Контакт

Македонија

Дезинфицирани училиштата во Центар за безбеден почеток на учебната година

Објавено пред

Општина Центар, со цел да овозможи безбеден почеток на учебната година за најмалите ученици, изврши дезинфекција на сите осум општински основни училишта на својата територија. Пред почетокот на учебната 2020/2021 година Општина Центар ги презема сите превентивни мерки за безбеден почеток и отворање на училиштата за учениците што ќе посетуваат настава со физичко присуство од прво до трето одделение, се наведува во соопштението.

Со цел зголемување на безбедноста и почитување на превентивните мерки, овластена компанија изврши темелна дезинфекција во внатрешноста и на надворешните делови на училиштата. Со дезинфекција се опфатени сите влезови и излези во училиштето, подовите, ходниците, скалите, тоалетите, просториите за вработените, помошните простории, како и сите работни површини каде што учениците ќе имаат контакт при следење на наставата за време на училишниот престој.

Досега целосно се дезинфицирани основните училишта: „Димитар Миладинов“, „11 Октомври“, „Св. Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“, „Ј. Х. Песталоци“ и „Коле Неделковски“, а во текот на денешниот ден ќе завршат дезинфекцискиите активности во училиштата „Киро Глигоров“ и „Гоце Делчев“ и ќе се овозможи безбеден почеток на учебната година на 1 октомври.

„Општина Центар е целосно подготвена за почетокот на новата учебна година. Преземени се сите безбедносни и хигиенски мерки, во училиштата се обезбедени потребните дезинфекциски средства и бесконтактни топломери, училниците се адаптирани за почитување на потребното растојание, поставени се локатори и скалести обележувачи за движење на учениците и табли со инструкции. Наставниот кадар, стручните и административните служби се подготвени да ги применуваат пропишаните протоколи за безбедно одвивање на наставата со физичко присуство до трето одделение за учебната 2020/2021 година.

Исто така, училиштата се технички подготвени за реализација на онлајн-настава за повисоките одделенија, а наставниците се соодветно обучени за примена и спроведување на наставата на Националната платформа за образование. Апелираме до сите граѓани, родители и ученици доследно да ги почитуваат мерките предвидени од надлежните институции и да бидат одговорни за колективното јавно здравје, со цел зголемена заштита од коронавирусот“, соопшти Општина Центар.

Македонија

(Видео) СДСМ: УНЕСКО ги препозна конкретните мерки што ги преземаме за заштита на Охридскиот регион

Објавено пред

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со консензус донесе одлука природното и културното наследство на нашиот Охридски регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, а со тоа се препознаени заложбите и конкретните мерки кои ги преземаат парламентарното мнозинство, Владата и локалната самоуправа, рече на денешната прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

„Ова е признание за преземените конкретни мерки, за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот регион, но и силно и гласно предупредување дека сите мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство. Ова не значи дека работата е завршена, пред нас се бројни предизвици но со максимална ангажираност и посветеност заеднички ќе ги надминеме“, нагласи Лазаревска.

Таа го повтори ставот на Владата дека во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе биде засилена соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел целосна имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дуџак: Со децении Охрид е оптоварен со несоодветно и често нелегално градење

Објавено пред

Веста дека Охрид не е ставен на Листата на загрозени светски наследства е добредојдена, вели постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Според неа ваквата вест носи три важни пораки: прво, одлуката на Комитетот за светско наследство да не го стави Охрид на листата не ја намалува итноста да се делува и покрај дополнителните две години што се дадени за да се избегне таа судбина.

„Со децении, Охрид е оптоварен со несоодветно и често нелегално градење, со слаб менаџмент на рибниот фонд и недостаток на заштитни механизми за животот под вода. Долго време гледавме апатија кон природните и културните богатства. Проблемите со кои се соочува Охрид сега бараат сеопфатен пристап не само во надминувањето на акумулираната штета, туку и за сето понатамошно планирање и менаџирање на областа. Времето да се делува е сега“, вели таа.

Втората порака е дека двегодишното одложување е неверојатна можност за значително зголемени напори кон корективни мерки и подобро менаџирање со местото.

Сега, вели Дуџак, сите напори мора да се удвојат за да се вратат вредностите за кои Охрид е поставен на листата на меѓународни природни и културни богатства.

„За тоа е потребно координирано делување и блиска соработка меѓу сите засегнати страни, вклучително и локалната и централната власт, граѓанскиот сектор, граѓаните на Охрид и Струга, туристите и меѓународната заедница. Во таа смисла, ги поздравуваме неодамнешните напори на Владата и на општините Охрид и Струга. Ги поздравуваме и посветените напори на граѓанските организации на оваа тема. Подготвени сме да ја обезбедиме поддршката потребна за Охрид да не заврши на Листата на загрозени светски наследства“, вели таа.

Конечно, додава Дуџак, одлуката покажува дека мора заедно да го заштитиме природното и културното богаствто на Охрид.

„Мора да делуваме заедно зашто Охрид ни припаѓа на сите нас, на луѓето што живеат на неговото крајбрежје, преку институциите и оштините што го менаџираат неверојатното културно и природно богатство, до сите нас, до граѓаните на Северна Македонија и до граѓаните на светот. Охрид е богатство за целиот свет и наша заедничка обврска е да го заштитиме и зачуваме, за нас и за сите идни генерации“, вели постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Прикажи повеќе...

Македонија

Куќен притвор за организаторите на 27 април, судот смета дека може да избегаат

Објавено пред

Судијата Илија Трпков смета дека околностите укажуваат оти обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски можат да се дадат во бегство. Судечкиот совет одреди куќен притвор, наместо ефективен за Вељаноски, Ристовски и Атанасовски. За Јанакиески беше кажано дека мерката куќен притвор е доволна за обезбедување на присуство.

„Судот донесе решение предлогот на Обвинителството за укинувањето на мерката куќен притвор за Миле Јанакиески и определување притвор да се одбие. Според советот, ваквата мерка е доволна за обезбедување на обвинетиот до правосилност на постапката или поинаква одлука на судот. Судот донесе решение по однос на предлогот за мерка притвор за останатите обвинети, тој делумно да се уважи. Спрема обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски се определува мерка куќен притвор до правосилност на пресудата. Забрана имаат за напуштање на местото каде ќе се издржува мерката куќен притвор. Има забрана за употреба на уреди за комуникација со лица. Ако не ги почитуваат мерките, ќе се определи притвор“, рече Илија Трпков.

Претходно, обвинителката Гордана Смаќоска побара притвор. Таа смета дека тие имаат контакти бидејќи некогаш биле високи функционери, а со тоа можат да се дадат во бегство. Притворот е побаран бидејќи се осудени како организатори на 27 април.

„Предлагам на Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и Владимир Атанасовски да им се определи притвор до правосилност на пресудата. Денеска тие се огласени за виновни за многу тешко кривично дело. Тие имаат многу познанства во странство, кои ако се бранат од слобода тие ќе се дадат во бегство, односно кријат за да ја избегнат кривичната одговорност и издржување на ефективната казна затвор. Со оглед дека Миле Јанакиески е во куќен притвор по друг предмет, предлагам судот да ја укине таа мерка и да определи притвор по истите основи како останатите обвинети“, рече обвинителката Смаќоска.

На ова се спротивставија адвокатите на обвинетите кои добија затворски казни за случајот „Организатори на 27 април“. Адвокатот Еленко Миланов кажа дека сите обвинети до сега го почитувале судот, доаѓале на судења, а за обвинетиот Миле Јанакиески кажа дека веќе е во куќен притвор и нема ниту едно негово прекршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија20 минути

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 час

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 час

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија2 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа3 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија3 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет5 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија5 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија6 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија22 часа

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион24 часа

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Свет2 дена

(Видео) Илјадници луѓе излегоа на протест во Австралија поради карантинот

Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради...

Досие