа15 минути

Синот на норвешката принцеза прогласен за виновен за силување

Мариус Борг Хоиби, 29-годишниот син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, денес беше осуден на четири години затвор откако беше прогласен за...

Забава18 минути

Дали нè штитат или нè ставаат во опасност: Ова е вистината за кремите за сончање и ракот на кожата

Најважната придобивка од користењето креми за сончање е заштитата од УВ зраци кои предизвикуваат рак на кожата. Ракот на кожата...

Свет21 минута

Израелскиот министер за одбрана: Остануваме во Либан, Сирија и Газа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема да се повлече од јужен Либан, по објавувањето на прекинот...

Забава25 минути

Четири неочекувани знаци на депресија што многумина не ги препознаваат

Депресијата не е секогаш поврзана со тага и плачење и често се манифестира преку рамнодушност, неодлучност и губење на чувството...

Спорт32 минути

Гвардиол го одбил Реал, ќе остане на „Етихад“

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити. Гвардиол беше...

Европа32 минути

Велика Британија ги забранува социјалните медиуми за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни...